Здружение на угостителите и
правила за работа во угостителските објекти |
Угостителите биле
организирани во Меанџиско-кафеанско здружение кое ги штитело
интересите на угостителите и келнерите. Ова здружение имало своја
слава, Свети Трифун.
Според правилникот кој се
однесувал на хотелите и кафеаните, келнер, кафе-кувар,пиколо,
пара-кувар, можел да биде само оној што имал легитимација издадена
од Здружението на угостителите или работничка исправа издадена од
полициските власти. Секој морал да има лекарско уверение за
здравствената состојба кое се продолжувало на три месеци. При
служење во кафеана, секој келнер морал да носи бел или црн мантил, а
за непочитување на правилата се плаќала казна.
Според правилникот за
хотели, кафеани, пивници, крчми, кујни и ашчилници, кафеанскиот
прибор за вино, пиво, кафе и други пијалаци морал да биде чист, а
приборот за јадење да се преврива по потреба.
Сите кафеани морале да
имаат посебен простор за кујна со огниште. Садовите во кои се
приготвувала храната, морале да бидат калаисани, а јадењата да бидат
вкусно подготвени од исправно месо и намирници. Сите намирници кои
биле подложни на расипување морале да се чуваат во апарат за мраз.
Масите на кои се
сервирала храната, морале да бидат покриени со чисти чаршафи кои се
менувале двапати неделно.
Вработените во кафеаните
морале да бидат чисти и избричени, со долги чисти престилки. Подот
се рибал двапати неделно, а секојдневно се бришел со крпа.
Клозетите морале да се
одржуваат чисти, а англискиот систем на клозети морал да биде
исправен.

28.11. Уверение од
еснафското друштво на меанџии и кафеанџии издадено на Боце
Петковски
|