Дел од улицата “Принц
Ѓорѓе” до општинскиот парк и хотелот “Балкан”, бил наречен “кај
Паркот” или “Јурија”. Кога во градот гостувале циркузи или кога имало панаѓури тој простор
бил преполн со луѓе, шатори, рингишпили, брза американска
фотографија и др.
На ова место се собирале
војници, селани, работници и деца. Секој шатор бил полн со деца,
бидејќи во секој имало нешто интересно да се види.
Рингишпилите биле
движени најчесто од Роми. Лотарија се играла на повеќе начини, со
броеви, пукање со пушка и др. Овој начин на забава бил достапен за
сите.
Во градот гостувале
циркузи како Ренлоф, Колумбија, Колосеум (Факир Рета), Барун,
Глорија и др. Најинтересни биле акробатите (еквилибристи), а меѓу
нив најпопуларен бил Александар Шулц.
|