Во овој период во Скопје,
освен модерни градби и хигиенско уредување, големо внимание се
посветувало и на градското зеленило долж патиштата, по кејовите на
р. Вардар, по улиците и булеварите и уредување на постоечките и на
новосоздадените паркови, скверови и слично.
Се правеле напори да има
зеленило составено од убави дрва, особено во централното градско
подрачје, од Железничката станица до Камениот мост.
Еден од министрите за
шумарство и рудници во тоа време, Ѓуро Јанковиќ, со големо
задоволство работел на зазеленување на градот. Во 1939 година, од вкупно 140 хектари под јавно градско зеленило,
најголем дел му припаѓал на Скопје. Во периодот 1918 - 1928 година,
просторот со паркови и зеленило бил сосема мал, а постоечките
паркови и зеленилото биле недоволно уредени.
|