Првиот дел на овој парк
заземал простор од 7600 м2. Според други податоци, овој
парк бил подигнат во почетокот на 20 век, на површина од околу 113
хектари. Паркот
бил засаден со растенија во парцели кои биле направени според
посебен план.
Алеите на паркот биле
засадени со цвеќиња кои успевале на овие простори како и со увозни
цвеќиња. За одржувањето на паркот бил изграден модерен базен со
моторна пумпа за црпење на вода од најблискиот јаз на р. Вардар.
Новиот дел на паркот бил
на површина од 4800 м2. На овој простор, земјата се
копала на длабочина од еден метар. Оттаму се вадел песок, а се
ставало ѓубре за оплодување на почвата. Тој дел бил плански поделен
на парцели и засаден со дрва. Било направено вештачко езеро и
канали поврзани со јазот на р. Вардар и мост за пешаци.
Лево од ова земјиште, на
простор од 28.000 м2 биле направени парцели. Земјиштето
било култивирано и подготвено за расадник и други градинарски цели.

23.3. Паркот Идадија со
ресторанот во 1931 год., МГС инв. бр. 1541
Во овој дел на паркот бил
изграден и модерен пат од 700 метри. Покрај патот биле засадени
дрвја.
Посебна убавина на паркот
му давала куќата на управникот на паркот која била изградена во
швајцарски стил, а до неа стаклената градина од 200 м2 за
расад на цвеќиња за потребите на паркот.
Покрај оваа стаклена
градина, имало уште една помала градина од стакло со површина од 70
м2 за производство и одгледување на расад за цветните
леи.
За потребите на паркот во
оваа вила бил сместен и магацин, столарска работилница и друго.
Во стаклените градини и
покриените леи се произведувале растенија во саксии (црепови),
растенија за пресадување во саксии,
разновидни декоративни дрвја за пресадување, кисело дрво, јасен,
шпанско дрво, багрем, дудинка (црница), американски јавор, ниски
грмушки, четинари - вкупно 2.500 примероци.
Во расадникот на паркот
Идадија имало 14.000 садници, 10.000 стебла багрем, 300садници на
бела дудинка, 800 садници на шпанско дрво и јасен, 500 садници на
гледичија, 1.000 садници на кисело дрво и по 200 садници на
американски јавор, диви овошки и диви рози.

23.4. Дел од Градскиот
парк-расадник за цвеќиња, МГС
Во овој парк, на 2.200 м2 во алеи биле засадени 750 дрва - 100 тополи, 200 кисели дрва,
250 багреми итн. Посебен изглед на паркот му давала живата ограда.
Се водело сметка паркот да биде на неколку висински нивоа. За таа
цел биле засадени 267 корења високи дрва од разни видови, 500
ниски, 90 четинари, 50 тркалезни шимшири и 200 корења високи и
ниски рози.
Во периодот 1918 - 1928
година во паркот биле засадени вкупно 25. 707 растенија.
Во паркот биле поставени
30 клупи за одмор и една стражарница за чуварот на паркот.
Првобитните граници на
Градскиот парк се гледаат и денес од засадените пирамидални тополи.
Во овие граници паркот останал до 1923 година, кога отпочнала
неговата реконструкција и проширување.
Паркот се проширил на
запад од старите граници, и во 1928 г. тој го опфаќал целиот денешен
простор и Зоолошката градина. Проширувањето се одвивало и кон север
од стариот парк. Во 1931 г. паркот го заземал целиот простор до
каналот покрај пионерската пруга. Останатиот парк Идадија од турско
време значително се проширил и го добил името Градски парк. Во
период од 10 години стариот парк бил значително проширен.
Паралелно со уредувањето
и проширувањето на Градскиот парк, отпочнале и работите за
проширување на неговите граници до самото корито на реката Вардар.
Пред изградбата и проширувањето на Градскиот парк пределите околу
реката Вардар биле ставени под забрана за користење што придонело за
непречена вегетација на самоникната крајречна дендрофлора.
Со обликувањето на
паркот, на брегот на р. Вардар биле засадени голем број нови
растенија - средноевропското дрво смрча, редок вид јапонски ариш,
бел бор, источноазиското дрво туја, кипарис, врба ( бела и тажна) и
др.
Во скопските паркови
имало неколку вида тополи - бела, црна и пирамидална топола. Белата
топола ја имало во Градскиот парк, а долж брегот на р. Вардар
природно била застапена црната топола.
Од увезените видови,
тополата била најраспространета. Уште во записите на француските
патеписци било забележано: “Вардар е широка река со бистри води која
на своите брегови има високи тополи”.
Во 1933 година почнале да се уредуваат и патеки во паркот.

23.5. Дел од фамилија
Кранго во Градскиот парк во 1932 год., МГС инв. бр. 4508

23.6. Сунчица Анастасова
Чучук Петрова со роднините во Градскиот парк во 1928-29 год, МГС
инв. бр. 3417
Инж. Славчо Џеков, “Скопските паркови...”, наведен труд, 35.
10 големи и 200 мали палми зафатени од семе, 40 корени од јука,
30 корени рузмарин, два вида од аспарагус (70 + 10), два вида од
фикус (10 + 2), по 20 корени примули, нане, 400 видови цвеќиња и
др. Оваа група на растенија во саксии изнесувала вкупно 2.363
примероци.
Вкупно 500 корени од бегонија, 50 од салвија, 3.000 компири од
зумбули и лалиња, 200 компири од ѓеоргина и канна (цанна) и сл.
Групата на трајно цвеќе броела 6.054 примероци.
|