topimage
HomePage Header Header
Image_t3
Left BG
Divider
Arrow Bullet

Почеток

Divider
Arrow Bullet

Содржина

Divider
Arrow Bullet

Вовед

Divider
Arrow Bullet

Краток историјат на градот Скопје

Divider
Arrow Bullet Население
Divider
Arrow Bullet
Скопски маала
Divider
Arrow Bullet Регулационен план
Divider
Arrow Bullet Улиците во градот
Divider
Arrow Bullet Градежна активност
Divider
Arrow Bullet Водовод
Divider
Arrow Bullet Јавни бањи и амами
Divider
Arrow Bullet Јавна хигиена
Divider
Arrow Bullet Јавна канализација
Divider
Arrow Bullet
Електрификација
Divider
Arrow Bullet Сообраќај
Divider
Arrow Bullet Пошта
Divider
Arrow Bullet

Скопската чаршија и занетчиство

Divider
Arrow Bullet Трговија и трг. врски
Divider
Arrow Bullet Банкарство
Divider
Arrow Bullet Индустрија
Divider
Arrow Bullet Хотелиерство
Divider
Arrow Bullet
Јавна безбедност
Divider
Arrow Bullet Социјални прилики
Divider
Arrow Bullet Здравство и хигиена
Divider
Arrow Bullet Ветеринарна служба
Divider
Arrow Bullet Паркови и зеленила
Divider
Arrow Bullet Театар
Divider
Arrow Bullet Скопски кина
Divider
Arrow Bullet Корзото и прошетки
Divider
Arrow Bullet
Кафеани
Divider
Arrow Bullet Плажи
Divider
Arrow Bullet Излетнички места
Divider
Arrow Bullet Цркви и црк. живот
Divider
Arrow Bullet Градски гробишта
Divider
Arrow Bullet Просветни прилики
Divider
Arrow Bullet Научни друштва
Divider
Arrow Bullet
Музеи
Divider
Arrow Bullet Културно-уметнички живот
Divider
Arrow Bullet Спортски живот
Divider
Arrow Bullet Односи во семејство
Divider
Arrow Bullet Материјална култура
Divider
Arrow Bullet
Духовна култура
Divider
Arrow Bullet Заклучок
Divider
Arrow Bullet Извори
Divider
Arrow Bullet

Подарени етнолошки предмети од старите скопски фамилии за Музеј на град Скопје

Divider
Arrow Bullet
Divider
Аптеки
Дрогерии
Хигиенската и здравствената култура на населението
Школска хигиена
  Школски санитарно-хигиенски услови
  Црвен крст
  Превентивна медицина
   

Здравствени установи

Во периодот 1918-1941 год. градот Скопје  брзо напредувал во сите насоки, а со тоа растел и  бројот на населението. Во 1938 год. градот во својот административен состав вбројувал и десет околни села.

Селското население сé повеќе се преселувало во градот. Мешањето на селското и градското население влијаело и на пренесувањето на неконтролирани болести. [1]

На крајот на 30-тите години на 20 век во Скопје веќе постоеле повеќе приватни и државни установи. Постоела одредена здравствено-санитарна мрежа која ги покривала потребите на градот, а се состоела од  амбуланти, болници, санаториуми, приватни здравствени и санитарни установи, лекари, аптекари, ветеринари, дентисти, бабици и сл.

Здравствени  установи во градот биле: Амбулантата на работничко осигурување, Државната амбуланта кај Окружната болница, Општинската амбуланта, Околиската амбуланта, Воената болница “Полумесечина” кај Железничкиот мост на Вардар, Окружната болница зад Железничката станица ( кон Водно),  Санаториумот “Вардар” кај Идадија, Санаториумот “Скопје” на д-р А.Ставридис и Хигиенскиот завод (Институт за тропски болести ) зад Железничката станица.

Во маалото Крњево била сместена старата Воена болница - “Полумесечина”. Воената болница “Полумесечина” се наоѓала на местотот на денешен саем.

 

21.1. Војната болница, МГС

 

21.2. Санитарна служба на Војната болница во Скопје, во средина е војниот санитарен помошник Деспот Стојковиќ, МГС инв. бр. 4640

 

21.3. Санаториум “Вардар”, МГС

 

21.4. Санаториум “Чохаџиќ”, МГС инв. бр. 4470

 

21.5. Хигиенски завод, МГС вл. бр. 5149

 

Во 1919 год. во кругот на Воената болница била основана Градска болница за куративни цели на населението. Во 1920 год. во Градската болница биле вработени лекари од многу националности, вкупно 10 со 22 медицински сестри и болничари, 1 готвач и 1 колар. Првпат се вработени и двајца лаборанти. Во 1923 год. Градската болница била преселана на нова локација на падините на Водно.

Во 1934 год. бил изграден и нов дел со нови одделенија.

Постепено се подобрувале условите за работа и престој на болните во  приватните болници и во државните медицински установи во Скопје. Преку скудните известувања од дневниот печат може да се следи развојот на здравството во Скопје. Во 1940 год. бил осветен Хируршко-гинеколошкиот павилјон на Државната болница. Осветувањето го   извршил Прота г. М. Пешиќ, а присуствувале и  Кралот, министерот  за социјална политика и народно здравје, г. Драгиша Цветковиќ, Банот на Вардарска Бановина, г. Новаковиќ,  командантот на Армијата, генерал Јечмениќ, претседателот  на  Општината,  г.  Панта Јовановиќ и други познати градски личности.

Хируршко-гинеколошкиот павилјон бил сместен во голема зграда со монументални димензии на простор од 2311 м2. Тоа била двокатна зграда со приземје и висок сутерен, а имала вкупно 220 соби. Покрај одделенијата со легла за болните, во оваа зграда имало централна лабораторија за физикална терапија, рендген-дијагностика и терапија. Распоредот и внатрешното уредување, инсталациите, апаратурата и сé друго одговарало на современите  технолошко-медицински  прописи. [2]

Железничката болница  се наоѓала во Идадија, во близина на  Градскиот парк и била добро опремена. Голем број работници и службениците од скопската Железница тука добивале болничко лекување. Болницата располагала со солиден инвентар и инструменти, како и со авторитетен здравствен  кадар.

Целокупната дејност за одржување на физичкото здравје на населението ја вршел Хигиенскиот завод кој почнал да работи во 1925 година. Во периодот на кризните години, од посебно значење била дејноста на д-р М. Ранков кој се залагал установите при Хигиенскиот завод да ги опфатат сите слоеви на скопското граѓанство. [3]  

Покрај бројните обврски, Хигиенскиот завод во Скопје се занимавал и со испитување на водата  за пиење. Во извештаите од 1934 година, освен објекти со добра вода, биле наведени и можностите за инфицирање на водата во некои објекти во градот.  Според резултатите, во многу објекти во градот водата не била употреблива. Во обврските на Хигиенскиот завод освен констатирањето на санитарно-хигиенските проблеми,  спаѓало и нивното решавање. Санитетското одделение на Градското поглаварство забранило користење на загадена вода, а во соработка со Техничкото одделение биле проучувани   можностите  за санација на водата. [4]

 

21.6. Бактериолошко и епидемиолошко одделение при Хигиенскиот завод, МГС вл. бр. 5152

 

21.7. Хемиско одделение при Хигиенскиот завод, МГС вл. бр. 5151

 

Во овој период  самостојно и  во здравствените установи работеле 65  лекари-специјалисти. Приватните ординации и државните здравствени установи најчесто биле лоцирани во централното градско подрачје и на улицата Крал Петар.

Постоеле три приватни санаториуми ( помали специјализирани болници). Еден санаториум, санаториумот на д-р Александар Ставридис кој завршил медицински факултет во Грција (Атина), се наоѓал на левата страна на градот кај Камениот мост. Работел до 1941 год.

Вториот санаториум бил сопственост на д-р Коста Чохаџиќ од Гевгелија, кој завршил медицински факултет во Швајцарија(Лозана). Санаториумот бил сместен на левата страна на р. Вардар, до Камениот мост, а бил специјализиран за гинекологија и акушерство. Работел до 1941 год.

Третиот санаториум-”Санториум Вардар”, бил специјализиран за внатрешни болести. Се наоѓал во близината на скопскиот парк, а бил сопственост на д-р Јозо Пулезовиќ. [5]

За болести на забите, непцата и усната шуплина се грижеле десет скопски дентисти, а за породување на жените имало 13 бабици. [6] Не треба да ги заборавиме и треварите кои на Бит Пазар и во Старата скопска  чаршија  продавале лековити тревки, чаеви  за настинка и цревни заболувања, како и за смирување и ублажување на болки од многу болести.

Потребата од школувани лекарски кадри била голема, меѓутоа, малку Македонци на своите деца можеле да им обезбедат школување во медицинските училишта и факултети во Цариград, Атина, Париз итн. Првите здравствени кадри од македонско потекло се појавиле во средината на 19 век, но нивниот број бил многу мал за да може да  биде задоволена потребата од нив. Од крајот на 19 и почетокот на 20 век бројот на лекари од македонско потекло почнал да расте, со што биле создадени можности и населението од помалите места во Македонија да добие стручна медицинска помош.

Треба да се напомене дека побогатите скопски семејства имале свој домашен лекар кој доаѓал дома за сите потреби на семејството. Најпознати лекари во градот биле  Каламарас, Ставридис и др.  Тие опслужувале многу семејства во градот. За породување што најчесто се вршело дома, се повикувале бабици кои добивале одреден   надомест.

 Еден од првите гинеколози во Македонија, од малиот број стручен кадар, бил доктор Коста Чохаџиќ од Гевгелија.

 Доктор Коста Чохаџиќ бил роден во 1883 година во Гевгелија, во занаетчиско семејство на Димитрије и Фана Димитријевиќ, доселеници од Крушево. Основно грчко училиште  завршил во родниот град, а гимназија во Цариград и во Солун, каде што во 1903 година матурирал. Во Гевгелија   неговиот професор     “го прекрстил” од Коста Димитријевиќ во Коста Чохаџиќ. По завршувањето на гимназија, тој сакал да стане инженер и се запишал на Техничкиот факултет во Белград. Меѓутоа, неговиот татко сакал тој да стане доктор. Татко му  го убедил својот син  да се запише на Медицинскиот факултет во Лион. Таму, Чохаџиќ студирал една година, а потоа се префрлил во Париз, каде што во 1910 година  дипломирал. За време на студиите, покрај татковото издржување, Чохаџиќ добивал стипендија и од српската Влада на Кралот Петар Караѓорѓевиќ.

 

21.8. Др. Коста Чохаџиќ на студии во Париз 1907 год., МГС инв. бр. 4479

 

21.9. Др. Коста Чохаџиќ и докторатот од Универзитетот во Париз од 1910 год., МГС

 

Уште како студент, Чохаџиќ се оженил со парижанката Рашела, а во 1909 година тој ја добил ќерката Жермен. По завршувањето на студиите, доктор Чохаџиќ работел како “eksterne” во болниците “Ларибоисиере” и “Хотел-Диеу” кај познатиот професор по гинекологија Пинарда. Во 1911 година доктор Чохаџиќ се вратил во родниот град Гевгелија. За таа цел тој ја нострифицирал дипломата во турското Министерство за здравството во Цариград и почнал да работи со селското население. Тој  прв  почнал  да  врши  породување во домашни услови.

Во 1912 година тој се преселил во Скопје и добил место на околиски лекар, а за време на Балканските војни го мобилизирале во српската војска. Како воен лекар, тој работел  во Радовиш каде што лекувал болни од тифус чијшто број постојано растел и смртноста била мошне висока. Во пролетта 1913 година Чохаџиќ и самиот оболел од тифус  и бил вратен во Скопје на лекување. По лекувањето се вратил во српскиот воен санитет, каде што  останал  до завршувањето на Првата светска војна. По војната, Чохаџиќ работел како воен лекар, а во 1920 година, по негово барање, бил демобилизиран со чин на резервен полковник. Извесно време тој работел како физички работник во Тиквешкиот округ, а во 1921 година од страна на Министерството за народно здравство на Кралството на СХС, тој бил назначен за шеф на  Гинеколошкото одделение на Окружната болница во Скопје. Оттогаш, па сé до крајот на своите здравствени активности, доктор Чохаџиќ  исклучиво се занимавал со гинекологија и акушерство.

 Гинеколошки-акушерски санаториум

 Во 1931 година др.Чохаџиќ го отворил првиот приватен Гинеколошко-акушерски санаториум, каде што вршел прегледи и мали интервенции, а породувањата ги  вршел  во куќите на родилките. Во 1936 година  Санаториум бил дограден и проширен и се состоел од ординација, сала за породување, операциона сала, болнички соби за родилки  и  новороденчиња, кујна со трпезарија  и аптека.

Оперативните зафати од областа на гинекологијата и акушерството доктор Чохаџиќ ги вршел во соработка  со др. Пуљезовиќ, а се вршеле и хируршки зафати. Подоцна се придружил и др. Димитријевиќ, сопруг на ќерката на Чохаџиќ. Грижата за негата, исхраната и терапијата на болните ја воделе медицински  сестри.

 

21.10. Др. Коста Чохаџиќ во клиника, МГС инв. бр. 4465

 

21.11. Др. Коста Чохаџиќ во операциона сала, МГС инв. бр. 4463

 

Доктор Чохаџиќ бил човек со висока култура. Тој одлично зборувал француски, турски и грчки јазик. Имал солидно музичко образование и бил вклучен во повеќе општествени активности што  придонело да се најде во првите редови на високите слоеви на граѓанската класа во Скопје и во Македонија.

Тој учествувал на повеќе научни и стручни собири и конгреси во земјата и во странство. Како член на Балканската унија на медицина, тој учествувал  на собири и конгреси во Букурешт и Цариград. На општествен план, доктор Чохаџиќ покажал извонредни активности. Тој бил долгогодишен претседател на Лекарското друштво во Скопје, а во периодот 1938-1939 години бил Претседател на Општината на град Скопје. Тој покажал и афинитети кон спортот. Активно се занимавал со планинарство, а уште во 1920 година, кога Друштвото на пријателите на Франција во Скопје формирало тениска секција, Чохаџиќ бил избран за прв претседател. Тој бил еден од основачите на фудбалското друштво”Југ”, а својата слабост кон музиката ја искажал преку формирањето на пејачкото друштво “Вардар”, каде што   бил и повеќегодишен  претседател.

За своите извонредни успеси во работата на Друштвото на пријателите на Франција, француската влада во 1935 година го одликувала со Орден на Легијата на честа.Со своите солидни медицински познавања и широката здравствена дејност,  доктор Чохаџиќ дал огромен придонес за развојот на здравството во Скопје и во Македонија,  особено во областа на гинекологијата и акушерството, каде што неговата работа е проценета како пионерска. [7]

 

Санаториум  “Вардар”

 Во 30-тите години на минатиот век во Скопје била формирана  првата приватна болница, Санаториум “Вардар”. Во неа се примале пациенти за дијагностицирање и лекување од сите видови болести, освен инфективни. Тука се вршеле и хируршки зафати, а имало и специјално породилно одделение. Во рамките на  санаториумот “Вардар” работел и рендген-институт . Сопственици на оваа прва приватна болница во Скопје биле доктор Пуљезовиќ,  хирург-оператор и доктор Влада Костиќ, очен лекар. [8]

Во оваа болница работел и доктор Чохаџиќ, гинеколог и доктор Божидар Секулиќ, доктор за уво, нос и грло, а се соработувало и со други познати скопски лекари. Санаториумот  бил модерно опремен  со  парно греење, водовод и убав парк.

 Една од поугледните скопски фамилии  секако е фамилијата Рубен. Според сеќавањата на Милица Рубен, снаа на познатиот стоматолог Емил Рубен, фамилијата потекнува од Франција, од Тулуз, каде што биле видни златари. Со желба за поголемо збогатување, пред околу 250 години ја напуштиле родната грутка и заминале во Левант каде што нивниот занает бил на многу повисока цена, но набргу се упатиле кон Цариград со неколку вреќи злато. Во тој град се стационирале кон крајот на 18 век и успешно го работеле занаетот правејќи покрај накит и златни заби.

Бидејќи сите деца во фамилијата Рубен имале можност да се школуваат, тие го одбрале забарството за своја идна професија. Со тоа била прекината долгогодишната златарска традиција, а за своја нова татковина ја одбрале Грција, населувајќи се во Атина. Најуспешен од сите бил Виктор Рубен кој станал и дворски забар. Неговите деца го наследиле изучувајќи го забарството во универзитетските центри во Европа. По смртта на својот татко, Едуард, Жозеф, Алфред и Емил се преселиле во Солун и отвориле заедничка стоматолошка ординација.

Емил, кој бил најенергичен и со авантуристички дух, се одвоил од своите браќа, со желба да се осамостои и да заработи повеќе. По препорака на своите пријатели, се упатил во Скопје бидејќи во тоа време немало други забари и бил добар крај за печалба.

Во Скопје Емил пристигнал со својата сопруга Марија (Гркинка) во 1907 год. Првите години за него и за сопругата не биле лесни, а особено поради тоа што нивното семејство станувало повеќечлено.

Имено, првата ќерка ја добиле уште во 1907 год и ја крстиле Фернанд Лусије. Неа, како и на другите деца кои ги добиле подоцна, им ставале по две имиња зачувувајќи ја француската традиција. Тоа биле: Виктор-Емил, Ремол-Александар, Ивон-Шарлот, Марија-Антоанет и Елен-Русијен.

За време на Првата светска војна Рубенови биле интернирани во Пирот, а  кога се вратиле во Скопје во 1919 год. нивната последна ќерка имала само 40 дена.

Емил Рубен ја обновил својата стоматолошка ординација која била сместена веднаш до Камениот мост, од левата страна на Вардар, во куќата на Зејнел бег. За цело  време додека престојувал во Скопје за себе и за своите потомци го задржал француското државјанство.

 

21.12. Забарската ординација на Емил Рубен до Камениот мост, МГС инв. бр. 1401

 

На 14 јули секоја година кога е националниот празник на Франција, Емил од балконот на својата ординација со труба ја свирел “Марсељезата”,  одбележувајќи го празникот. Така било сé до 1923 год. кога се изгласал нов закон со кој странски државјани не смееле да работат во приватниот сектор. Тогаш Емил решава доживотно да остане во Скопје бидејќи одлично се вклопил во целокупниот  живот. Во зградата на   Бановината свечено положил заклетва  со што примил југословенско државјанство. Тоа бил единствениот начин да ја задржи  својата работа, а работел деноноќно. Не ретко се случувало   кај него да дојде некој трговец кој бил на краток престој во Скопје, со цел да си ги поправи забите за   време додека ја заврши работата по која бил дојден. Во такви моменти др. Рубен во ординацијата останувал и по цели 24 часа за да ги направи забните помагала на пациентот додека тој спиел на отоманот во ординацијата. Кога требало да се направи проба, Емил го будел пациентот и така сî до утрото  додека комплетно не му ги направел забите.

Поради неговите чести отсуства, за домот се грижела сопругата Марија која била вредна жена, целосно посветена на децата и сопругот. Иако била строго и патријархално воспитана, таа била прекрасна мајка и на своите деца им го пренела талентот за јазици (зборувала 5 странски јазици). За разлика од својата скромна и повлечена сопруга, Емил бил многу отворен човек со немирен дух и човек пред своето време. Многу често бил гостин на тогаш елитната кафеана “Зрински” која била уредена во виенски стил со големи сепареа и сл. Таму се организирале балови и игранки, а еднаш бил гостин и Кралот Александар. Сопственикот на кафеаната, Маниќ, бил личен пријател на Рубен. Марија ретко го придружувала својот сопруг, но кога подоцна бил изграден Офицерскиот дом, сопружниците биле негови чести гости. Покрај баловите во Офицерскиот дом, друг начин на забава им биле домашните приеми на кои доаѓале нивни блиски пријатели, сите видни граѓани, а ги забавувале децата на Рубен - девојчињата свиреле на клавир, а синовите на виолина.

 Во 1926 год. Емил ја отпочнал изградбата на нивата куќа веднаш до градскиот парк. Бидејќи неговиот капитал не бил доволен за изградба на куќата, тој земал заем од Хипотекарната банка. Куќата била готова во 1927 год. и ден-денес претставува исклучителна градба и палата достојна за почит. Има три ката без приземјето, уште од нејзината изградба има сопствен водовод, а на мансардата имало резервоар за вода. На секој кат има три големи салони  и две спални соби, а најкарактеристичен дел од куќата е малото бетонско мовче кое води од тротоарот до влезот на куќата. Проектант на куќата бил познатиот архитект Иван Артемушкин. За градењето биле ангажирани  галички мајстори.

Бидејќи каматите на банката биле премногу високи, Рубен бил приморан извесен период да ја издава куќата на филијалата на Поштата. Издадени биле сите три ката, а фамилијата живеела во сутеренот. Поради сите удобности што ги пружала куќата на Рубенови, кириите биле многу високи - 1200 динари за еден кат. Затоа, освен државни институции, во нивната куќа можеле да живеат само луѓе со големи примања, како што се доктори или генерали .

Како фасадата, така и ентериерот во куќата бил прекрасен. Сите салони биле луксузно наместени со стилски мебел, а д-р Рубен бил еден од првите скопјани кој донел радио. Секоја недела наутро во нивниот дом се собирале роднини и пријатели кои биле католици и ги слушале ѕвоната на црквата Св. Петар во Рим. Како напреден човек кој бргу ги прифаќал сите новини од областа на техниката и сл., Рубен сакал да купи автомобил, но поради лошите патишта во градот се одлучил да користи велосипед кој исто така во тоа време претставувал реткост.

Сите деца на Емил и Марија, поддржувани од својот напреден татко и интелигентната мајка, успеале да станат високообразовани личности. Виктор и Ремон завршиле гимназија во Загреб, а медицински факултет во Грац, додека нивните сестри учеле во скопските женски гимназии. Потоа Виктор специјализирал забарство во Белград, а Ремон се ориентирал на дерматологија. Виктор отворил своја ординација во куќата на Настеви, над “Громби”, во 1939 год. Но, по кусо време несреќно го завршил животот за време на Втората светска војна. Професијата на својот татко ја наследила и најмладата ќерка Ивона и со неа се занимавала сé до нејзиното мажење. Марија-Антоанет станала една од првите жени-судии во Македонија, Елена-професор по македонски јазик, а Ремон дерматолог и професор на Медицинскиот факултет во Скопје.

Денес кога сите директни потомци на Емил Рубен се мртви, историјата на оваа ценета фамилија ја продолжуваат неговите внуци, но забарската традиција е целосно прекината иако била вешто одржувана цели 150 години. [9]


 

[1] Во 1937 година во селата во Скопска Црна Гора владеел тифус.  Благодарение на санитарните служби кои биле запознати со проблемот,  граѓаните на Скопје биле навреме известени за опасноста. Во овој случај била спречена епидемија која можела да се прошири и на дел од населението во градот. Хран.М.Јоксимовић, Скопље и његова села, “Скопски Гласник” бр.516, Скопље, 1938, 2.

[2] Освечење хируршко-гинекеолошког павиљона у Скопљу,”Скопски Гласник” бр.514,Скопље 1938, 3.

[3] “Рад г.д-р М.Ранкова директора Хигијенског Завода у Скопљу “, “Скопски Гласник” бр.321 од 20.10.1934, 5.

[4] “Преглед воде за пиће у Скопљу”, “Скопски Гласник” бр.321 од 20.10.1934, 5.

[5] Радмила Хрисохо, “Развој на биохемиско-лабораториската дејност во Македонија”, Скопје 2000 г., стр.23.

[6] Владимир А.Рибин,”Пословни адресар”,Скопље 1928,41-44.

[7] .Ѓорѓи Петков, “Доктор Коста Чохаџиќ - пионер на гинеколошко-акушерската служба во Македонија”,сепарат бр.1, 1981.

[8] .”Вардар” бр.1 од 01.05.1932, 10.

[9] Милица Рубен, сеќавања, теренски истражувања во 1996 г.