Стар
парк Ислахана (Ислаане) |
Овој парк заземал простор
од 18.000 м2 и бил засаден уште за време на турското
владеење. Во неговиот состав најмногу биле застапени: јасика, платан
(чинар), липа, киселите Ailanthus и шпанските (bignonia catalpa)
дрвја. Леите во паркот биле засадени со трева. Во паркот биле
изградени два киоска за продавање на тутун и др. производи и
ресторан што Општината го давала под наем.

23.1. Стариот градски
парк Ислахана, 20-ти години на 20 век, МГС вл. бр. 9485

23.2. Паркот Ислахана,
разгледница испратена во 1929 год., МГС вл. бр. 5792
Паркот бил засаден за
време на скопскиот валија Афуз Мехмед Паша, на терен кој бил дел од
коритото на Вардар. Паркот зафаќал простор од околу 15 декари и имал
квадратна форма. По изградбата на училиштето Ислаане во близина на
паркот, во неговиот двор биле засадени црни борови кои му давале
посебен изглед на паркот. Паркот бил засаден со платани (чинар) и багреми, а по краевите бил
засаден со фиданки од пирамидална топола.
Друга видови растенија во
овој парк биле: јасиката, липата, спомнатите кисело и шпанско дрво,
четинарите, дудинките (црница), разни ниски грмушки, ива-врба,
трева, трајни цвеќиња и цвеќиња во саксии.
Инж. Славчо Џеков, Скопските паркови и нивната
дендрофлора, “Шумарски преглед” бр. 2, март 1954, 35.
|