Уште на почетокот на
векот бил засаден мал парк на р. Серава. Бил со мала површина од 20
декари која служела како пазариште каде што селаните од околните
села носеле дрвен јаглен и огревен материјал за продавање. Паркчето
било засадено со јасен, липа, багрем, гледичија и други видови
дрвја. Паркот се наоѓал покрај денешната улица Стив Наумов. За преуредување и проширување на паркот, од странство било покането
стручно лице за паркови и цвеќарство.
|