Паркот
кај хотелот “Балкан” |
Овој парк бил со површина
од 21.000 м2. Во паркот имало мал базен и голем број на
алеи со грмушки, дрвја и цвеќиња. Особена убавина на паркот му
давала оградата со убаво соѕидана капија за влегување на коли и
пешаци.
Флората на овој парк била
слична како и во Градскиот парк со 60 стебла багрем, 40 стебла
американски јавор, 10 тополи и шпански јавор, 3 магнолии, 7
четинари, 8 туи, многу видови иви итн. На 1200 метри имало засадени
3600 дабови кои ја сочинувале живата ограда. Во паркот вкупно имало
310 корења дрва. За одмор биле поставени 12 клупи и една стражарница
за чуварот на паркот.

23.7. Елисавета
Петровска, сопственичка на киното и кафеаната “Балкан” со своите
пријатели, МГС инв. бр. 4680
|