По завршувањето на Првата
светска војна во 1918 год., во Македонија почнале со работа тројца
ветеринари, по еден во Гевгелија и Битола и еден во Скопје. Бројот
на ветеринарите постепено се зголемувал.
Работата на ветеринарите
главно се состоела во сузбивање на зарази кај добитокот и вршење
контрола при утовар и истовар на добиток на Железничката станица, а
особено контрола добитокот што се колел во општинската кланица и
кој служел за исхрана, контрола во месарниците и работилниците за
чистење како и контрола на свежа риба која ја имало во големи
количини на скопските пазари, особено за време на постите.
Од добиточните заразни
болести што се пренесувале на луѓето, секоја година имало спорадични
појави на простела(антракс) кај говедата и коњите, беснило кај
кучињата и други заразни болести како: свинска чума, колера кај
живината, стирехетоза кај кокошките, пираплазиоза кај говедата, овчи
сипаници и засек (мукавица-агалаксија) кај овците и козите и штаупа
кај кучињата. Добиточните заразни болести биле успешно сузбивани со
серо-вакцина и други лекови кои се употребувале во тоа време.
Во кланиците многу често
се појавувале заразни болести, при што месото било конфискувано, а
маста била топена под контрола.
|