topimage
HomePage Header Header
Image_t3
Left BG
Divider
Arrow Bullet

Содржина

Divider
Arrow Bullet

Вовед

Divider
Arrow Bullet

Краток историјат на градот Скопје

Divider
Arrow Bullet Население
Divider
Arrow Bullet
Скопски маала
Divider
Arrow Bullet Регулационен план
Divider
Arrow Bullet Улиците во градот
Divider
Arrow Bullet Градежна активност
Divider
Arrow Bullet Водовод
Divider
Arrow Bullet Јавни бањи и амами
Divider
Arrow Bullet Јавна хигиена
Divider
Arrow Bullet Јавна канализација
Divider
Arrow Bullet
Електрификација
Divider
Arrow Bullet Сообраќај
Divider
Arrow Bullet Пошта
Divider
Arrow Bullet

Скопската чаршија и занетчиство

Divider
Arrow Bullet Трговија и трг. врски
Divider
Arrow Bullet Банкарство
Divider
Arrow Bullet Индустрија
Divider
Arrow Bullet Хотелиерство
Divider
Arrow Bullet
Јавна безбедност
Divider
Arrow Bullet Социјални прилики
Divider
Arrow Bullet Здравство и хигиена
Divider
Arrow Bullet Ветеринарна служба
Divider
Arrow Bullet Паркови и зеленила
Divider
Arrow Bullet Театар
Divider
Arrow Bullet Скопски кина
Divider
Arrow Bullet Корзото и прошетки
Divider
Arrow Bullet
Кафеани
Divider
Arrow Bullet Плажи
Divider
Arrow Bullet Излетнички места
Divider
Arrow Bullet Цркви и црк. живот
Divider
Arrow Bullet Градски гробишта
Divider
Arrow Bullet Просветни прилики
Divider
Arrow Bullet Научни друштва
Divider
Arrow Bullet
Музеи
Divider
Arrow Bullet Културно-уметнички живот
Divider
Arrow Bullet Спортски живот
Divider
Arrow Bullet Односи во семејство
Divider
Arrow Bullet Материјална култура
Divider
Arrow Bullet
Духовна култура
Divider
Arrow Bullet Заклучок
Divider
Arrow Bullet Извори
Divider
Arrow Bullet

Подарени етнолошки предмети од старите скопски фамилии за Музеј на град Скопје

Divider
Divider
Arrow Bullet Arrow Bullet Arrow Bullet
Divider Divider Divider
Dot Bullet
Покуќнина од дрво
Dot Bullet
Dot Bullet
Dot Bullet
Покуќнина од метал
Dot Bullet
Dot Bullet
Dot Bullet
Dot Bullet
Dot Bullet
Dot Bullet
Текстилна покуќнина
Dot Bullet
Dot Bullet
 
Dot Bullet
Dot Bullet
   
Dot Bullet
Dot Bullet
   
Dot Bullet
Dot Bullet
   
Dot Bullet
Пијалаци    
           

Покривање на главата и чешлање на косата

Во 1932 година европската мода доживеала експанзија во Скопје. Начинот на покривање и украсување на главата   бил  прифатен според новите модни трендови. Шапката, како моден детал со естетска и заштитна улога, била прифатена во најразновидни форми.

Поради барањата на купувачите, во Скопје почнале да се отвораат шапкарски салони. Првите отворени салони за женски шапки биле сопственост на Милка Лазаровиќ и Радосав М. Аќимовиќ, но тие не ја задоволувале потребата на граѓаните. Трговијата со шапки ја  воделе Коце Мијовиќ, Коча Мартиновиќ и Панко Анчевиќ. На крајот на 20-тите години во Скопје почнале да работат и  неколку  работилници за  шапки на Андреј Ербежник, Фердинант Цеп, Коча Мартиновиќ, Браќата Мацура, Коце Мијовиќ, Талви и Мајоровиќ. [1]

 

39.43 Дами со шапки во публика на соколскиот слет на друштвото “Матица”, МГС инв. бр. 4490

 Шапките биле изработувани од најразличен материјал: од индустриски филц, со свилени постави,  украсени со ленти, цветови, брошеви итн. На почетокот на 20 век во Скопје голем дел од населението носел ориентална капа-фес. По ослободувањето од османлиското владеење, фесот сî уште го носеле   дел од муслиманското, но и христијанското население, но многу брзо почнал да се напушта. Најчесто бил носен  тонус - фес изработен од чоја со свилен пискуп. За фесот да стои поцврсто, под материјалот се ставал картон.

Мажите носеле европски модели на костуми со фес, но во периодот меѓу двете светски војни била прифатена шапката. Шапките се носеле секојдневно и во зимскиот и во летниот период. Шапките за летно време биле направени од бела или обоена слама, со широки ободи и со украсни додатоци, најчесто во вид на ленти.  Материјалот за изработка на ваков вид шапки бил набавуван во поголемите европски центри, а моделот го изработувале модистки што се занимавале со изработка на шапки според постоечките модели за таа сезона. Биле купувани и готови шапки од  Солун, Виена и Париз.

 

39.44  Женски шапки на членови од семејството Трпчановски, МГС инв. бр. 4581

 

39.45  Мажи со шапки,  МГС инв. бр. 4819

 

Освен модистките, во Скопје постоеле и шапкари кои изработувале зимски и летни шапки за мажи и жени. Одделни мајстори изработувале и шубари, а нивниот занает се нарекувал шубарски. [2]

Мајсторите-шапкари изработувале и специјални капи за невести. Тие најчесто биле изработувани од картон, а се оптегнувале со бел, розев или друга боја атлаз, се украсувале со ленти, оји, цвеќиња и сл. На невестинската капа чест украс бил брошот. Невестинската капа го заменувала традиционалниот невестински превез со венец кој бил задолжителен за време на венчавка. Вакви капи повеќе носеле муслиманските невести во градот.

Од 1918 година па сî до Втората светска војна во Скопје постоеле неколку мајстори-шапкари. Еден од нив бил познатиот шапкар Панче Крстов. Неговиот разновиден асортиман на шапки се гледа од  неговата реклама во која е наведено: Работилницата за сите видови на капи на Панче Крстиќ - Скопје, ул. 108 бр. 6 ( преку пат на хотелот Шар Планина) секогаш има голем избор на капи: модерни качкети, капи за ученици, морнарски капи, шубари и сл. [3]

Мајсторот  Панче носел цилиндар “бомбе”   секогаш кога излегувал. [4]

Освен носењето на различни видови на капи, зиме се носеле шалови.  Женскиот шал обично бил долг, волнен или свилен, украсен со пулии. Шалот  можел да биде и крзнен, особено кај побогатиот слој на население и се нарекувал “кеп крагна”. Често ваков шал се носел и во свечени пригоди.

 

39.46 Методија Петровски, бербер, со своите пријатели, МГС инв. бр. 3500

 

39.47 Ачим и Цветанка Поповиќ, МГС инв. бр. 4480

 

Мажите како придружен моден детал и како израз  на статусот носеле бастуни. Тие биле изработувани и украсувани од најразличен материјал, од тенко јако дрво, шуплива метална или богато орнаментирана цевка. Бастуните и стаповите  биле со извиткана рачка или  завршувале во вид на тркалезна глава, често изработена од пластика. Бастунот, шапката и ракавиците   претставувале задолжителен дел на машката градска облека. Во летниот период, мажите носеле карирани штофени костуми со сламена капа “жирардо”. Тоа било шапка, прифатена   од париската мода. [5]

 

39.48 Панче Крстев, шапкар, со кожна капа за мотор од сопствено производство, МГС

 

39.49 Фамилија Стефанови во 1924, МГС инв.б. 92

 

39.50 Чучук Петрови во Градскиот парк во 1928 г., МГС

 

Освен носењето на разни видови шапки и чешлањето на косата претставувало моден тренд, но и показател на статусот на поединецот.

Кај мажите, освен чешлањето, како своевиден украс и статус било и носењето на мустаќи и брада.

 

39.51 Машка мода на шапки и обликување на брада и мустаќи, МГС инв. бр. 4723

 

39.52 Спиро Хаџи Ристиќ, градоначалник на Скопје од 1918-1920 г., фотографиран во 1928 г., со уредно негувана брада, МГС инв. бр. 4800

 

Мажите и жените отсекогаш посветувале големо внимание на чешлањето. Чешлањето на косата ја прави жената попривлечна, а кај  мажите тоа нагласува некои црти од карактерот. [6] Чешлањето секогаш зависело од модните трендови. [7]

Чешлањето на косата во првите децении на 20 век било со отворање на челото, со кревање на косата или собирање во пунџа.

 

39.53 Фризура од почетокот на 20 век, МГС инв. бр. 4630

 

Во 20-тите години  во Скопје  навлегла модата на кусо стрижена коса.  Позната женска фризура во 1920 година со куса коса била фризурата “Bubikopf”. Таа се појавила низ цела Европа по Првата светска војна, а била прифатена и на овие простори.

 

39.54 Слоботка Димитрова и Руса Крстева, начин на чешлање  на косата во 1918-19 год., МГС

 

 Друг вид фризура била долга коса до рамена која се чешлала настрана, со отворање на челото, а се прицврстувала со помош на шнола или друг вид држачи за коса.

 

39.55 Олга Цветановска, сопственичка на кафеаната “Идадија” со другарки со модерни фризури во 1931 год, , МГС инв. бр. 1934

 

39.56 Брановидна фризура со шноли во 1933 год., МГС инв. бр. 4844

 

Била модерна и брановидно виткана коса. Косата ја виткале со витлери, со кои се постигнувале покрупни или поситни “бранови”. За посебни фризури биле користени уметоци “шињон” (коса, прамен, плетенка), а косата се подвиткувала валчесто од напред. Косата се виткала и со помош на метални стапчиња. [8] За покривање на косата била  користена и перика. Таа се правела од природна коса, од коњска грива, овча волна, растително или вештачко влакно и слично. Поставата на периката се правела од платно или од тенка кожа. [9] Во 40-тите години на 20 век во Скопје се изработувале обични и “барок” перики од типот “Луј XV” за жени, вештачки бради и мустаќи за мажи итн. Како и во другите европски метрополи, така и во Скопје се правел маникир за жените, но и за мажите, се произведувале козметички и миризливи средства од типот на колонска вода,  шампони, лак за нокти, кинеска вода, ноќни и дневни креми за лице, пудри, кармини, тоалетни сапуни и сапуни за бричење и слично. Козметичарите во своите козметички салони и фризерници правеле масажи на лице и тело, шминкале и др. [10]

Пандора ја шиела својата гардероба. Материјалите ги купувала од нејзиниот вујко  Цветан Николов  кој се занимавал со продавање на материјали на ангро, а ги шиела кај шнајдер Евреин кој имал дуќан кај Камениот мост. Шапки со обод купувала кај познатите шапкарки Ленче и Елена Миоски. Својата долга коса ја виткала со помош на “колмез”, еден вид на маша, штипка која прво се загревала , а потоа со неа се  виткала косата.

Таа употребувала козметички препарати, како на пр. крема за раце и лице со лимон и глицерин, кармини, пудри во прав кои ги купувала   и во обични бакалници.

Накитот што го носела бил златен или бижутерија од мониста.

Пандора како девојка завршила месечен курс за шиење во Singer и дома изработувала бел вез на асе со памучен конец. Овие гарнитури од бел вез најмногу ги изработувала за својот чеиз. [11]

Модерниот начин на чешлање на косата, сепак, се однесувал само на дел од скопјани, додека другите граѓани косата ја носеле според балканските традиции, односно жените носеле долга коса. Косата ја пуштале до плеќи, правеле плетенки од неа или ја врзувале во јазол. Постарите жени и муслиманките косата ја покривале со шамија или капа, а понекогаш и со шал. Шамиите, тулбените, марамите, кавраците, крмиите, шкепињата и другите покривки за глава биле изработени  од памук, свила, волна или комбинирано. Честопати, шамиите биле украсувани со оја од памучен конец, исплетена рачно, од две или повеќе бои, со мемиња, со или без реси и сл.

Постарите жени носеле крпи од нивниот чеиз, направени од тенко или подебело памучно, свилено и прошарано платно во ткаењето. Крпите биле везени со мулине конец, пулии, на краевите се додавале реси од свила или од основата на ткаенината. Жените муслиманки изработувале прекрасни шамии со извонреден вез, во кој преовладувала срмата. Шамиите , чеврињата и облеката тие ги изработувале од призренско тенко свилено платно.

Некаде на почетокот на 20 век шамиите почнале да се шијат со машински вез и тоа само во еден агол кој при покривање на главата се наоѓал одозгора.

Шамиите од домашно платно постепено биле заменувани со индустриско платно. Потемни или црни шамии носеле постари жени, а посветли   помладите жени. Краевите биле во вид на фистони или сосема рамни, со ретки реси.

Кај муслиманите покривањето на главата кај жените и мажите било според верските канони. Така, жената со непокриена глава не можела да влезе во џамија, а порано тоа важело и за православните храмови. Кај Евреите мажите во синагога или за време на вршење молитва дома, задолжително носеле капче, бидејќи не е дозволен директен контакт на верникот со Господ. Во овој случај капата се сметала за посредник помеѓу верникот и Господ.

Надворешниот изглед на мажот бил дополнуван со мустаќи и брада. Мустаќите и брадите имале форма според тогашната мода. Тие биле долги или куси, подвиткани на краевите, пошироки или во вид на тенка линија, но секогаш дотерани.

Брадите во тој период биле клинести, заоблени, го покривале долниот дел на лицето или се наоѓале само во пределот околу устата.

Мажите и жените косата ја стрижеле на бербер или дома. Дома тоа го правел некој од фамилијата. Во Скопје во тоа време постоеле бербери за мажи и женски фризери.

Фамилијата на берберот Стефан Петровски и неговите два сина, Методија и Димче, била една од попознатите во градот. [12] Стефан имал берберница покрај реката Вардар, а неговите синови Методија и Димче биле сопственици на берберскиот дуќан во централното градско подрачје. [13] Во берберниците се стрижеле и  бричеле мажи, а подоцна почнале да доаѓаат и жени.  


 

[1] “Адресар трговачких и.....”,наведено дело, 91.

[2] Калапите  биле составени од две дрвени половини, преку кои бил протнат дрвен или метален шраф со кој се регулирала ширината на шубарата. Добар мајстор за еден ден можел да сошие до пет шубари.  Алла Качева, Традиционална изработка......наведено дело, 151.

 

[3] Владимир А. Рибин, “Пословни адресар...”наведено дело, 89.

[4] Алатките од неговата работилница се сочувани до  денес. Тоа се пет видови калапи од едно, две или повеќе парчиња дрво и калавер - направа во вид на клупа наменета за сартисување (стружење) на кожи, во вид на дрвена штица, со еден или два ножа, ако работат  двајца мајстори на калаверот за стружење и железо за прицврстување на ножот пудариќ. Ножевите се остреле по стругањето на две до три кожи. Овие алатки се сопственост на Музејот на град Скопје. Панче Крстев бил самоук мајстор, бидејќи неговата фамилија немала финансиски можности да го испрати да учи  занает. Тој занаетот го учел со распарувње на стари капи и шубари, моделите ги пренесувал на картон, а потоа ги користел кројките - ендезиња, во вид на шаблон за изработка на нови капи. Калапите за капите ги изработувале  мајстори  калапчии од крушово или брестово дрво. Тие во долниот дел имале дупка за вовлекување дрвена или метална шарка за собирање или раздвижување на калапот според големината на капата. Калапите за шапки биле составени од 10 парчиња меѓусебно споени со дрвени шипки и со лепило. Во средишниот дел имало отвор за прицврстување на калапот при работа. Долниот дел на калапот имал проширен раб. За да не се распаѓаат парчињата од калапот, тие,   погоре од проширениот раб биле споени со една поширока картонска лента. Калапот за машки шапки бил без проширен раб, а за шубари - калапите биле шпицести, високи и во облик на конус. Според  калапите може да се види разноликоста на капи и шапки што  биле изработувани во овој период.

[5] Музејот на град Скопје поседува ваков шешир “жирадо”, а бил сопственост на скопскиот трговец Кирил Анастасов - Чучукпетров.

[6] Дидро, (1713-1784),  француски материјалист, “Популарна енциклопедија”, Београд 1976, 243.

[7] “Женски календар за 1996 год.”.......наведено дело,

[8] Поради тоа се проширил изумот на Германецот Несслер во 1925 година, наречен перманент, според кој подолго траење   на локните се постигнува со помош на посебна обработка на косата со хемикалии. Прво косата се премачкува со специјален раствор, потоа се навиткува на метални стапчиња - витлери коишто потоа се загреваат со помош на електрична струја. На ваков начин обработената фризура трела 5-6 месеци. Исто, 1995.

[9] Периката како начин на покривање на главата била позната уште кај старите Египјани, Асирци, Персијци и Римјани. Таа најмногу се употребувала во 17 век, за време на владеењето на Луј XIV, а подоцна се пренесла насекаде каде што имал влијание францускиот стил на мода во украсувањето на главата.

[10] .Д-р Чеслав Никитовић, “Занатство...” 105, 249-250.

[11] Пандора Шетловска, сеќавања, теренски истражувања во1996 год.

[12] Алатки на берберите биле брич, чешел, четки за нанесување сапуница, четки за отстранување влакна, посатка за правење сапуница, машинка за стрижење и пулверизатор за распрскување колонска вода во вид на стаклено шише со цевка и гумено балонче. Садот за правење сапуница имал две ќелии: за ставање сапун и за чување стипса којашто се користела за дезинфекција при повреда на кожата при бричењето. Четките за сапунисување биле изработени од природни коњски влакна и имале дрвена дршка. Во садот за сапунисање се ставало едно помало парче сапун и малку вода, потоа со помош на четката се правела густа сапуница за бричење. Сапуницата се нанесувала на лицето за полесно отстранување на влакната. Стрижењето се вршело со специјални машинки, со две подвижно соединети подолги рачки. Машинките биле увозни. Стефан Петровски бил првиот кој во Скопје донел   апарат за правење ондулација (трајно виткање на косата кај жените).

Покрај машинките за стрижење, ножиците и чешлите, значајна улога во берберскиот занает имале и бричевите. Бичакџиите (ножарите) изработувале ножеви и бричеви. Сечилата на бричевите по бричењето на секој втор или трет муштерија се затапувале. За острење на сечилата постоеле безброј острила од биволска или воловска кожа со дрвени дршки или пак тие биле направени од камен во вид на правоаголник.  Во берберниците се користеле и чешли од коска со запци од едната или од двете страни. Тие биле со или без дршка и имале различни димензии. По стрижењето, односно бричењето, муштеријата го попрскувале со колонска вода или со парфем.

[13] Милош Хр. Константинов, “Занаети и установи во Битола и оклината”, Битола 1961, 63.