topimage
HomePage Header Header
Image_t3
Left BG
Divider
Arrow Bullet

Почеток

Divider
Arrow Bullet

Содржина

Divider
Arrow Bullet

Вовед

Divider
Arrow Bullet

Краток историјат на градот Скопје

Divider
Arrow Bullet Население
Divider
Arrow Bullet
Скопски маала
Divider
Arrow Bullet Регулационен план
Divider
Arrow Bullet Улиците во градот
Divider
Arrow Bullet Градежна активност
Divider
Arrow Bullet Водовод
Divider
Arrow Bullet Јавни бањи и амами
Divider
Arrow Bullet Јавна хигиена
Divider
Arrow Bullet Јавна канализација
Divider
Arrow Bullet
Електрификација
Divider
Arrow Bullet Сообраќај
Divider
Arrow Bullet Пошта
Divider
Arrow Bullet

Скопската чаршија и занетчиство

Divider
Arrow Bullet Трговија и трг. врски
Divider
Arrow Bullet Банкарство
Divider
Arrow Bullet Индустрија
Divider
Arrow Bullet Хотелиерство
Divider
Arrow Bullet
Јавна безбедност
Divider
Arrow Bullet Социјални прилики
Divider
Arrow Bullet Здравство и хигиена
Divider
Arrow Bullet Ветеринарна служба
Divider
Arrow Bullet Паркови и зеленила
Divider
Arrow Bullet Театар
Divider
Arrow Bullet Скопски кина
Divider
Arrow Bullet Корзото и прошетки
Divider
Arrow Bullet
Кафеани
Divider
Arrow Bullet Плажи
Divider
Arrow Bullet Излетнички места
Divider
Arrow Bullet Цркви и црк. живот
Divider
Arrow Bullet Градски гробишта
Divider
Arrow Bullet Просветни прилики
Divider
Arrow Bullet Научни друштва
Divider
Arrow Bullet
Музеи
Divider
Arrow Bullet Културно-уметнички живот
Divider
Arrow Bullet Спортски живот
Divider
Arrow Bullet Односи во семејство
Divider
Arrow Bullet Материјална култура
Divider
Arrow Bullet
Духовна култура
Divider
Arrow Bullet Заклучок
Divider
Arrow Bullet Извори
Divider
Arrow Bullet

Подарени етнолошки предмети од старите скопски фамилии за Музеј на град Скопје

Divider
Arrow Bullet
Divider
   

Театар

Работата на скопскиот театар  во периодот 1918-1928 год. се одвивала во повеќе згради, сé до изградбата на новата зграда на Народниот театар. Во 1919 година театарот започнал со работа во ресторанот “Зрињски”, а продолжил во театарската зграда”Арена” која била набрзина направена.

Работата на театарот во ресторанот”Зрињски” кој бил изграден во 1913 год., се одвивала во долгата сала која била импровизирана сцена од штици. Во изгорената зграда на театарот од времето на османлиското владеење, биле сместени работилниците за изработка на декор и реквизити. Кулисите биле примитивни, насликани од двете страни.

Секоја седмица се прикажувале по пет претстави, а секој вторник се одржувала премиера. Управник на театарот бил Бранислав Нушиќ , а по неговото заминување, за управник на театарот бил поставен Радивое Караџиќ.

Привремената зграда “Арена” на местото на стариот театар, на Плоштадот, на десната страна на градот, била изградена во 1919 год.

Таа била уредена во национален стил, со шари  како на пиротските килими. Таванот бил во светло сина боја со златни расфрлани ѕвездички. Во салонот, од левата и десната страна имало по 7 ложи со по 6 седишта. Балконот имал 125 седишта каде што се влегувало од дворот по дрвени скали. Отворот на сцената изнесувал 12 метри, а ширината 10 метри. Имало две гримиорни, од кои една машка и една женска. Од двете страни на сцената имало по една просторија за реквизити и мебел. Сцената била осветлена со многу светилки на рампа, со штендери од страните. Светилките биле обоени во црвена, жолта и сина боја. [1]

Во 1919 година во театарот пристигнале група артисти- емигранти , меѓу кои имало артисти, пејачи, балетски играчи и музиканти. Дел од оваа група бил примен во скопскиот театар, а режисерот Александар Верешчагин бил назначен за главен режисер. Артистичкиот кадар во театарот ја достигнал бројката од 45 лица и постојан драмски хор од 16 лица, 8 мажи и 8 жени. [2]

Верешчагин се покажал како добар режисер и во таа сезона тој режирал многу претстави меѓу кои: “Без вина, виновен” од Островски,”Вообразено болен” од Молиер,”Три сестри”од Чехов, “Ана Каренина” од Толстој, “Ревизор” и “Женидба” од Гогољ,  а со неговото доаѓање се почуствувало раздвижување во театарот  и подобар квалитет на претставите. Управници на театарот во овој период биле Бранислав Нушиќ, Радивој Караџиќ, Андреја Милчиновиќ, писател од Загреб, артистот Брана Цветковиќ, Д. Љотиќ, професор од Машката гимназија и повторно Радивој Караџиќ.

Во 1920 год. во театарот била отворена театарска школа. Оваа школа траела две години , а биле примани млади луѓе на возраст од 18 до 24 год.

Предавањата се одржувале во Машката гимназија, а предавачи биле  Верешчагин кој предавал три предмети - глума, мимика и мечување, Александра Лескова, артист и режисер, предавала глума и сценски говор, Радивој Караџиќ - историја на уметност, Ана Дорјан, поставка на глас, пеење и пластика (сценски движења) и професор М. Павловиќ - историја на српската литература и српски јазик. [3]

Зградата на театарот однадвор била ниска и неугледна, но привлечна за гимназијалците, бидејки била во центарот на градот, а бифето на театарот било секогаш полно.  Многу од гимназијалците биле ангажирани како  статисти во одредени претстави или во хорот, за што добивале хонорар од 10 дин. за претстава.Чест гостин на театарот бил поетот Раде Драинац кој се дружел со артистите и за секоја претстава тој имал свое место во режисерската ложа. Секоја пролет, почнувајќи од 1923 год., театарот имал турнеја низ градовите во Македонија. На овие турнеи се патувало со “фордови” автобуси и камиони, а во градовите артистите спиеле во приватни куќи, бидејќи секаде немало хотели.

Квалитетот на претставите се  подобрил, а имало и подобар декор, реквизити, мебел,   а работната атмосфера била на ниво.

 

25.1. Плакат за театарската сезона 1922-23, МГС инв. бр. 1904

 Со подобрувањето на квалитетот на претставите се зголемила и публиката, особено на оние претстави кои биле  многу популарни, како оперетите “Гаталка”,”Гејша”,”Мамзел Нитуш” и др.

Во 1925 година. по иницијатива на Верешчагин, за почетокот на новата година, во театарот била организирана богата програма, со јадење, пиење, лотарија, рулет и разновидни атракции кои долго се паметеле и му  обезбедиле солиден приход на театарот.

Зградата на театарот која била изградена  во 1919 год., со цел да биде привремена, служела сé до 1925 год. кога се урнала и театарот  пак останал без своја зграда.

 

25.2. На фотографијата се театарските артисти - основачи на Скопскиот театар во 1919 година. Снимени се режисерот Александар Верешчагин, артистите Љубиша Филиповиќ, Ленче Мимеќ, Џимиџиев, сопругата на Милан Орковиќ, Жика Ордановиќ.

Театарот ја продолжил својата работа во ресторанот “Палас”, а потоа во Кранговата палата, сé до отворањето на новата зграда, во 1927 година. [4] Двете сали не биле погодни за претстави, бидејќи во ресторанот “Палас” кој се наоѓал на левата страна на Вардар, кај Еврејското маало, имало два столба кои пречеле при гледањето, а Кранговата палата која била многу свечена, со големи лустери,  не одговарала бидејќи салата била во форма на буквата “г”. Во Кранговата палата се одржувале и балови, приеми, а било отворено и училиште за танци. [5]

Членови на театарот биле артистите: Бранко Јовановиќ, Милан Бандиќ, Брајовиќ, Цветковиќ, Бозољац, Лепосава Павловиќ, Тодорче Николовски кои завршиле театарско средно училиште, Пера Јовановиќ,Светолик Никичевиќ, Реља Ѓуриќ и новоангажираните артисти меѓу кои сестрите Ефка и Невенка Микулиќ, Јоланда и Азалеја Гачиќ, Мила Ерцеговиќ, сестрите Липошќак, Јован Гец, Стево Добриќ, Дујам Билуш, Јанко Ракуша, Миро Копач, Милан Лекиќ, Пеција Петровиќ и др.

 На репертоарот на театарот  во Скопје во периодот 1919-1925 год., односно во текот на шест сезони, се одржале вкупно: 1230 редовни претстави од кои 574 домашни, 132 словенски  и 551 странска  претстава. Од домашните претстави, најприкажувана била “Коштана”од Б.Станковиќ (42 пати), “Џидо” од Ј. Веселиновиќ и Д. Брзак (37 пати), “Зона Замфирова” од Ст. Сремац во обработка на Симо Ј. Буниќ (36 пати).

 

25.3. Плакат за претставата “Коштана” во 1922 год.

 Најиграни биле делата на Бранислав Нушиќ - “Обичен човек”, “Кнез од Самберија”, “Протекција”, “Наши деца”, “Народен пратеник”, “Сомнително лице”, “Каплар Милоје” и др.

Одлуката за изградба на  нова театарска  зграда била донесена уште  за време на османлиското владеење. Во 1921 год., архитектот Јосип Буквац го завршил проектот за театарската зграда, со планови и технички елаборат кои биле на ревизија што ја извршил Т. Мадјаревиќ, а работите ги изведувал претприемачот Крсто Будимовиќ. Изградбата на театарот ја надгледувал арх. Бронштајн кој направил одредени корекции на првичниот проект.

Поради повеќе причини ( пречекорување на финансискиот план и заземање на општинско подрачје), работата неколку пати била прекината.

Проектот претрпел корекции и со заминувањето на арх. Бронштајн, а работата ја продолжил арх. Бељаевски. Со овие корекции целиот објект бил посиметричен и делувал урамнотежено и компактно. Седиштата биле повторно прегрупирани и бил променет бројот на ложите. Галеријата била порационално искористена и бројот на седиштата бил зголемен.

Трета корекција претставувала промена на дрвената покривна конструкција во железна што било појако и потрајно решение.

Целокупната работа на изградба на театарот била проследена со судски спор поради заземањето на општинско подрачје. Спорот бил решен во 1924 год. во полза на изградбата на театарот и измените на  арх. Бељаевски.

Во 1925 год. работата ја презел арх. Д. Леко со помошникот арх. Меснер. Зградата повторно претрпела корекции , но веќе почнала да го добива својот конечен изглед. Фасадата била прочистена и олеснета и под фасадниот венец биле поставени фигурални скулптури.

Последните работи на проектот и изградбата на     театарот, ги презел и ги завршил арх. Петар Гациќ, со помош  на арх. Татаринов и Меснер, а за инсталацијата бил задолжен инж. Патулин. Бидејќи завршните работи на театарот се оддолжиле, управата на театарот  во која биле М. Петровиќ и Верешчигин одлучиле да објават свечено отворање  на 26, 27 и 28 октомври 1927 год., со што работата била забрзана ,  но поради некои грешки,  зградата  не била одобрена од комисијата  уште една година. [6]

Наредната година била доградена уште една зграда, која служела како работилница,  просторија за  реквизити и кулиси, а била изградена и летна бина. [7]

Свеченото отворање на Народниот театар во Скопје кој бил наречен “Крал Александар” се одржало во 1927 год., а го отворил Радивој Караџиќ кој по вторпат бил управник на театарот.

 

25.4. Народниот театар “Крал Александар  „“, МГС

 Свеченото отворање било организирано во  четири вечери, првата вечер на програмата биле претставите “Наход” и еден чин од претставата”Старо Скопје”, втората вечер”Старо Скопје”, третата вечер “Господинот од Пуросњак” и четвртата вечер “Наход”. На свеченото отварање била направена грешка со која биле навредени постојаните посетители -”луѓето од чаршијата”, кои не биле поканети на отворањето на кое присуствувале само претставници на власта, службеници и трговци. [8]

 

25.5. Распоред на седиштата на новиот театар, Архив на Македонија

 

Театарот претставувал украс на градот, а навечер го осветлувал целиот кеј на реката Вардар. Влезот на театарот бил нагласен и бил подигнат на 4 столбови  со 4 скали. Тремот бил украсен со многу слики во рамки во боја на старо злато, а тапацирот бил во јака црвена боја која преовладува во целиот театар.

Од двете страни на тремот имало скали кои лежеле на две кули, а долниот дел на тремот продолжувал во кулоар, каде што било забрането пушење.

Од кулоарот се влегувало во партерот и во двете крајни ложи. Кулоарот бил послан со црвен тепих и со слики на ѕидовите, а врата била црвено тапацирана со месингани кваки.

Целата зграда оддавала впечаток на свечена и пријатна атмосфера во која сите посетители се чувствувале возвишено. [9] Бината на театарот имала големи технички можности и била направена од квадрати кои со помош на електромотор се движеле и можеле да се наредат во вид на скали.

Бината од гледалиштето била одделена со црвена завеса со златен вез, а на ложите  имало драперии во  иста боја. Ложите биле резервирани за постојаните посетители. Целата сала била осветлена со лустери , а  од таваницата се спуштал лустер чиј дијаметар изнесувал 3 метри.

Седиштата на театарот биле комотни, со добра видливост и многу удобни. Сите места одлично комуницирале со  сцената.  На катот над бината била салата за проби , канцеларијата на управникот и  гардеробата на артистите.

Во однос на работата во новиот театар, а заради одржување на хигиената, управата на театарот издала наредба  за сите вработени во театарот, според која сите морале да одржуваат хигиена и да се однесуваат според одредени норми. Особено внимание се посветувало на чистотата на чевлите, пушењето,  а пиењето кафе и чај било забрането  во салата за проби. Внесувањето на животни во театарот било забрането. [10]

По свеченото отворање на театарската зграда , се продолжило со работа со поголем елан . Следните претстави кои биле на репертоар  ги режирал Верешчагин, меѓу кои биле претставите:”Светиот пламен”,”Тајфун” од Легнер, “Ромео и Јулија”, “Магбет” од Шекспир, а тој бил првиот режисер кој на новата скопската театарска сцена поставил пиеси. Во оваа сезона многу од постарите артисти заминале во пензија што било одлична можност македонскиот артист Тодорче Николовски   да добие многу улоги и да ја започне својата артистичка кариера.

Во 1928 год. за првпат била поставена една македонска претстава - “Ленче Кумановче”, во која Т. Николовски ја добил улогата на Трендо Бозаџијата.

 

25.6.Реклама за претставата “Ленче Кумановче” од 1936 год. во списанието “Скопска сцена”

 

25.7. Реклами за претставите  “Подвала” и “Печалбари” од 1936 год.

 

25.8.Неколку ликови на познатиот македонски артист Тодорче Николовски, МГС инв. бр. 4712, 4713, 4717

 

Во овој период, управникот Р. Караџиќ бил сменет и за управник бил поставен професорот од Филозофскиот факултет,  д-р Душан Недељковиќ кој по неколку месеци бил сменет, а за нов  управник бил поставен д-р Брана Војновиќ од Нови Сад. Покрај смените на управителите, дошло и до смена на театарскиот ансамбл и нови артисти: Миливое Живановиќ, Стево Јовановиќ, Радивој Летиќ, Мери Подхраски, Мери Оливери и Јелка Матиќ.

На почетокот на сезоната 1928, на први септември,        репертоарот за таа година во многу се разликувал од  претходните години кога претставите биле модерни. Новиот репертоар претставувал проблем бидејќи скопската публика сé уште не била дорасната  за вакви дела. Со појавата и  забрзаниот  напредок на  киното ,  скопската публика  имала сé поголем интерес за посета на киното каде што се прикажувале неми филмови кои биле поприфатливи и поинтересни за публиката, додека модерната драма  со сложени психолошки заплети која се прикажувала во театарот не била интересна и прифатлива.

Репертоарот во новата сезона бил во национален дух, а биле поставени 24 претстави, меѓу кои: “Кир-Јања”, “Пљусак”,”Коштана”, “Дорчолска посла”, “Бој на Косово”, “Ивкова слава”,”›идо”, во режија на  Ј. Срдановиќ . [11]

Со ваквиот репертоар во сезоните 1920-1923 година, театарот успеал да ја поврати својата публика. Најредовна публика во театарот биле чиновниците и доселениците, а со текот на времето и  граѓанската класа во градот, која станале најбројна публика. Многу чести посетители во театарот биле и Турците  и Арнаутите.

Публиката ги сакала претставите со пеење, оние со национално-историски карактер, како и романтичните .

Од странските автори најгледани биле Молиер и Шекспир. [12]

Публиката не барала на сцена да се решаваат актуелните животни проблеми и била рамнодушна кон книжевните вредности. Публиката барала лесна разонода, забава , отргнување од секојдневните проблеми. Публиката покажувала симпатија за играта на одделни артисти, а таквата глума укажувала на сериозна работа во театарот.

Во следните сезони репертоарот на театарот систематски бил пополнуван со нови претстави, публиката била сé позадоволна, а управата, од првобитните  претстави, преминала на интересни европски “салонски” репертоар и   подобра уметничка форма.

Во списанието “Јужен преглед”, август-септември 1929 год., управникот на театарот, Б. Војиновиќ кој бил добар познавач на  модерниот европски репертоар во Виена и Париз, напишал: “Скопската  публика  има здрава желба за естетско уживање, желна е за просвета и знаење, ги разбира работите спонтано и непосредно”. [13]

Репертоарот на театарот бил приспособен  според  вкусот на пошироката публика.

Во текот на 1930 год. во скопскиот театар, имало гостувања   од висок ранг. Гости на театарот биле московскиот Художествен театар и театарот “Мала сцена” од Париз.

Скопскиот театар, за разлика од  репертоарот на европските театри, каде што на програмата  биле гротески и оперети, за да не биде  аристократска установа, туку театар за широките народни маси, одбирал претстави кои ги задоволувале вкусовите на публиката. [14]

Управата на театарот  со цел за анимирање на театарот, одлучила секој четврток да приредува забави за народот. Цената на билетот била пристапна, а за сиромашните, општината делела бесплатни карти. [15]

Артистите на скопскиот театар биле организирани во “Глумачко здружение” кое имало за цел да ја развие професионалната свест на артистите и да обезбеди нивна егзистенција. Во 1934 год. бил организиран  конгрес на артистите, кога била одржана конференција во свечената сала во Офицерскиот дом. [16]

Во сезоната 1929-1930 год. во скопскиот театар биле прикажани 254 претстави, од кои 185 вечерни, 34 дневни, 28 концерти и разни приредби, 6 бесплатни претстави  за војници и 1 бесплатна претстава за народот.

Освен драмски дела, на програмата на театарот биле и разновидни приредби,  концерти, балетски вечери и концерти на пејачки друштва. [17]

Во 1931 год.  во уметничките и театарските кругови дошло до творечка криза за која   Петар Митропан, во списанието “Јужен Преглед” од 1931 год. пишувал како “ за акутна  и хронична криза на денешниот театар” [18] . Ваквата состојба била последица на немоќта и шаблонизмот на театарската техника, безбојноста на модерните дела и старите форми кои не одговарале на ритамот на тогашниот живот.

Најопасен и главен конкурент на театарот бил филмот, а во  тоа време и појавата на тонскиот филм со што  во градот завладеала своевидна епидемија што ја зафатила пошироката публика. Меѓутоа, прикажувањето на тонските филмови во скопските кина не нуделе квалитет. По задоволувањето  на љубопитноста за киното, скопската публика повторно се вратила на својата стара љубов, театарот, а театарот со својот прилагоден репертоар и намалени цени  ја повратил својата атрактивност.

Во театарската сезона 1934-35 год. театарот имал  многу способни и млади  артисти меѓу кои Живка Срдановиќ, Добрила Цимиќ, Ружица Радосавлевиќ, Мила Ерцеговиќ, Мила Гец, Пера Јовановиќ, Јосиф Срдановиќ,  Милутин Цимиќ,  Тодорче Николовски,  Синиша Раваси.
Управник на театарот бил Велимир Живојиновиќ - MASSUKA. [19]

Интересна била појавата на претстави за деца (за гимназијалци  и за деца од основни училишта), меѓу кои “Зулумќар”, “Два цванцика”,”Полска болница” и други кои биле  прикажувани на деца и на возрасни.

Максимален број на посетители доживеала претставата “Печалбари” од Антон Панов која била премиерно изведена  во сезоната 1935-36 год., а оваа  претстава  ја посетиле вкупно 6715 посетители на 10 изведби.

Во оваа сезона детските претстави биле  прикажани вкупно 12 пати, со 7405 посетители, а се одржале и 6 претстави за селани и војници    со 4500 гледачи. Театарската сезона била со повеќе домашни претстави, а странските претстави биле со висока уметничка вредност.  Театарската управа утврдила дека скопската публика повеќе сака квалитетна претстава од познати писатели кои биле потешки за разбирање, отколку лесна забава и просечни писатели, со што се создавал нов  вкус на публиката.

Финансиската состојба на театарот била многу тешка, поради што театарот не можел за секоја претстава да ангажира  хор и оркестар, па затоа било оневозможено континуираното негување на народните дела со пеење, иако постоела констатација дека основата на  театарот треба  да бидат претставите од тој тип кои привлекувале најмногубројна (пр.”Печалбари”). Претставата “Ленче кумановче”, првпат била поставена во 1928 год., а  во 1936 год. била најпосетена претстава со 10 изведби и 5461 посетител, просечно по 546 гледачи на една претстава. Втора по гледаност била “Коштана” од Б.Станковиќ со 7 претстави  и 3265 гледачи и “Печалбари”од Антон  Панов со 17 претстави и 7739 гледачи. Во претходните сезони, повластени билети   користеле само чиновниците, но во 1935 год. театарот  донел одлука сите што сакале да посетуваат претстава да користат 40% попуст, ако на благајната приложат пари за следните 10 претстави. [20] Сите претстави биле поделени во циклуси од по три претстави. Со претплатата секој претплатник добивал место  по свој избор.

Уметничкиот персонал на театарот  се состоел од режисери (Велимир Живојиновиќ, Владимир Скрбиншек, Јосиф Срдановиќ, Анте Шољак), артисти (Живка Срдановиќ, Добрила Цимиќ, Ружица Радосавлевиќ, Пава Слука, Мери Потхраски, Пера Јовановиќ, Јосиф Срдановиќ, Тодор Николовски, Синиша Раваси и др.), суфлери, постојани фигуранти, повремени фигуранти, техничка служба.

Најгледана претстава  во сезоната 1937-1938 била  “Печалбари” со 7 претстави и 2975 посетители и “Коштана” со 11 претстави и 5098 гледачи, а од странските “На поселу”од Александров и Старицкин - 9 претстави со 3453 гледачи.

За претставата “Печалбари” во весникот “Скопски Гласник” , била објавена поволна критика, во која се зборувало за успешноста на ваквата политика на Народниот театар во однос на  претставите   за широките народни маси кои  била прифатени од голем број  посетители. [21]

Во сезоната 1938-1939 год. во Скопје биле прикажани 172 вечерни претстави, 40 дневни претстави, 28 претстави за ученици и деца  , со многу нови премиери од домашни и странски автори. Сезоната 1939-1940 год. завршила со прикажување на 157 вечерни, 37 дневни и 26 претстави за деца.

Репертоарот на Народниот театар во 1940 год. на програмата имал дела од југословенски автори, англиски, француски, словенски, нордиски, германски, италијански, шпански, унгарски и романски автори. [22]

Посетеноста на театарот била голема, а неговиот репертоар и голем број на премиери, овозможувал задоволување на вкусовите на разновидната публика. Дел од публиката редовно го посетувала театарот  и   имал свои ложи. Семејството на Стерије и Вангелица Димитријевиќ имале своја ложа во театарот, а Тодор Стојановиќ бил чест посетител во театарот и бил близок пријател со артистот Раша Плавовиќ.


 

[1] Тодорче Николовски, секавања, теренски истражувања во 1996 г.

[2] Тодорче Николовски, секавања, теренски истражувања во 1996 г.

[3] Исто,

[4] Позориште у Јужној Србији, “Споменица 25-годишњице Јужне Србије”, Скопље, 1935, 961.

[5] Борислав Градишки, сеќавања, теренски истражувања во 1996 г.

[6] Тодорче Николовски, сеќавања, теренски истражувања во 1996 г.

[7] Летња бина, Скопски Гласник бр.5719, 1930, 2.

[8] Исто

[9] Тодорче Николовски, сеќавања, теренски истражувања во 1996 г.

[10] Наредба за одржавање чисто˚е у новој згради театра, Наша стара Србија, бр.243, 1927, 3.

[11] Позоришни преглед, Јужни преглед- почетак сезоне, Скопље 1928 год.

[12] Позоришни преглед, “Јужни преглед”, 1929, 36.

[13] Позоришни преглед, Јужни преглед, август, септембар,1929, 346.

[14] Позоришни преглед, Јужни преглед, август, 1931 год.

[15] Театар, Скопски Гласник бр.57, 1930, 3.

[16] Конгрес глумаца у Скопљу, Скопски Гласникбр.310, 1934, 3.

[17] Народно позориште- преглед сезоне, Скопски Гласник бр.89, 1930, 2.

[18] Петар Митропан, О позоришту и филму у Скопљу, “Јужни преглед”, 1931, .323.

[19] Тодорче Николовски, сеќавања, теренски истражувања, 1996 г.

[20] Скопска сцена,1935-36-37 год. Скопље.

[21] Публика о приказу “Печалбара”, Скопски Гласник бр.406, 1935, 5.(1936!)

[22] Позоришни годишњак, сезона 1939-40 год.