topimage
HomePage Header Header
Image_t3
Left BG
Divider
Arrow Bullet

Почеток

Divider
Arrow Bullet

Содржина

Divider
Arrow Bullet

Вовед

Divider
Arrow Bullet

Краток историјат на градот Скопје

Divider
Arrow Bullet Население
Divider
Arrow Bullet
Скопски маала
Divider
Arrow Bullet Регулационен план
Divider
Arrow Bullet Улиците во градот
Divider
Arrow Bullet Градежна активност
Divider
Arrow Bullet Водовод
Divider
Arrow Bullet Јавни бањи и амами
Divider
Arrow Bullet Јавна хигиена
Divider
Arrow Bullet Јавна канализација
Divider
Arrow Bullet
Електрификација
Divider
Arrow Bullet Сообраќај
Divider
Arrow Bullet Пошта
Divider
Arrow Bullet

Скопската чаршија и занетчиство

Divider
Arrow Bullet Трговија и трг. врски
Divider
Arrow Bullet Банкарство
Divider
Arrow Bullet Индустрија
Divider
Arrow Bullet Хотелиерство
Divider
Arrow Bullet
Јавна безбедност
Divider
Arrow Bullet Социјални прилики
Divider
Arrow Bullet Здравство и хигиена
Divider
Arrow Bullet Ветеринарна служба
Divider
Arrow Bullet Паркови и зеленила
Divider
Arrow Bullet Театар
Divider
Arrow Bullet Скопски кина
Divider
Arrow Bullet Корзото и прошетки
Divider
Arrow Bullet
Кафеани
Divider
Arrow Bullet Плажи
Divider
Arrow Bullet Излетнички места
Divider
Arrow Bullet Цркви и црк. живот
Divider
Arrow Bullet Градски гробишта
Divider
Arrow Bullet Просветни прилики
Divider
Arrow Bullet Научни друштва
Divider
Arrow Bullet
Музеи
Divider
Arrow Bullet Културно-уметнички живот
Divider
Arrow Bullet Спортски живот
Divider
Arrow Bullet Односи во семејство
Divider
Arrow Bullet Материјална култура
Divider
Arrow Bullet
Духовна култура
Divider
Arrow Bullet Заклучок
Divider
Arrow Bullet Извори
Divider
Arrow Bullet

Подарени етнолошки предмети од старите скопски фамилии за Музеј на град Скопје

Divider

Скопските плажи

Реката Вардар на скопските граѓани во летниот период им овозможувала пријатно разладување од високите температури, но ги задоволувала и  нивните секојдневни потреби. Освен капачи, честа глетка на реката бил  и добитокот што се поел, а се миеле и  коли, се перела облека, килими, черги и др. 

Местата на реката каде што скопските граѓани можеле да се капат биле одредени со наредба од управата на градот.

Капењето било дозволено на просторот од мелницата на Јусуф Морина до електричната централа и водоводот на  десната страна, а од мелницата на Јусуф Морина до Железничкиот мост, капењето било забрането. На одредени места можеле да се капат деца на возраст од 15 години облечени во костими, додека за деца под 15 години капењето било забрането. Родителите чии деца биле фатени на плажата, биле  казнувани со одредена казна. [1]

Посетата на плажите на реката Вардар, освен како потреба и навика, претставувало  мода и начин на живот на скопските граѓани.

 Во летниот период, просторот од плажата кај аеродромот, па сé до Ханриевиот железен мост, бил преполн со капачи. Но, и плажите се разликувале според своите посетители. Градската плажа кај Идадија била монденска, а на Руска плажа се капеле газдите и побогатиот свет. На оваа плажа се надоврзувала Војничката плажа, па Турската плажа, Циганската плажа и на крај “Мангупската детска плажа”. [2]

 

29.1. Стефан Цветанов на плажата “Океан” во 1928 год., МГС инв. бр. 4543

 Еден дел од плажата кај тогашното тркалиште на реката, го закупиле браќата Пантић и во 1929 година отвориле модерно капалиште. Ова капалиште било снабдено со 20 посебни кабини за жени и мажи и 4 големи гардероби за 200 лица. Ресторанот на плажата  нудел  ладно пиење и мезе, музика, песок за сончање, тераса за одмор и гимнастика. [3]

Однесувањето на капачите на реката Вардар било одредено со наредби од управата на полицијата, во интерес на јавниот морал, ред,  лична и имотна сигурност. Со наредбата  издадена во 1930 год. мажи и жени не можеле да се капат заедно. Однесувањето на плажата морало да биде пристојно, а капачите, облечени во костими за капење, не смееле да го посетуваат ресторанот.

Соблекувалните морале да бидат со брава и клуч и постојано биле дезинфицирани. Капачите кои имале вредни предмети, можеле да ги оставаат своите предмети на реверс. Влезот во капалиштата бил забранет за болни од кожни болести или епилептичари.

Капалиштата работеле до 20 часот навечер, а бил забранет влез за животни.  Посетителите кои доаѓале со коли , морале да ја намалат брзината поради големата прашина. [4]

Местата за капење на реката Вардар  кои биле одредени од полицијата биле на Ханриевската плажа од Ариф беговиот јаз,  низводно до Железничкиот мост, Детската плажа  и Главната плажа која се наоѓала под тркалиштето. [5]

 

29.2. На плажата кај Железниот мост, МГС инв. бр. 4808

 

29.3. Капачи, МГС инв. бр. 4807

 

На одредени места капењето било дозволено на двете стани на реката, и тие места биле обележани.

Плажата била едно од местата каде што момчињата им се додворувале на девојките со фрлање  каменчиња, ѕиркање во соблекувалните.  Ваквото  однесување на плажите било забрането.

Продавањето на прехранбени производи на плажите било со одредени хигиенски прописи според кои храната требала да биде чиста и со умерени цени.

За време на жешките лета во Скопје , овие капалишта  биле преполни со луѓе. Плажата била место каде што скопјани се собирале и дружеле, каде што се одвивал богат социјален  живот  во летните периоди. На градската плажа во 1936 година се појавил нудист што било вистинска атракција. Нудистот бил некој неафирмиран млад  лекар кој заради реклама, се одлучил на ваков начин да го привлече вниманието. Во 1932 год. во Скопје било основано и првото нудистичко друштво. Во него членувале жени од угледни и богати фамилии. Претседателка на друштвото била Ташана-Шана Виќентијевиќ чиј сопруг бил сопственик на зградата на денешниот Клуб на писатели. Според сеќавањата на тогашните современици, членовите на ова друштво оделе со пајтони во Катлановска Бања, се капеле и се сончале на реката Пчиња, а не ретко и на реките Вардар и Треска на места што не биле посетувани.

Вообичаена глетка  на скопските плажи биле скопските фраери кои се однесувале како кавалери и младите  девојки со костими за капење од странство, со романтични шешири и чадори.

Костимот за капење претставува најмлад производ на женската мода. Почнал да се носи од почетокот на овој век, откако човекот почнал да ја користи водата за капење. Модата низ вековите не го познава костимот за капење. Обичните луѓе во вода влегувале голи, а други пак  со секојдневни или пак со скапоцени облеки.  Дури во периодот   1900-1920 год. во светските модни метрополи се појавиле првите модели на костими за капење. Материјалите од кои биле направени костимите биле исти како оние од кои била направена облеката. На скопските плажи се водела сметка  за изгледот и материјалот на костимите за капење  и посебно било забрането носење на костими од проѕирни материјали. [6]


 

[1] Наредба за купање на Вардару, Управа града Скопља, “Наша Стара Србија”, 1927 год.

[2] Скопски плажи, Пинџур, “Вардар”, 4 септеври, 1932 год.

[3] Модерно купатило на Вардару, Скопски Гласник бр. 23, 1929,5.

[4] Наредба за јавна купатила на Вардару, Скопски Гласник бр.91, 1930, 2.

[5] Владимир Саздов сеќавајќи се на својата младост, ни кажа дека лете се собирале на скопските плажи кај стадионот на Граѓански, на “Ѓачка”плажа и на “Руска” плажа

[6] Нудизам у Скопљу, Скопски Гласник бр. 427, 1936, 3.