Во 1919 год. во Скопје
бил отворен првиот детски дом кој бил сместен во две згради во
близината на Идадија, во куќата на Хаџи Ибраим Бег. Работата на овој
дом била помагана од американските и англиските мисии, а потоа била
помагана и од “Колото на српските сестри”.
Во 1926 год., по
иницијатива на група стопанственици и јавни работници, бил
организиран одбор за подигање на голем детски дом во Скопје.
Детскиот дом Крал Александар (денес Архитектонски факултет) во
Скопје бил наменет за децата од тогашна Вардарска Бановина. Задачата
на детскиот дом била во својот интернат да прибира машки деца на
возраст од 7 до 18 год.

20.6. Зградата на детски
дом “Крал Александар” во 1936 год., Приватна просветна установа со
интернат, отворена од бившата српска власт со цел изучување на машки
деца кои по школувањето биле користени за целите на власта, МГС
инв. бр 48
Покрај управниот одбор,
домот имал и управник, воспитувачи и лекар. Управникот морал да биде
со педагошка стручна подготовка. Домот можел да прими 120-130
питомци, а сите питомци биле облечени во скромна и еднообразна
облека.
Домската зграда се
состоела од три дела: висок сутерен со пространа трпезарија, кујна,
бања со соблекувална, мијалници, магацин за облека, обувки, храна и
огревен материјал, модерен хидрофор-пумпа и англиски клозети.
Приземјето се состоело од четири пространи и светли училници кои на
учениците им служеле за домашно занимање. Столчињата биле практични,
а биле обоени зелено . Во домот имало свечена сала со бина,
библиотека снабдена со потребната литература. На катот биле сместени
спални со железни кревети со мадраци и плакари од армиран бетон.
Секој кревет имал душек, чаршав и ќебиња.
Во целата зграда имало
електрично осветлување, а за заштита од пожар биле поставени
хидранти.
Во Скопје постоеле три
детски домови - Бановинскиот детски дом, Детскиот дом Крал
Александар и Дом на друштвото “Српска мајка”.
Во 1935 год. бил отворен
и дом при католичката црква. Овој дом бил сместен во Немањина улица,
а во 1935 год. овој дом прибрал 21 дете од католичка вероисповед.
Домот се издржувал од добротворни прилози, а заслуга за отворањето
на овој дом имал католичкиот бискуп. Како конфесионална добротворна
установа, целата организација на работата имала конфесионален
карактер. Оваа установа ја воделе чесни сестри, а во неа имало и
капела за верски обреди на децата.
Заштитата на децата во
периодот 1930-1935 се зголемила, а ваквата активност ја
спроведувале разни здруженија, јавни установи, како и верските
организации.
|