Стариот парк на улица „Караѓорѓева“ |
Во 1921 година стариот
парк бил проширен за сметка на двата урнати стари дуќани што биле
изградени на ова место.
Паркот бил со алеи и
жива ограда од разновидна флора. Во паркот вкупно имало 75 примероци
дрвја и 12 клупи за одмор на шетачите. За обезбедување на паркот
имало една стражарница за чувар на паркот.
На истата улица се наоѓал
уште еден мал сквер со жива ограда, со 23 корења багрем, 4 корења
американски јавор и туја и 8 грмушки хибискус. Биле засадени
вкупно 39 дрвја, а на 80 м се простирала жива ограда од 48 примероци
гледичија.
23.8. Крсто Ставриќ со
својата сопруга во Градскиот парк
|