topimage
HomePage Header Header
Image_t3
Left BG
Divider
Arrow Bullet

Почеток

Divider
Arrow Bullet

Содржина

Divider
Arrow Bullet

Вовед

Divider
Arrow Bullet

Краток историјат на градот Скопје

Divider
Arrow Bullet Население
Divider
Arrow Bullet
Скопски маала
Divider
Arrow Bullet Регулационен план
Divider
Arrow Bullet Улиците во градот
Divider
Arrow Bullet Градежна активност
Divider
Arrow Bullet Водовод
Divider
Arrow Bullet Јавни бањи и амами
Divider
Arrow Bullet Јавна хигиена
Divider
Arrow Bullet Јавна канализација
Divider
Arrow Bullet
Електрификација
Divider
Arrow Bullet Сообраќај
Divider
Arrow Bullet Пошта
Divider
Arrow Bullet

Скопската чаршија и занетчиство

Divider
Arrow Bullet Трговија и трг. врски
Divider
Arrow Bullet Банкарство
Divider
Arrow Bullet Индустрија
Divider
Arrow Bullet Хотелиерство
Divider
Arrow Bullet
Јавна безбедност
Divider
Arrow Bullet Социјални прилики
Divider
Arrow Bullet Здравство и хигиена
Divider
Arrow Bullet Ветеринарна служба
Divider
Arrow Bullet Паркови и зеленила
Divider
Arrow Bullet Театар
Divider
Arrow Bullet Скопски кина
Divider
Arrow Bullet Корзото и прошетки
Divider
Arrow Bullet
Кафеани
Divider
Arrow Bullet Плажи
Divider
Arrow Bullet Излетнички места
Divider
Arrow Bullet Цркви и црк. живот
Divider
Arrow Bullet Градски гробишта
Divider
Arrow Bullet Просветни прилики
Divider
Arrow Bullet Научни друштва
Divider
Arrow Bullet
Музеи
Divider
Arrow Bullet Културно-уметнички живот
Divider
Arrow Bullet Спортски живот
Divider
Arrow Bullet Односи во семејство
Divider
Arrow Bullet Материјална култура
Divider
Arrow Bullet
Духовна култура
Divider
Arrow Bullet Заклучок
Divider
Arrow Bullet Извори
Divider
Arrow Bullet

Подарени етнолошки предмети од старите скопски фамилии за Музеј на град Скопје

Divider
Arrow Bullet
Divider
Друштво на пријателите на Франција
Музички живот
- Пејачко друштво “Вардар”
- Пејачко друштво “Мокрањац”
  - Музичкото училиште “Мокрањац”
  - Скопската музичка заедница
  - Училиште за модерни танци “Академски серкл”
  - Музика од грамофони
  - Радио
   

 Уметнички живот

Градот Скопје  во периодот меѓу двете светски војни напредувал и во  интелектуална и во уметничка смисла. Меѓу многубројните културни и хуманитарни организации што биле формирани, со својата активност  се истакнувало Друштвото на пријателите на уметноста “Јефимија”. Друштвото имало за цел да ја негува и популаризира уметноста во градот. Друштвото било формирано во 1930 год. и успеало да ја  развие и разграни  својата дејност. Во почетокот на работата на Друштвото, скопските  интелектуални кругови биле недоволно заинтересирани за  активноста и структурата на Друштвото.

Друштвото “Јефимија” го носело името на побожната ќерка на господарот на драмата и жената на деспотот Углеша кој бил поет и уметник. [1] Главни органи на Друштвото биле собранието на членовите, работниот одбор и надзорниот одбор. Најголемата активност на Друштвото се состоела во организирање на изложби. Во 1930 год. била приредена колективна изложба на академскиот сликар Никола Мартиновски, а со пригоден говор ја отворил д-р Ф. Месеснел, професор на Филозофскиот факултет. Изложбата била  успешна и добро посетена, а за таа пригода уметникот му подарил слика на Друштвото. Во истата година Друштвото организирало и книжевно попладне со чајанка во Просветниот дом, каде што учествувале  млади книжевници меѓу кои: Коста Џорџевић, Живоин Петровиќ, Светозар Максимовиќ и др.

Во организацијата на друштвото “Јефимија” во 1930 год. била отворена изложба на групата “Обилиќ” од Белград, во свечената сала на Офицерскиот дом. На отварањето на изложбата присуствувале околу 600 лица, односно сите видни граѓани на Скопје. На оваа изложба биле продадени 22 слики, 1 скулптура и 2 барелјефа.

Најатрактивните балови во Скопје ги организирало друштвото “Јефимија”, најмногу во Офицерскиот дом. Во 1931 год. во Офицерскиот дом бил организиран црно-црвен  маскембал, а салата на домот за таа прилика била декорирана во црно-црвена боја. Во концертниот дел на овој маскембал учествувале литерати, книжевници и артисти, а била организирана и  лотарија со слики во црно-црвена боја што сликарите ги насликале за таа прилика. [2]

 

34.1. Реклама за уметничкиот бал организиран од Друштвото на пријателите на уметноста “Јефимија” во 1941 год.  во Офицерскиот дом, Архив на Македонија

 

Забавата била единствена во  таа сезона, добро посетена и успешна во материјален и уметнички поглед.   Во текот на 1931 год. бил организиран и концерт на Загрепскиот квартет  во Народниот театар  и излет во манастирот Нерези на Ѓурѓовден, проследен со предавање на Ф. Месеснел. Била организирана и  втора колективна изложба на Н. Мартиновски.      

Во првите години од работата на Друштвото биле постигнати значајни резултати и била разгранета широка дејност на Друштвото. Членови на Друштвото биле видни граѓани и интелектуалци. Претседател била г-ѓа Здравковиќ, а членови биле г-ѓа Месеснел, Сланкаменац, Костиќ, Вичентијевиќ,  Дидаре Ќазим,  Јосиф Михаиловиќ,  претседател на Општината, П. Слијепчевиќ,  Петар Митропан,  Ратко Пуриќ,  С.Трифунац и др.  

Во текот на 1936 год. друштвото “Јефимија” организирало изложби на видни македонски автори - изложба на Никола Мартиноски во Окружниот уред и изложба на Лазар Личеноски во Францускиот клуб  каде што биле изложени 50 платна, композиции и портрети. [3]                                                                                                           

Во 1937 год. по иницијатива на М. Чемериќиќ била организирана јубилејна изложба на уметници на која учествувале уметниците од Македонија. Изложбата претставувала документарен преглед на развојот на уметноста и постигнатите резултати. Изложбата била поставена во Клубот на пријателите на Франција. Биле претставени делата на Димитрија Андович, иконописец, Лазар Личеноски со 15 дела, Никола Мартиноски, Вангел Коџоман, Нихат Аџем од Штип, Тома Владимировиќ, Дејан Богдановиќ од Маврово и др. Посетата на изложбата била добра, а многу од делата биле продадени. [4]

Во Скопје, во 1937 год. била организирана изложба на најафирмираните уметници, струјата “Обилиќ”, во организација на друштвото “Јефимија”. Биле претставени делата на уметниците Стале Поповиќ, Коњовиќ, Јоб, Мартиноски,  Личеноски, Хутер, Тартаљ и др. Посетата на изложбите сé повеќе се зголемувала, скопската публика сé повеќе чувствувала потреба за уметничка наобразба, се купувале уметнички дела, а со тоа јакнела силата на уметниците. [5] Во Народниот универзитет, под покровителство на друштвото “Јефимија” во 1938 год. била приредена колективна изложба на тогаш младиот и неафирмиран академски сликар Вангел Коџоман. Изложбата ја отворил д-р Ф. Месеснел, професор на Универзитетот кој зборувал за модерното сликарство и улогата на  провинцијата во творештвото. Оваа изложба на Вангел Коџоман била прва изложба во Скопје, а пред тоа тој имал неколку изложби во Белград. [6]     

Освен ваквата активност на друштвото “Јефимија”, биле организирани и книжевни курсеви, со распишување на конкурси за натпревари за песни, приказни и книжевни есеи. Овие дела биле печатени во книги на библиотеката на Друштвото на пријателите на уметноста. Делата што  победувале добивале и парична награда. [7] Уметниците од Македонија со своите дела го покажувале развојот на уметноста на македонскиот народ  и одиграле значајна улога во развојот на културата.                                 

Во текот на 1939 и 1940 год., “Јефимија” приредила уште три изложби, пред сé на уметници од Македонија- Мартиноски, Д. Андов, Личеноски, Коџоман, В. Поповиќ-Цицо, Љ. Белогаски и други.                                       

Скопската културна и научна јавност, во однос на Друштвото  “Јефимија”, изразувала   поддршка и поттикнување, најчесто со непосредно учество во   дејноста на Друштвото. Претседателите на Друштвото, почнувајќи од Ј. Михаиловиќ, претседател на Општината на Скопје, биле личности од скопската “елита”, пред сé сопруги на познати личности (Д. Јовановиќ, Никитовиќ и др).           

Покрај познатите уметници Никола Мартиновски, Лазар Личеноски, Вангел Коџоман, Цицо Поповиќ, како уметници се истакнувале и Зора Поповиќ и Хајрула Сабри кој бил прв сликар муслиман во Скопје, ученик на француската и италијанската школа кој работел во своето ателје  кај Саат-кула. [8]    

Уметноста сé повеќе навлегувала во животот на скопското население. Се развивало чувството за убавина. Друштвениот живот во градот сé повеќе наликувал на животот во европските градови, се прифаќале новините  и се зголемила желбата да се учествува во културните настани кои се случувале во градот.


 

[1] Нова значајна организација “Јефимија”, скопско друштво пријатеља уметности , “Скопски Гласник” бр.37, 1930 , 3.

[2] Лела Божиновска се сеќава кога нејзините родители биле на црно-црвениот бал во Офицерскиот дом. Тие биле облечени во црно-црвена облека.

[3] Друштво пријатеља уметности “Јефимија” организује изложбу Н. Мартиновског и Л. Личеновског, Скопска сцена 1936 год.

[4] Јубиларна изложба јужносрбијанских уметника, “Јужни преглед”,  јануар 1937 год.

[5] Отварање изложбе “Обилић” у Скопљу, “Јужни преглед”, април 1938 год.

[6] Изложба слика Вангела Коџомана, “Јужни преглед”, април  1938 год.

[7] Културна хроника, “Луч”, год. 2, бр. 4, 1938 год.

[8] Шетња по уметничким атељеима, “Вардар”, 5 јануар 1933 , 18.