topimage
HomePage Header Header
Image_t3
Left BG
Divider
Arrow Bullet

Почеток

Divider
Arrow Bullet

Содржина

Divider
Arrow Bullet

Вовед

Divider
Arrow Bullet

Краток историјат на градот Скопје

Divider
Arrow Bullet Население
Divider
Arrow Bullet
Скопски маала
Divider
Arrow Bullet Регулационен план
Divider
Arrow Bullet Улиците во градот
Divider
Arrow Bullet Градежна активност
Divider
Arrow Bullet Водовод
Divider
Arrow Bullet Јавни бањи и амами
Divider
Arrow Bullet Јавна хигиена
Divider
Arrow Bullet Јавна канализација
Divider
Arrow Bullet
Електрификација
Divider
Arrow Bullet Сообраќај
Divider
Arrow Bullet Пошта
Divider
Arrow Bullet

Скопската чаршија и занетчиство

Divider
Arrow Bullet Трговија и трг. врски
Divider
Arrow Bullet Банкарство
Divider
Arrow Bullet Индустрија
Divider
Arrow Bullet Хотелиерство
Divider
Arrow Bullet
Јавна безбедност
Divider
Arrow Bullet Социјални прилики
Divider
Arrow Bullet Здравство и хигиена
Divider
Arrow Bullet Ветеринарна служба
Divider
Arrow Bullet Паркови и зеленила
Divider
Arrow Bullet Театар
Divider
Arrow Bullet Скопски кина
Divider
Arrow Bullet Корзото и прошетки
Divider
Arrow Bullet
Кафеани
Divider
Arrow Bullet Плажи
Divider
Arrow Bullet Излетнички места
Divider
Arrow Bullet Цркви и црк. живот
Divider
Arrow Bullet Градски гробишта
Divider
Arrow Bullet Просветни прилики
Divider
Arrow Bullet Научни друштва
Divider
Arrow Bullet
Музеи
Divider
Arrow Bullet Културно-уметнички живот
Divider
Arrow Bullet Спортски живот
Divider
Arrow Bullet Односи во семејство
Divider
Arrow Bullet Материјална култура
Divider
Arrow Bullet
Духовна култура
Divider
Arrow Bullet Заклучок
Divider
Arrow Bullet Извори
Divider
Arrow Bullet

Подарени етнолошки предмети од старите скопски фамилии за Музеј на град Скопје

Divider
Divider
Arrow Bullet Arrow Bullet Arrow Bullet
Divider Divider Divider
Dot Bullet
Покуќнина од дрво
Dot Bullet
Dot Bullet
Dot Bullet
Покуќнина од метал
Dot Bullet
Dot Bullet
Dot Bullet
Dot Bullet
Dot Bullet
Dot Bullet
Текстилна покуќнина
Dot Bullet
Dot Bullet
 
Dot Bullet
Dot Bullet
   
Dot Bullet
Dot Bullet
   
Dot Bullet
Dot Bullet
   
Dot Bullet
Пијалаци    
           

Куќите во градот

Градот Скопје на почетокот на 20 век личел на типичен турски град. Под влијание на трговијата и трговските врски, како и благодарение на засиленото влијание на европските елементи во градежништвото, се менувал и ликот на градот. Се менувале не само градските куќи, туку и куќите во непосредна близина на градот. Приземните куќи  се развивале во хоризонтален и во вертикален правец. Најголем дел од старите куќи биле приземни, направени од  кал и дрво, од плитар или  трошен материјал.

Во маалата на левата страна на реката Вардар имало македонски и муслимански типови на куќи.

На пример, македонските куќа во Чаир била речиси исти како и на почетокот на векот. Една одаја служела за дневен престој, за спиење и за јадење и за приготвување на храна. Ако фамилијата била поголема, за дневен престој имало две функционални одаи, т.е. готвењето на храната се одвивало  во една просторија или во помошни летни одделенија. Кон просторот за живеење се надоврзувала визба, каде што се чувал огревен материјал, ракија, вино, зимница, месо, брашно и слично. Имало и просторија за гости. Зад куќата имало двор со минијатурна градина. Иако Скопје бил збиен град,   ретко можело да се најде куќа без бавча со цвеќиња. Куќите најчесто биле свртени кон дворовите, а пенџерињата  свртени кон улицата, задолжително биле со решетки. Биле ѕидани и куќи  на два ката со веранди и пенџериња. Катот обично имал светли и убави одаи со миндери покриени со батании ткаени од разнобојна волна. Во одаите имало многу долапи за чување постелнина, облека и други покуќнински предмети.

Муслиманските куќи располагале со поголем простор. Тие не се развивале во височина и затоа, по правило, останувале приземни. Во внатрешната организација, муслиманската куќа  задоволувала  упростена симетрична шема. Централниот  дел служел за поминување и ги обединувал станбените одделенија, подолу имало простор за комуницирање, а од горе миндерлук, диван - кана, за примање гости и седење. Одаите  биле расположени речиси секогаш по две од секоја страна. Тие служеле за спиење и за поминување на “харемлакот” за жените. [1] Побогатите муслимани имале  по две куќи од кои  една била за жените и се нарекувала “харемлук”, а другата за мажите “селамлук”. Мошне интересна и карактеристична била поврзаноста на дворовите што овозможувало да се оди од една куќа во друга без да се излегува на улица.  Дворот на овие куќи бил опколен со високи ѕидови, бидејќи муслиманските обичаи не дозволувале жената да биде видена од други мажи. Во дворот се влегувало преку дворна порта.

На десната страна на реката Вардар, во периодот помеѓу двете светски војни, се граделе убави, пространи и модерни куќи. Во архитектурата на овие куќи се согледувало влијанието на западната архитектура. Тие најчесто биле со приземје и кат, но се граделе и куќи на неколку ката.  Во централното градско подрачје, повеќекатните куќи најчесто во приземјето имале дуќани. На катот имало по еден или неколку апартмани. Овие апартмани достигнувале површина и до 150 м2.  Украсните елементи на фасадата го покажувале европското влијание. Прозорците биле големи и украсени со разновидни архитектонски решенија. Во 30-тите години на 20 век во употреба бил  материјал за покривање на куќите т.н. етернит (англиски или француски тип за покривање куќи). [2] Овој модерен материјал за покривање на куќите бил подобар од традиционалниот начин на производство на плитар и ќерамиди. [3] Внатрешноста на куќите била пространа. Таваните биле високи и до 3,5 м.  За поврзување на катовите биле градени внатрешни скали. Секоја нова куќа имала простран салон за гости. Се водело сметка сите членови во семејството да имаат своја соба. Во плановите за куќите влегувала и соба за домашната послуга. Се граделе и пространи бањи. Голем дел од куќите до 1940 год. имале струја, водовод и канализација. Особено внимание се посветувало на дворовите кои имале убави железни врати, многу цвеќе и овошни дрва.

На периферијата на градот биле градени  колиби од привремен  карактер. Покрај овој тип на куќи, имало и примитивни куќи, соѕидани од наједноставен материјал  кои честопати биле нарекувани “клетвари”. Тие биле покриени со ламарина и најчесто биле лоцирани на периферијата на градот. Во ваквите куќи живееле претежно Цигани, особено во маалото Топхана. Тие не биле доволно осветлени, бидејќи имале мали пенџериња.

Периферните куќи од типот на колиби се претворале во “згради” за постојано живеење. Приземниот дел на ваквите “згради” немал под. Во просторијата за живеење имало огниште за готвење на храна. Со прегради биле одделувани просториите за  чување зимници и сл.  Во просторија наречена “клет” се чувал  добитокот. На катот, освен одаите за живеење, се простирал долг чардак колку и самата куќа. Летно време на чардакот се спиело, а на него се сушеле   алишта, но и нанижани пиперки, се врзувале  китки  босилок  и други лековити тревки за домаќинството.

 

Главната работа на Панче  Велков се состоела во изградба на куќи и нивно издавање. Изградил околу 50 стана и 16-18 дуќани во Еврејското маало и на улицата “Крал Петар”. Проектите за куќите биле изработени од архитектот Артемушкин, а проектите за конструкцијата ги изработувал Жерновски.

Една од поубавите куќи била вилата “Мала Венеција” која се наоѓала во Еврејското маало, изградена во 1927 год., а адаптирана  во 1936 год. со мермер, керамички плочки, балкони.

Големите куќи кои се граделе имале по 8 луксузно опремени станови. Приходите од издавањето на куќите и дуќаните на семејството му овозможиле добар живот.

Панче Велков  во 1937 год. ја изградил последната куќа која имала 10 стана по 156 м2, а се наоѓала во Еврејското маало.

Внатрешноста на сите куќи била луксузна за тоа време, со два влеза, еден во салонот и еден за кујната и девојачката соба. Собите биле со паркет, керамички плочки, калиеви печки, бојлери и др.

Семејството живеело во куќа на главната улица “Крал Петар”, современо уредена со мебел од странство, трпезарија од Виена, а во 30-тите години набавиле и персиски килими [4] .  Во кујната имале ладилник на мраз. До кујната имало просторија за перење на алиштата со казани, корита и др. [5]

 

Семејството Чохаџиќ до 1938 год. живеело во куќа под наем која се наоѓала до Скопската Митрополија, а во 1938 год. изградиле куќа во Пајко маало. Куќата била солидно градена, со влез од улица, висок сутерен, со спални соби на катот, и таван со две соби.

Дневната соба била пространа со изѕидан камин , а во сутеренот биле сместени кујната, ложилницата и подрумските простории. Куќата имала сопствено етажно греење, водовод, канализација и бања.

Мебелот во куќата бил набавен во Солун.  Дневната соба била со мебел обложен со црвен сомот, а на катот  имало салон во кој се пречекувале гости. [6]

 

37.1. Тапија и проект на куќата на Ѓорѓи  Трпчановски и Никола Ефтимов, изградена во  1926 год.  во центарот на градот

 

37.2. Проект на зградата на Читкушеви од арх. Иван Артемушкин од 1931 год.

 

37.3. Проект на куќата на Шкаперда  од 1930 год.


 

[1] Стара градска архитектура и урбанизација на градовите, Охрид, 17-21 декември 1964,  6-8.

[2] .Д-р Чеслав Никитовић,”Занатство Јужне Србије”, Скопље, Правилник о изради практичних задатака на мајсторским испитима при испитним комисијама на подручју Занатске Коморе у Скопљу, Скопље 1934 , 231-259.

[3] .Д-р Милош Константинов,”Македонци”, Скопје 1992 , 276.

 

[4] И денес семејството Велкови ги користи персиските килими купени во 1930 год.

[5] Велкови, сеќавања, теренски истражувања во 1996 год.

[6] Марија Алексовска, сеќавања, теренски истражувања во 1995 год.