topimage
HomePage Header Header
Image_t3
Left BG
Divider
Arrow Bullet

Почеток

Divider
Arrow Bullet

Содржина

Divider
Arrow Bullet

Вовед

Divider
Arrow Bullet

Краток историјат на градот Скопје

Divider
Arrow Bullet Население
Divider
Arrow Bullet
Скопски маала
Divider
Arrow Bullet Регулационен план
Divider
Arrow Bullet Улиците во градот
Divider
Arrow Bullet Градежна активност
Divider
Arrow Bullet Водовод
Divider
Arrow Bullet Јавни бањи и амами
Divider
Arrow Bullet Јавна хигиена
Divider
Arrow Bullet Јавна канализација
Divider
Arrow Bullet
Електрификација
Divider
Arrow Bullet Сообраќај
Divider
Arrow Bullet Пошта
Divider
Arrow Bullet

Скопската чаршија и занетчиство

Divider
Arrow Bullet Трговија и трг. врски
Divider
Arrow Bullet Банкарство
Divider
Arrow Bullet Индустрија
Divider
Arrow Bullet Хотелиерство
Divider
Arrow Bullet
Јавна безбедност
Divider
Arrow Bullet Социјални прилики
Divider
Arrow Bullet Здравство и хигиена
Divider
Arrow Bullet Ветеринарна служба
Divider
Arrow Bullet Паркови и зеленила
Divider
Arrow Bullet Театар
Divider
Arrow Bullet Скопски кина
Divider
Arrow Bullet Корзото и прошетки
Divider
Arrow Bullet
Кафеани
Divider
Arrow Bullet Плажи
Divider
Arrow Bullet Излетнички места
Divider
Arrow Bullet Цркви и црк. живот
Divider
Arrow Bullet Градски гробишта
Divider
Arrow Bullet Просветни прилики
Divider
Arrow Bullet Научни друштва
Divider
Arrow Bullet
Музеи
Divider
Arrow Bullet Културно-уметнички живот
Divider
Arrow Bullet Спортски живот
Divider
Arrow Bullet Односи во семејство
Divider
Arrow Bullet Материјална култура
Divider
Arrow Bullet
Духовна култура
Divider
Arrow Bullet Заклучок
Divider
Arrow Bullet Извори
Divider
Arrow Bullet

Подарени етнолошки предмети од старите скопски фамилии за Музеј на град Скопје

Divider
Arrow Bullet
Divider
Основни училишта
Средни училишта
Средни стручни училишта
Филозофски факултет
  Градска библиотека
  Книжарници и печатници
   

Просветните прилики во градот

За време на Првата светска војна, српските училишта биле заменети со бугарски, а по завршувањето на војната кон крајот на септември 1918 година, до прогласувањето на Кралството на СХС, српските власти ги затвориле сите бугарски училишта и се стремеле што побргу да ги обноват сите поранешни српски училишта. [1]

Во 1918 год.  просветните прилики во Македонија, тогашна  Јужна Србија , биле многу тешки. Воената пустош се чувствувала насекаде. Земјата била сосема разурната и без најпотребните материјални средства, а од некогашниот ентериер во училиштата немало ни трага. Тоа особено го отежнувало обновувањето на школството. Училишните згради кои најчесто служеле за болници или други воени потреби биле многу оштетени, често без прозорци, врати и подови. Учениците од дома си носеле столчиња за да седат на настава. [2]

Во прво време немало никакви учебници бидејќи бугарските власти ја запалиле целата српска литература.

До крајот на учебната 1918/1919 год. се формирале речиси исто онолку училишта колку што имало и пред бугарската окупација (1915-1918год. ) и во нив започнале да учат нешто повеќе ученици од пред војната. Така, просечно на 3000 ученици доаѓало едно училиште.

При уписот на учениците во првата повоена година се појавиле многу тешкотии. Прво, поради непостоење на документи, не се знаела точната возраст на учениците ниту пак колку одделенија завршиле  пред Првата светска војна. Друга пречка претставувало непознавањето на српскиот јазик кој бил наметнат како наставен. Училишната мрежа била развиена онолку колку што í одговарало на политиката на владеачката класа на Кралството Југославија. Повеќе од 40% од децата од поширокото градско подрачје (селата) останале неопфатени во училиштата.

  Наставата започнала во февруари 1919 год. и се изведувала по курсеви. Планот за таквиот вид на настава бил изработен по примерот на скратената настава во Франција, а како база за обновување на школството во Македонија служела неговата претходна организација   изведена во учебната 1913/1914 год.

Првиот курс почнал на 1.02.1919 год. со траење од 4 месеци, а последниот траел од 16. 03 до 15. 06. 1920 год. Речиси во сите училишта за време на првите три скратени учебни години се работело со полудневна настава, поради немање доволен број училишни простории, а и поради недостиг на наставнички кадар. [3]

Поради тоа што голем број учители не се јавиле на повикот да се вратат на своите  работни места, просветните и управни власти морале да го решат прашањето на егзархиските учители. Нив ги испратиле на курсеви во Шумадија и Кралево. Односот кон учителскиот кадар, по потекло од Македонија, бил непријателски, кон него се однесувале со недоверба  иако тој кадар бил школуван во српски училишта, па дури и во учителските школи. За овој кадар, од политички причини,се барало да не се поставува на служба во Македонија, а уште помалку во родните места, со цел да се оневозможи македонскиот народ да се изолира од власта.


 

[1] Д-р Марија Јовановиќ, "Просветно-политичките прилики во Вардарска Македонија (1918-1929)”, Скопје 1983 , 31.

[2] "Споменица 25-годишњице ослобођења Јужне Србије”, Скопље 1937 , 932.

[3] “Просветно-политичките...”, 113.