topimage
HomePage Header Header
Image_t3
Left BG
Divider
Arrow Bullet

Почеток

Divider
Arrow Bullet

Содржина

Divider
Arrow Bullet

Вовед

Divider
Arrow Bullet

Краток историјат на градот Скопје

Divider
Arrow Bullet Население
Divider
Arrow Bullet
Скопски маала
Divider
Arrow Bullet Регулационен план
Divider
Arrow Bullet Улиците во градот
Divider
Arrow Bullet Градежна активност
Divider
Arrow Bullet Водовод
Divider
Arrow Bullet Јавни бањи и амами
Divider
Arrow Bullet Јавна хигиена
Divider
Arrow Bullet Јавна канализација
Divider
Arrow Bullet
Електрификација
Divider
Arrow Bullet Сообраќај
Divider
Arrow Bullet Пошта
Divider
Arrow Bullet

Скопската чаршија и занетчиство

Divider
Arrow Bullet Трговија и трг. врски
Divider
Arrow Bullet Банкарство
Divider
Arrow Bullet Индустрија
Divider
Arrow Bullet Хотелиерство
Divider
Arrow Bullet
Јавна безбедност
Divider
Arrow Bullet Социјални прилики
Divider
Arrow Bullet Здравство и хигиена
Divider
Arrow Bullet Ветеринарна служба
Divider
Arrow Bullet Паркови и зеленила
Divider
Arrow Bullet Театар
Divider
Arrow Bullet Скопски кина
Divider
Arrow Bullet Корзото и прошетки
Divider
Arrow Bullet
Кафеани
Divider
Arrow Bullet Плажи
Divider
Arrow Bullet Излетнички места
Divider
Arrow Bullet Цркви и црк. живот
Divider
Arrow Bullet Градски гробишта
Divider
Arrow Bullet Просветни прилики
Divider
Arrow Bullet Научни друштва
Divider
Arrow Bullet
Музеи
Divider
Arrow Bullet Културно-уметнички живот
Divider
Arrow Bullet Спортски живот
Divider
Arrow Bullet Односи во семејство
Divider
Arrow Bullet Материјална култура
Divider
Arrow Bullet
Духовна култура
Divider
Arrow Bullet Заклучок
Divider
Arrow Bullet Извори
Divider
Arrow Bullet

Подарени етнолошки предмети од старите скопски фамилии за Музеј на град Скопје

Divider
Arrow Bullet
Divider
   

Скопското корзо - место за забава и прошетки

Улиците, парковите, куќите, луѓето и секојдневните случувања во градот ја претставуваат душата на еден град. Еден таков белег на градот претставувало и скопското корзо. Сé што требало да се покаже во градот  се покажувало при прошетките на корзото секој ден попладне, а особено во неделите.

Развојот на градот влијаел и на изгледот на корзото.  Во 1919 год. улицата “Крал Петар” била крива улица со калдрма каде што шетале млади луѓе со сиромашна облека и ниска култура. Веќе во 1925 год. сликата на корзото оддавала пријатна атмосфера, додека во 1935 год. на корзото се забележувале госпоѓици и господа со лаковани чевли, свила и француски парфеми, култура која   во 1938 год. веќе претставувала стандард. [1]

Корзото на главната улица “Крал Петар” било душата на градот, каде што на попладневните променади секој се однесувал според непишани правила.

Сите  на корзото знаеле каде треба да се шетаат, во својот дел на улицата. Девојките шетале на средината на улицата, а вљубените парови се шетале на главниот тротоар. По одредено време,  корзото од улицата “Крал Петар” се префрлало на “Џафте” корзо кое се простирало од улицата “Цар Душан” до Железниот мост покрај кејот на реката Вардар. Најголем број од шетачите на ова корзо биле претставници на работничката класа. [2]

Општата слика на корзото претставувала  разновидност на шетачи - млади, стари и деца кои продавале разни производи,  главно храна.

Во 1930 год. полициската станица на градот Скопје издала наредба за однесување на корзото. Со оваа наредба било одредено движењето на корзото, шетачите на улицата да се движат по  десната , а да се враќаат по левата страна. Младите девојки кога се движеле на корзото се фаќале под рака со што правеле турканици, па затоа ваквото движење во групи  не било дозволено.  Родителите своите деца под 10-годишна возраст не смееле да ги носат на корзо, а било забрането возење на колички по улицата. Децата што се шетале на корзото не смееле да изгледаат неуредно, а деца без родители не смееле да се собираат во групи, бидејќи го попречувале движењето на корзото. [3] Шетачите на корзото се познавале меѓу себе.  Напредните  момчиња  се истакнувале со своето однесување и  начинот на облекување, а познати биле Борис Бучето, Благоја Димитров-Чавкарот, Младен, Славе Саздов, Перо Чучков-Чучук, Симо Галичник, Томо Лиаку, Икономовиќ.  Младите  луѓе и интелектуалците кои  се школувале надвор од Скопје  ја лансирале модата во облекувањето, а такви биле Петар Антин, Киро Васиљевиќ, Владо Гашев и др. Познати млади девојки кои се истакнувале со својата убавина  биле Марија Шланг Бербер, ќерка на полковник, Лепосава Аранџеловиќ, ќерка на доктор Стојанов, Дидаре Ќазим, позната виолинистка и др.

Познатите боеми, “енфан терибл”, интелектуалци  и  уметници  во голема мерка ги посетувале кафеаните. Од нив  се истакнувал Драган “Лепота”, на кого му велеле, “Драган Лепото, ниси за Скопје”,Тоде Пуцер-Убавец, Трајко-Мимоза фотограф, Дончо Серафимов-Гроф, Борис Шољак, Владо Гашев и др. Тие  меѓусебно комуницирале со нивен жаргон.


 

[1] Слика корзоа и улица “Краља Петра”, “Јужна Србија” бр. 40, 1938 , 4.

[2] Пандора Шетловска,сеќавања, теренски истражувања  во 1996 г.

[3] Наредба за јавни ред , мир и безбедност, Скопски Гласник бр. 86, 1930,  2.