За
лекување на одредени болести се користела лековитата вода на
Катлановското Езеро. Тоа се наоѓало во близина на Скопје, на десната
страна на р. Пчиња. Катлановската вода била позната уште од римско
време, бидејќи била алкална и кисела и богата со сумпур.
Температурата на водата изнесувала 40-42 степени .
21.22.
Катлановска Бања во 1937 год. - лековитите својства на водата на
оваа Бања биле познати уште од римско време, МГС инв. бр. 262
Заради
своите карактеристики оваа вода лекувала голем број болести.
Жителите од околните села во Катлановското Езеро ловеле риби, ракови
и пијавици. Обично со тоа се занимавале жените. Тие облекувале
гаќи од дебело и густо памучно или конопено платно и чорапи и
влегувале во вировите. Пијавиците се закачувале за гаќите и
чорапите, а потоа ги собирале во затворени стаклени садови.
Уловените пијавици ги продавале во Виена и Трст, бидејќи се
користеле во народната медицина.
Можеби не била случајна
изреката - “нема подобар лекар од пијавица”.
За лекување на очни
болести се користело и рибјо масло кое жителите од поблиските села
го добивале од Катлановското Езеро. Маста од цревата на рибата се
ставала во шишенце да се стопи на сонце, а потоа се користела како
лек. Жолчката од шаранот, на пример, се користела против болести на
жолчната кеса, а истата, измешана со качамак, се употребувала против
болки во грлото и вратот, како и при висока температура. Ако некој
имал киселини во стомакот, му давале да пие жолчка од оваа риба.
Против секакви болести на кожата се употребувало масло од црева на
мрена, смуѓ и други видови риби од ова Езеро.
|