topimage
HomePage Header Header
Image_t3
Left BG
Divider
Arrow Bullet

Почеток

Divider
Arrow Bullet

Содржина

Divider
Arrow Bullet

Вовед

Divider
Arrow Bullet

Краток историјат на градот Скопје

Divider
Arrow Bullet Население
Divider
Arrow Bullet
Скопски маала
Divider
Arrow Bullet Регулационен план
Divider
Arrow Bullet Улиците во градот
Divider
Arrow Bullet Градежна активност
Divider
Arrow Bullet Водовод
Divider
Arrow Bullet Јавни бањи и амами
Divider
Arrow Bullet Јавна хигиена
Divider
Arrow Bullet Јавна канализација
Divider
Arrow Bullet
Електрификација
Divider
Arrow Bullet Сообраќај
Divider
Arrow Bullet Пошта
Divider
Arrow Bullet

Скопската чаршија и занетчиство

Divider
Arrow Bullet Трговија и трг. врски
Divider
Arrow Bullet Банкарство
Divider
Arrow Bullet Индустрија
Divider
Arrow Bullet Хотелиерство
Divider
Arrow Bullet
Јавна безбедност
Divider
Arrow Bullet Социјални прилики
Divider
Arrow Bullet Здравство и хигиена
Divider
Arrow Bullet Ветеринарна служба
Divider
Arrow Bullet Паркови и зеленила
Divider
Arrow Bullet Театар
Divider
Arrow Bullet Скопски кина
Divider
Arrow Bullet Корзото и прошетки
Divider
Arrow Bullet
Кафеани
Divider
Arrow Bullet Плажи
Divider
Arrow Bullet Излетнички места
Divider
Arrow Bullet Цркви и црк. живот
Divider
Arrow Bullet Градски гробишта
Divider
Arrow Bullet Просветни прилики
Divider
Arrow Bullet Научни друштва
Divider
Arrow Bullet
Музеи
Divider
Arrow Bullet Културно-уметнички живот
Divider
Arrow Bullet Спортски живот
Divider
Arrow Bullet Односи во семејство
Divider
Arrow Bullet Материјална култура
Divider
Arrow Bullet
Духовна култура
Divider
Arrow Bullet Заклучок
Divider
Arrow Bullet Извори
Divider
Arrow Bullet

Подарени етнолошки предмети од старите скопски фамилии за Музеј на град Скопје

Divider

Скопските кина

Кината во градот Скопје во периодот меѓу двете светски војни, претставувале најинтересна и најомилена забава на скопјани.

Со појавата на тонскиот филм, кината во градот биле максимално посетени. Постоела големата реклама и комерцијална основа за прикажување на тонски филмови, но тие  не нуделе ни технички, ни содржински квалитет.  Немите филмови, според критичарите, биле ремек дела  во споредба со тонските филмови. [1]

Но, сепак, соединувањето на музиката и говорот во филмот претставувало своевремена сензација за човештвото.

 Во периодот   1923-1925 год. во градот постоеле три кина - “Балкан” “Вардар” и “Зрински”.

 Во големата сала на кафеаната “Зрински” секоја вечер, во зимскиот период, се прожектирале  филмови, а во летниот период во бавчата.  Филмовите кои се прикажувале во киното”Зрински” биле од продукција на познати светски филмски продукциски куќи. [2] Во 1926 год. во голем пожар изгорела кафеаната и киното “Зрински”. [3]

 Во 1925 год. во состав на кафе “Аполо” кое се наоѓало на плоштадот Крал Петар, било отворено ново кино  кое во однос на опремата било посовремено. Киното “Аполо” имало ложи со седишта кои биле нумерирани, [4] а  салата била поделена на прв и втор дел. Во ова кино најстрого било забрането служење на пијалаци и храна, но затоа, во холот имало бифе. Киното во летните месеци ја прикажувало филмската програма на “венецијанската” тераса. [5]

 

26.1. Летната тараса на киното “Аполо”, МГС инв. бр. 2138

 

Киното “Аполо” изгорело во 1930 год.,  а на неговото место било отворено ново кино - “Корзо”. Во 1932 год. освен киното “Корзо” било  отворено и  летното кино “Граѓанска касина” во бавчата на “Каламарас” во Пајко маало. [6]

Киното”Балкан” прикажувало филмови од германска, англиска и француска продукција, но се прикажувале и шпански филмови. Закупник на киното бил Светозар Диклиќ кој бил претставник на компанијата “Филипс” и затоа во ова кино биле прикажувани првокласни филмови. Филмовите биле прикажувани  во кино-салата  и во бавчата на ресторанот “Балкан”. [7]

Во филмската сезона 1934 год. биле прикажувани филмови од европска и американска продукција и најнови филмски журнали од продукцијата на “Paramount”. Новина претставувале и цртаните филмови со Мики Маус кои биле во боја. [8]

Во киното биле прикажувани и драми,  музички дела со оперски пејачи,  духовни и забавни оперети,  комедии и др.

Во 1936 год. скопското кина “Балкан” го презеле Богдан Арацки и Алберт Камхи  кој во градот бил познат под името Ганди. Киното го воделе со успех и се труделе да емитуваат најдобри филмови со најпознати глумци, а публиката била многу задоволна. Стручноста и апсолутното познавање на работата на Камхи, била сигурна гаранција за посетеност на киното. [9]

Во салата на киното “Балкан”, по  завршувањето на филмските проекции,  се приредувале игранки.            

Киното”Вардар” се наоѓало до киното “Балкан”, чија дирекција со својата реклама во скопските весници ветувала  најдобри и најнови филмови. На програмата биле прикажувани тонски филмови кои не биле разбирливи за голем дел од гледачите, со гласна музика и дијалози на германски и англиски јазик. [10]   Во 1930 година, во новото кино “Вардар” била одржана првата проекција на првиот тонски филм “Дама од тротоарот”. [11]

Посетата на кината била голема поради  љубопитноста  и желбата за нешто ново.

Трите кина  кои работеле во текот на 1930 год., на својата програма  прикажувале тонски филмови, но со примитивни почетни облици.

Киното”Капитол” било сместено во Кранговата палата и било сопственост на Мандил. Репертоарот на киното  бил  со  филмови од подобар квалитет, поради склучениот договор со светската фирма “Paramount”. [12]

Во 1932 година, во Скопје било изградено и киното “Авала”. [13]

Киното “Уранија” се наоѓало  зад киното “Вардар”. Во 1938 год. го изградиле  Никифор Костиќ и Дича Филота. За набавка на најмодерна кино-апаратура, “Ернеманд 2”, од германско производство, вложиле 80 златни наполеони, а опремата била набавена од Виена. За монтирање на кино-апаратурата биле ангажирани двајца кино-оператори од Австрија.

Киното било верифицирано  од  инспекторот на тогашна “Југославија-филм”, Роберт Кодман. Филмовите ги набавувале во лиценцните претставништва на “Метро - Голдвин  Маер”,”Уфа”, Парамаунт” и “Твенти сенчери фокс”.

Пред секоја проекција на неми филмови, пред киното имало мал ритуал: свирела плех-музика, а гледачите стоеле пред “луксовите” или пред газиените лампи,  додека еден говорник ја читал содржината на филмот. [14] Истото се повторувало и во салата, за време на долгите паузи кога се менувале лентите.

Кината кои работеле немале прописни услови за работа и сигурност од пожари.  Киното “Уранија” немало прописни врати за влез и излез   на публиката. Ложите биле направени од лесно запалив материјал со тесни премини во фоајеата. Целокупниот дрвен материјал во салата и останатите простории на киното претставувале опасност од пожар. Неколку рачни апарати и вградени хидранти во просториите на киното не обезбедувале никаква сигурност.

Киното “Вардар” се загревало со две големи печки под кои немало плех за обезбедување на патосот, а се одржувале со премачкување со зејтин. Киното немало апарати за гасење, а сигурносното осветлување било приклучено на градската мрежа што не било сигурно, бидејќи требало да биде приклучено на електрични батерии (акумулатори) независни од градската мрежа.

Киното “Авала” било сместено во голема шупа од  мешовит материјал. Благајната била сместена на дрвен сандак пред влезот во киното. Во салата немало апарати за гаснење пожар.

Киното”Капитол”, се загревало  со печки, а тие биле поставени до филмското платно и претставувале опасност. Ова кино најмногу го посетувале деца.

Поради ваквите услови, во 1934 год.   полициските власти во Скопје   издале наредба, според која сите кина морале да овозможат безбедност на посетителите на кината. [15]

Според оваа наредба , седиштата во кината морале да бидат нумерирани и било забрането додавање на столови и клупи. Апаратот за проектирање морал да биде одвоен во кабина, а ѕидовите, таванот и подот, требале да бидат изработени од незапалив материјал. На страната на кабината кон публиката можело да има само простор за проекторот и мал прозорец. Во кабината секогаш морало да има една кофа со вода и мокро ќебе. За време на работата, во кабината не смеел да влегува никој освен операторот, неговиот помошник и ученикот кој се обучувал за работа. Салите на киното морале  да имаат вентилатори за проветрување.

Во салите било забрането викање и удирање по столовите. Бидејќи во повеќе од кината се продавале продукти, тие морале да бидат заштитени. Забрането било присуството на деца на проекции на филмови за возрасни. Сопствениците на кината биле должни 24 часа пред прикажувањето на филмот, во управата на полицијата да поднесат цензурна книшка или карта за филмот и да добијат дозвола за прикажување. Во случај да не добијат дозвола, не смееле да се објавуваат слики и натписи за филмот. [16]

 

26.2. Внатрешноста на киното “Балкан”, МГС инв. бр. 4678

 

Развојот на кинематографијата како уметност се одвивал забрзано, а кината биле  места каде што се доаѓало во допир со оваа уметност. Затоа, скопската публика привлечена од атрактивноста на филмското платно  редовно ги посетувала.

Квалитетот на кино-претставите во многу зависел од квалитетот на кино -проекторите кои во скопските кина биле застарени, а со тоа и квалитетот на прикажуваните тонски филмови бил многу низок. Освен тоа, многу од филмовите не биле разбирливи за гледачите бидејќи не биле преведени.

Кината ги  посетувале сите граѓански слоеви, од чиновници, богати трговци, интелектуалци, деца, бидејќи никој не можел да одолее на возбудата што на носеле странските филмови и познатите актери.

Репертоарот на кината во Скопје бил разновиден.  Биле прикажувани филмови  за Марко Поло, Флаш Гордон, Тарзан, Франкештајн и др.

Во киното “Капитол” се давале по два филма, а пред почетокот се прожектирале цртани филмови со Мики Маус. Првиот филм обично бил љубовен, а вториот вестерн или криминалистички. Омилени вестерн артисти биле: Том Микс, Дик Форан, Кеј Менард, Жорж Обриен, Ерол Флин, Хари Бор, Џони Вајсмилер како Тарзан и др. [17]

Други познати артисти биле Мае Мурај, Марлен Дитрих, Морис Шевалие, Пјер Реноар и др. [18]

Детската публика особено ги прифатила филмовите на Волт Дизни,  цртаните филмови со Мики Маус, Снежана и седумте џуџиња   кои биле посетувани во голем број, а имале и педагошка вредност. [19] Пред почетокот на Втората светска војна, во градот работеле кината “Вардар”,”Балкан”,”Уранија” и др.

Едни од сопствениците на кино во Скопје биле семејството Петрови. Браќата Анте и Борис во Скопје се доселиле од Дебар. Живееле до Поштата кај Исламската бања. Уште за време на турското владеење купиле плац на улицата Крал Петар, Принц

–орђе и Алекса Шантич.

Анте Петров се оженил со Елисавета Јанева и од добиениот мираз во 1911 год. го изградиле првиот двокатен хотел во Скопје, хотелот Балкан. Подоцна го  отвориле и киното Балкан. Анте и Елисавета имале три сина - Иван, Томе и Димитар и ќерка Петранка.  Иван се школувал во Белгија и бил машински инженер, а се оженил со белгијанката Жермен. Томе се школувал во Франција  и студирал право на Сорбона, а се оженил со французинката Ивон. Димитар и Петранка се школувале во францускиот колеџ во Солун.

Семејството Петрови било видно семејство во градот со навики карактеристични за богатата класа. За нивната куќа се грижеле измеќарки. Елисавета со пајтон одела во црква и имала своја маса во бавчата на кафеаната Балкан, каде што  седела со своите пријателки. На летување одела во Словенија, во бањата  Липник. [20]

 

26.3. Сопствениците Елисавета и Анте пред  киното “Балкан”, МГС инв. бр. 4684

 


 

[1] О позоришту и филму у Скопљу, “Јужни преглед”, 1931, 323

[2]   Реклама за киното “Зрински” во списанието “Јужна Србија”, 1923 год.

[3] Несреќна година за дел од кината во Македонија, Филмско столетие во Македонија, Кинотека на Македонија, Скопје 1995 год.

[4] Кино Балкан,”Наша Стара Србија”, 1924-25 год.

[5] Во Скопје е отворено првото модерно кино “Аполо” 1925, “Филмско столетие во Македонија”, Кинотека на Македонија, Скопје 1995год.

[6] Филмско столетие на Македонија, Кинотека на Македонија,Скопје 1995 год.

[7] Г.Диклић је преузео скопски биоскоп “Балкан”, “Вардар” 9 фебруар 1933 год.

[8] Кино “Балкан”, “Вардар”, 22 септеври 1934,7.

[9] Скопски  Ганди преузео је кино “Балкан”, “Вардар” 28 јануар 1936  год.

[10] Петар Митропан, О позоришту и филму, “Јужни преглед”,  1931, 324.

[11] Во Скопје , на Божиќ, е одржана проекција на првиот тон филм..., 1930 год., “Филмско столетие  во Македонија”, Кинотека на Македонија, Скопје 1995 година.

[12] “Вардар” , 1933 год.

[13] “Филмско столетие во Македонија”, Кинотека на Македонија, Скопје 1995 год., 1932 год.

[14] , Каде “По и пред дождот”,”Вечер” 12-13 -ноеври 1994, 12.

[15] Наредба Управе полиције у Скопље,”Вардар” 27 јануар 1934, 5.

[16] Зграде скопских јавних локала с обзиром на прописе о пожарној  безбедности, Скопски Гласник 1938 год.

[17] Д-р Митко Панов,  “Хроника на едно детство и младост”, раскажувачки сеќавања, Скопје 1980 год.

[18] Владимир Саздов Антовски, сеќавања, теренски истражувања во 1995 г.

[19] Педагошка вредност Дизнијевих филмова, Поводом “Снежане и седам патуљака”, “Јужни преглед” бр.1 јануар 1939год.

[20] Перса Петрова, сеќавања, теренски истражувања во 1995 год.