Овој парк заземал
површина од 2.000 м2, но во него не биле изградени алеи и
патеки. Ова место било пошумено со 300 примероци на различни видови
дрвја, а најмногу имало багреми. Чаирскиот парк бил создаден во
периодот 1929 - 1931 година. Тоа било шума што се наоѓала во
подножјето на Гази Баба. Паркот се разликувал од другите паркови по
тоа што бил ограден со бодликав тел. Како и во другите паркови и во
овој парк имало чувар.
Во Скопје имало и други
зелени површини кои скопјани ги користеле за одмор. Особено убави
биле Француските гробишта.
|