topimage
HomePage Header Header
Image_t3
Left BG
Divider
Arrow Bullet

Почеток

Divider
Arrow Bullet

Содржина

Divider
Arrow Bullet

Вовед

Divider
Arrow Bullet

Краток историјат на градот Скопје

Divider
Arrow Bullet Население
Divider
Arrow Bullet
Скопски маала
Divider
Arrow Bullet Регулационен план
Divider
Arrow Bullet Улиците во градот
Divider
Arrow Bullet Градежна активност
Divider
Arrow Bullet Водовод
Divider
Arrow Bullet Јавни бањи и амами
Divider
Arrow Bullet Јавна хигиена
Divider
Arrow Bullet Јавна канализација
Divider
Arrow Bullet
Електрификација
Divider
Arrow Bullet Сообраќај
Divider
Arrow Bullet Пошта
Divider
Arrow Bullet

Скопската чаршија и занетчиство

Divider
Arrow Bullet Трговија и трг. врски
Divider
Arrow Bullet Банкарство
Divider
Arrow Bullet Индустрија
Divider
Arrow Bullet Хотелиерство
Divider
Arrow Bullet
Јавна безбедност
Divider
Arrow Bullet Социјални прилики
Divider
Arrow Bullet Здравство и хигиена
Divider
Arrow Bullet Ветеринарна служба
Divider
Arrow Bullet Паркови и зеленила
Divider
Arrow Bullet Театар
Divider
Arrow Bullet Скопски кина
Divider
Arrow Bullet Корзото и прошетки
Divider
Arrow Bullet
Кафеани
Divider
Arrow Bullet Плажи
Divider
Arrow Bullet Излетнички места
Divider
Arrow Bullet Цркви и црк. живот
Divider
Arrow Bullet Градски гробишта
Divider
Arrow Bullet Просветни прилики
Divider
Arrow Bullet Научни друштва
Divider
Arrow Bullet
Музеи
Divider
Arrow Bullet Културно-уметнички живот
Divider
Arrow Bullet Спортски живот
Divider
Arrow Bullet Односи во семејство
Divider
Arrow Bullet Материјална култура
Divider
Arrow Bullet
Духовна култура
Divider
Arrow Bullet Заклучок
Divider
Arrow Bullet Извори
Divider
Arrow Bullet

Подарени етнолошки предмети од старите скопски фамилии за Музеј на град Скопје

Divider

Заклучок

Според тематските подрачја што се обработени во проектот, може да се заклучи дека градот Скопје и неговите жители во периодот помеѓу двете светски војни (1918-1941год.)  започнале со еден сосема поинаков начин на живот, прифаќајќи многу новини, но сепак задржувајќи ја во определена мерка и својата вековна традиција.

Тоа е период кога новиот начин на управување со присутното непризнавање на македонската национална припадност, македонскиот јазик и култура, непостоењето институции на мајчин јазик, целосната примена на српскиот јазик во администрацијата и во политичкиот живот, туѓ за жителите на Скопје, оставило последици врз населението. Присутен е и фактот на засилено доселување во Скопје на граѓани од други делови на Кралството Југославија што имало негативен одраз врз демографскиот состав на населението. Карактеристично е што бројот на жителите постојано растел со доселувањето на продуктивно христијанско население, но од друга страна забележително е и опаѓањето на непродуктивно муслиманско население (1925 год.) кое во голем број се иселувало во Турција. Така од 51.758 жители во 1919 год., пред почетокот на Втората светска војна во Скопје имало приближно 80.000 жители.

Демографските промени на населението создале и нова слика на градот.  Стариот дел на градот, од левата страна на реката Вардар, не бил во можност да ги прими сите новодојдени жители  поради што се формирани нови населби од десната страна на реката Вардар, околу Идадија, Буњаковец, Дебар маало и др. И додека куќите во стариот дел на градот биле трошни, изградени од слаб или мешовит материјал, во новиот дел на градот никнувале куќи изградени од цврст материјал со модерен комфор.

Во вакви услови во градот започнале да се создаваат соодветни маала со поголема издиференцираност на конфесионална или национална припадност, со што Скопје може да послужи како своевиден пример на град со маала кои имаат пред сé национална (Турско, Влашко, Еврејско, Циганско и сл.) или религиозна етничка карактеристика (Маџир , Карадак, Дебар, Црниче, Кисела Вода, Буњаковец).  Во оваа смисла и во соодветните маала од градот се создавале помали или поголеми економски и политички посилни семејства од новата граѓанска класа во Скопје кои ќе му дадат нов, поинаков, посовремен лик и содржина на градот, кој ќе добие белег и ќе стане  велеград со сите основни карактеристики.

Градот растел и го менувал својот лик. Се менувале или сосема исчезнувале цели маала кои постојат во сеќавањата на скопјани. Силните контрасти меѓу минатото и сегашноста наметнува споредби.  Без нив сликата за Скопје би била нецелосна и помалку јасна.

Уште во 1914 год. бил изработен  Генерален урбанистички план на Скопје од архитектот Димитрие Леко кој внел нова планиметрија, слична на европски град со елементи на плоштади, улици, блокови и сл. во кружно-радијален систем.

Тоа е време на засилена градба на објекти од јавен карактер. Осветлувањето, водоводот како и современите санитарни норми на живеење сами по себе барале кадри за одржување на новите објекти и инсталации кои биле дефицитарни.

Истовремено се пристапило и кон калдрмисување на поважните улици, како на пр. главната улица “Крал Петар” која ги поврзувала Железничката станица со Камениот мост и други улици.

Споменавме дека јадрото на градот во минатото било на левата страна на реката Вардар, односно градот Скопје како населба се формирал околу тврдината Кале, односно по реката Серава. На оваа локација е сместена Чаршијата или како што старите скопјани ја нарекувале Покриена чаршија, подоцна Турска чаршија. Постанокот на Старата чаршија во градот Скопје  не може точно да се утврди, но според пишаните документи и патеписни белешки на познатите патеписци кои минале низ Балканот, а со тоа и низ градот Скопје, нејзиното постоење може да се следи уште од средниот век. Била лоцирана во централниот дел на градот, со посебен урбанистички третман, таа секогаш обезбедувала жива активност  и развој на повеќе занаети. Во екот на својот најголем подем, во Старата чаршија имало 2500 дуќани со околу 90 занаети организирани во еснафи.

Скопските еснафи биле поделени по вероисповед - муслимански (налбатски, сарачки, пушкарски), христијански (папуџиски, кујунџиски, казанџиски) и мешани (бакалски, терзиски, мутафџиски и др.)

Оттаму, Чаршијата претставувала значаен градски локалитет со калдрмисани и тесни улички, анови, караван-сараи, џамии и други придружни објекти. Тука биле нанижани дуќанчиња со дрвени ќепенци, со производи кои стоеле на дофат на купувачите, со особена живост каде што истовремено се работело, јадело, пиело, продавало и купувало. Во периодот меѓу двете светски војни, иако занаетчиите претставувале броен сталеж, сепак тие биле економски слаби поради пропаѓањето на одредени занаети, поради конкуренцијата на фабричкото производство и новиот начин на живот.

Во овој период трговијата била присутна во сите облици - увозна, извозна, локална, посредничка, застапничка, комисионерска и парична. Паралелно со развојот на трговијата, се развивало и банкарството. Отоманската банка била претворена во филијала на Француско-српската банка и претставувала единствена врска на скопската трговија со странство. Во тој период се основани и Скопската трговска банка, Трговско-индустриската банка “Вардар”, Стара Србија, Извозно-прометната банка, Скопската извозна банка, Стопанската банка за Јужна Србија, Државната хипотекарна банка. Со внатрешната и надворешната трговија што ја воделе, трговските врски што ги одржувале, како и културната еволуција во начинот на живеење и материјалните промени во Скопје, трговците биле носители на   промените во начинот на живот.

Во овој период се појавиле и првите фабрики. Меѓу првите била фабриката за брашно на Хаџи Ибрахим-бег, фабриката за сол, фабриката за изработка на обувки, фабриката за кожа во боја, фабриката за тутун, пиварницата и др.  Овие фабрики ги имале сите одлики на мануфактурни работилници, но сепак се значајни бидејќи претставуваат основа за понатамошен развој на индустријата. Бројот на фабриките постојано се зголемувал, така што имало четириесетина индустриски претпријатија, како на пример: мелницата “Косово”, фабриката  за сапун на Таса Стаиќ, “Моравија”, фабрика за цементни производи, фабриката за кекси, макарони и др. теста на Милан Илиќ и др. Сите овие фабрики работеле добро и брзо напредувале.

Тие години во Скоје биле  решавани и бројни проблеми околу просветата, почнувајќи од основните училишта до средни стручни училишта, гимназии, Трговска академија, Медреса, па сé до Филозофскиот факултет како прва високообразовна институција во   Скопје.

На територијата на градот Скопје егзистирале и повеќе конфесионални институции од православна, католичка, мухамеданска и хебрејска религија, како и објекти од овој вид кои се значајни за овој период. Постоеле и повеќе гробишта. Граѓанските гробишта се делеле на христијански, еврејски и муслимански, додека   воените гробишта биле француски и германски. Здравството и хигиената во градот Скопје брзо напредувале. Нивниот напредок е  прикажан во мрежата здравствени установи како и персоналниот состав на здравствените и аптекарски работници. Тоа е време кога во Скопје работеле 11 аптеки, три дрогерии и три санаториуми. Тоа говори дека здравството претставувало значаен сегмент во секојдневниот живот на граѓаните на Скопје.

Парковите и зеленилото во градот имале посебно значење. Во овој труд е даден пресек на сите значајни паркови во градот како што се Идадија, паркот кај хотелот “Балкан”, Чаирскиот парк, скверовите и др. Како и во секој голем град, едно од битните прашања за Скопје била јавната безбедност. Имено, Скопје во тоа време важело за многу безбеден град, а за тоа особена заслуга имале ноќните стражари, полициската жандармерија како и пожарникарската чета како организирана форма на заштита на градот од пожари.

Се наметнувало и прашањето за решавање на комуналните потреби во градот. Во тој период, покрај организираните форми за одржување на хигиената во градот  - Чистачката колона, се пристапило и кон комунално уредување на градот , односно неговите улици, плоштади, паркови, канализација и др.

Со прераснувањето на градот во голем трговски, индустриски и општествено-политички центар, а особено со изградбата на новата  железничка станица, се зголемил бројот на патниците, трговците и други гости  поради што во градот почнале да се отвораат кафеани, ресторани, хотели и други угостителски објекти кои биле покомфорни и помодерно градени од некогашните анови кои ја имале истата функција. Познати хотели од тоа време се: “Балкан”, “Сплендид”, “Бристол”, “Москва” и др. Значајно место во животот на скопјани имал театарот, кината, патувачките театарски групи и др. кои биле многу посетени од жителите на Скопје.

Скопјани организирале и разни културни, уметнички и спортски друштва кои имале белег не само на стручна, туку и на конфесионална, национална и социјална припадност. Населението во Скопје имало навика и традиција за посета на одделни излетнички места во околината на Скопје. Скопјани оделе на излет во два правци: кон север тоа биле манастирите и селата на Скопска Црна Гора и од спротива страна Матка, кањонот на реката Треска, како и излетничките места Кисела Вода, Тасино Чешмиче, Нерези, Катлановска Бања, Водно и др.

Исхраната на населението е претставена преку специфичностите во исхраната на населението во градот, видовите  храна од растително потекло, начинот на приготвување на храната, мелници и воденици, видови на овошје, месо, риба, млеко и млечни производи и нивна примена во исхраната.

Начинот на живот  предизвикувал и промена во внатрешното уредување на куќите во Скопје што се одвивало под влијание на Европа, но со задржани традиционални норми. Истражувањата се вршени најмногу кај истакнати, угледни, богати фамилии. Застапени се и истражувања во врска со мебелот и покуќнината и присутните стилови, начинот на изработка, материјалите од кои се изработувал и сл. Но, направена е и компарација со начинот на живот на сиромашниот дел на населението, т.е. на работничката класа.

Начинот на облекување во овој период е карактеристичен по навлегувањето на европската мода “а ла франга” и потиснувањето на источната мода “а ла турка”. Разработени се процесите на изработка на облеката, скопските складишта на текстил, следењето на машката и женската мода, облекувањето на одделни слоеви на населението и сл.

Теренските истражувања во старите скопски фамилии, особено побогатите и повидни семејства, во рамки што ги дозволуваше проектот, дадоа обемна, разновидна и многу корисна етнолошка граѓа која се обидовме научно да ја обработиме и да го најдеме правото место во проектот.

Секако дека не може да се каже дека сите податоци и проучувања за овој период од развојот на градот се исцрпени, но се надеваме дека овој труд ќе биде солидна основа за понатамошни истражувања.

Според сите наведени податоци изведени од компаративните научни проучувања, може слободно да се констатира дека градот Скопје забележал виден развиток во сите аспекти на животот.