Детски
театар и балетски училишта |
Во овој период во градот
работел и Детски театар. Детскиот театар всушност бил детското
друштво “Пчеличка” кое работело во основното училиште “Света
Богородица”. Во Народниот театар ова друштво приредувало детски
концерти и претстави.
Еден од првите концерти
на Детскиот театар бил приреден во 1923 год. во Народниот театар со
целовечерна програма со повеќе точки.
Работата на Детскиот
театар била под раководство на г-ѓа Бенсон, руска дама. Според
критиките, работата на Детскиот театар била сериозна, со добра
режија, костими и хармонија на игра. Костимите биле направени од
шарени материјали во разновидни бои. Најгледана претстава на Детскиот театар била пиесата “Пчеличка”
која ја напишала г-ѓа Бенсон.
Освен Детскиот театар, во
Скопје имало и неколку балетски училишта во кои биле зачленети
децата на побогатите семејства ( Лела Божиновска, Верица Шеќеринова
и др.)

25.10. Детска балетска
група под раководство на Софија Михолиќ, фотографија од претставата
“Снежана и седумте џуџиња” од Монографијата “50 години од Музичкото
училиште во Скопје”, МГС инв. бр. 4862

25.11. Плакат од
претставата “Снежана и седумте џуџиња” одржана во Народниот театар
во 1940 год.
Во приватното балетско
училиште часовите ги одржувала Софија Михолиќ. Часовите се
одржувале во голем стан на денешна ул. “Илинденска”, на паркет, со
музика од грамофон. Во групата биле зачленети 15 деца, од кои
3 машки. Се вежбало двапати неделно. Децата вежбале со “соколски
патики” (подебела кожа на долниот дел, а од горе потенка кожа),
дресови, панталони и блузички. Оваа балетска група одржувала
приредби во Офицерскиот дом и во Театарот.
На концертот во 1940 год.
одржан во Народниот театар, во организација на Женската гимназија,
учествувало и Балетското училиште под раководство на Софија
Михолиќ, со претставата за деца “Снежана и седумте џуџиња”.
Балетското училиште го
посетувала и Лела Божиновска. Облеката за претставата била
составена од фустанче од зелена свила и зелен органдин со четвртести
деколтеа. Ракавите биле од потенок органдин, здолништата биле со два
реда карнери, а на нозете носеле патики. Оваа облека ја користеле
и за други претстави кога додавале сомотски елечиња во црна боја.
Верица
Шекеринова, благодарение на стабилноста и економската положба на
своето семејството, ја посетувала приватната балетска група во
подрумските простории на хотелот “Бристол”. Балетската група била
под раководство на педагогот Софија Михолиќ-Цветичаниќ, а вежбите се
одржувале 2-3 пати неделно во попладневните часови..

25.12. Фотографии од
претстави на детското балетско училиште, меѓу кои се: Лилјана
Настасиевиќ, Вера Шеќеринова, Беба Михолиќ, Њања Милутиновиќ, Кока и
Елена Патрногиќ, Радмила Попангова и Мира Вуќичевиќ.
|