topimage
HomePage Header Header
Image_t3
Left BG
Divider
Arrow Bullet

Почеток

Divider
Arrow Bullet

Содржина

Divider
Arrow Bullet

Вовед

Divider
Arrow Bullet

Краток историјат на градот Скопје

Divider
Arrow Bullet Население
Divider
Arrow Bullet
Скопски маала
Divider
Arrow Bullet Регулационен план
Divider
Arrow Bullet Улиците во градот
Divider
Arrow Bullet Градежна активност
Divider
Arrow Bullet Водовод
Divider
Arrow Bullet Јавни бањи и амами
Divider
Arrow Bullet Јавна хигиена
Divider
Arrow Bullet Јавна канализација
Divider
Arrow Bullet
Електрификација
Divider
Arrow Bullet Сообраќај
Divider
Arrow Bullet Пошта
Divider
Arrow Bullet

Скопската чаршија и занетчиство

Divider
Arrow Bullet Трговија и трг. врски
Divider
Arrow Bullet Банкарство
Divider
Arrow Bullet Индустрија
Divider
Arrow Bullet Хотелиерство
Divider
Arrow Bullet
Јавна безбедност
Divider
Arrow Bullet Социјални прилики
Divider
Arrow Bullet Здравство и хигиена
Divider
Arrow Bullet Ветеринарна служба
Divider
Arrow Bullet Паркови и зеленила
Divider
Arrow Bullet Театар
Divider
Arrow Bullet Скопски кина
Divider
Arrow Bullet Корзото и прошетки
Divider
Arrow Bullet
Кафеани
Divider
Arrow Bullet Плажи
Divider
Arrow Bullet Излетнички места
Divider
Arrow Bullet Цркви и црк. живот
Divider
Arrow Bullet Градски гробишта
Divider
Arrow Bullet Просветни прилики
Divider
Arrow Bullet Научни друштва
Divider
Arrow Bullet
Музеи
Divider
Arrow Bullet Културно-уметнички живот
Divider
Arrow Bullet Спортски живот
Divider
Arrow Bullet Односи во семејство
Divider
Arrow Bullet Материјална култура
Divider
Arrow Bullet
Духовна култура
Divider
Arrow Bullet Заклучок
Divider
Arrow Bullet Извори
Divider
Arrow Bullet

Подарени етнолошки предмети од старите скопски фамилии за Музеј на град Скопје

Divider

Развој на банкарството во Скопје

Со развојот на трговијата во Скопје постепено напредувал и развојот на банкарството. По Балканските војни, во Скопје во 1912 година немало ниту еден паричен завод од домашен капитал. Долгогодишната Отоманска банка која со својата филијала била единствена врска помеѓу скопската трговија и странство, била претворена во филијала на Француско-српската банка која ја презела целата работа на овој завод. Бидејќи условите за формирање на овој завод биле поволни, и други заводи од Белград, веднаш по Балканските војни отвориле свои филијали во Скопје и тоа “Београдска задруга” и “Земаљска банка”. Првиот завод, т.е. Београдска задруга, својата работа ја свела на ширење на своето одделение за осигурување , додека Земаљска банка се занимавала и со банкарски работи. За време на Првата светска војна се пристапило кон формирање на Скопската трговска банка на чие чело стоеле Јосиф Арије, Трајко Хаџи Бошковиќ, Стеван Настиќ и Јахилеј Камхи. Овој завод, по ослободувањето е ликвидиран и истите луѓе ја основале новата банка под име “Трговско индустриска банка - Вардар”.327 Во Македонија, по градовите било развиено ситното занаетчиство, а индустријата била многу слаба и не можело да се смета на развој на банкарството како што е случај во местата со развиена трговија. Строго еснафски воспитан, Македонецот не смеел да си дозволи да посегне во заводската каса, зашто да се задолжиш кај нив значело пропаст. Затоа, во 1918 година, во целата земја имало 4 мали парични заводи со уплатен капитал од 2.200.000 динари.328

16.1. Отоманска банка, изградена во 19 век, МГС вл. бр. 1106

 Првата светска војна речиси ги уништила почетоците на банкарството, создадени на тлото на Македонија меѓу Балканските војни и Првата светска војна. Долготрајноста на војната ја парализирала секоја активност, поранешните фондови отишле во свои засолништа, но сега не да функционираат, барем како во “турско”, туку од нив да се зачува толку колку што може.329 Војната отворила длабоки рани: мораториум, недоверба спрема парите, особено спрема воените пари кои непријателот ги оставил во изобилство, сиромаштија и огромна беда кај широките народни маси. Биле потребни повеќе од година и половина, колку-толку да се среди состојбата. Се чекало да се донесе закон за ликвидација на мораторната состојба па да  се отпочне со редовните работи.330

Со средувањето на приликите во земјата, паричните заводи нагло почнале да се развиваат. Така, во 1921 година, во Скопје се основале два парични завода: Извозна и прометна банка и Скопска извозна банка, а Трговско-индустриската банка - Вардар го зголемила својот капитал на 6.000.000 динари и во тоа време овој завод се вбројувал во редот на најголемите парични заводи во тогашна Јужна Србија. Банката “Вардар” покажала интерес за индустријата, па за таа цел оформила и специјално техничко одделение кое работело на развој на индустријата. Истата година банката основала машинска работилница и леарница - “Орел”. Во подоцнежниот период, како резултат на доброто работење, банката го проширила кругот на работа отворајќи филијали во Битола и во Косовска Митровица. Извозна и прометна банка во прво време се занимавала со градежни работи, но бидејќи успехот заостанувал, таа почнала да се занимава исклучиво со банкарски работи. Поседувала и убава палата во строгиот центар на Скопје, а имала и сопствени магацини кај главната железничка станица. Скопска извозна банка успеала да застане на цврста основа откако купила еден голем комплекс на земјиште на кое подоцна се изградило модерно Скопје. Покрај оваа парична добивка, банката, заедно со Лесковачка централна банка, изградила модерна хидроцентрала на реката Пена во Тетово, по што банката се посветила исклучиво на банкарски работи.

Во овој период, повеќето кредитно-монетарни институции и задруги во Скопје биле филијали на банки и заводи од Белград, Загреб и од други градови. Во 1923 година, по иницијатива на Призренска и Пеќка банка, во Скопје била основана банката “Стара Србија”. Таа била формирана од заводи кои постоеле во места во Стара Србија и таа станала врска меѓу тие заводи и останатите финансиски установи во Македонија и надвор од неа. Банката била тесно врзана за банките-свои основачи и станала средиште на севкупниот стопански живот во Стара Србија.331 Банката “Стара Србија” издавала и меници кои корисниците требале да ги платат во определен рок. Доколку не го стореле тоа, на корисниците им се одземал недвижниот имот или се ставала забрана на нивната плата, ако ја имале.332 Банката, покрај банкарските работи, особено внимание посветила на работата со магацински сместувања, за што купила модерни магацини. Прогласувајќи ги за транзитни магацини, банката му направила огромна услуга на македонското стопанство.333 Таа посредувала и при купопродажба на земјоделски производи. Нејзин директор бил Михаило Патрногиќ.          

Во текот на наредните години банките го зголемувале својот капитал. Паричните заводи, со својата работа, сé повеќе стекнувале доверба и да ги придобивале луѓето да штедат, дури и оние кои своите заштеди ги чувале дома, во сламарици или под некоја греда на таванот.334

Наглиот пораст на банките и нивните главнини во овој период може да се објасни ако одблизу се набљудуваат приликите во кои се работело по Првата светска војна. Не може да се каже дека овој битен капитал бил во рацете на народот, трезориран или скриен, и чекал можност да влезе во промет. Тој капитал бил плод на една многу доходовна конјунктура која завладеала по војната, кога трговијата цветала во вистинска смисла на зборот.335

Меѓу првите банки кои отвориле своја филијала во Скопје биле:

- Француско-српска банка - отворила филијала во Скопје во 1913 година и ги презела сите дотогашни работи на Отоманската банка. Уште од почетокот, таа развила голема работа со девизи и исплата на стока од странство, а во 1925 година почнала да дава и кредити на големи трговски фирми. Таа била единствена банка која се занимавала исклучиво со банкарско работење и со своите јаки врски успеала да воспостави контакт со големите стопански центри;

-Прва хрватска штедилница - во 1922 година  отворила своја филијала во Скопје и работела во три правци: кредитирање по меници и тековни сметки, работа со валути и девизи и собирање штедни влогови. Таа имала видна улога во стопанскиот живот на Скопје. Нејзините врски и разгранетоста во голема мерка помогнале во ширењето на деловните врски на стопанствениците со целиот свет;

-Јадранско-подунавска банка од Белград, своја филијала во Скопје отворила во 1930 година во време на стопанската криза. Нејзиното влијание не се почувствувало на пазарот и во 1937 година таа била ликвидирана;

Општинска штедилница -  оваа банка во Скопје била најмладата парична организација и прв самоуправен завод од овој вид. Била основана во јули 1933 година од страна на општината на град Скопје. Работата на штедилницата се состоела во: давање на заеми по есконт, на хипотека и на тековна сметка, отворање на акредитиви и општи банкарски работи, но   главна дејност била работата со штедни влогови  . Водејќи сметка да им се помогне на граѓаните со слаба економска состојба, штедилницата давала ситни менични заеми.

Со отворањето на Општинската штедилница,  на   граѓаните на Скопје им се отвориле две  поволни прилики: прво, со своите влогови да добијат подобар пласман и поголема сигурност, а за своите заеми да плаќаат помали камати, и второ, со работењето со Општинската штедилница помагале една установа чија добивка била наменета за социјалните и хуманите заводи на градот. Покрај другото, цел на Општинската штедилница била и  во најшироките слоеви на граѓанството да ја развие и да ја подигне смислата за штедење, како  и секому да му овозможи својата заштеда сигурно и корисно да ја вложи со пристојна камата и со неа слободно да раководи.336

Секако, три најважни банки во Скопје биле: Филијалата на Народната банка, Државната хипотекарна банка и Поштенската штедилница.

Државната хипотекарна банка,    според големината на пласманот, заземала прво место во земјата.

 

16.2. Меморандум на Државната хипотекарна банка

 

16.3. Документ од Државната хипотекарна банка, МГС инв. бр. 3470

 Филијалата на оваа банка се наоѓала на првиот кат во палатата на Домот на Трговско-индустриската комора (денешен “Метропол”).

 

16.4. Народната банка изградена во 1933 год.  и Трговската комора, Скопје, МГС вл. бр. 7728

 

Хипотекарниот кредит релативно малку бил познат во турско време. Тој се јавувал само во Државната зиратна банка, која давала кредит најмногу на зиратно земјиште, но и на заем. По Првата светска војна, со Букурешкиот договор за мир со Турција, Зиратна банка í припаднала на Србија, а на 1 април 1921 година таа установа е укината и целиот портфељ бил пренесен во Управата на фондови која од 1924 година станала Хипотекарна банка. Оваа банка најголем пласман давала во заем на недвижности. Без нејзиното работење не можела да се замисли градежната работа во периодот меѓу двете светски војни. Изградбата на модерно Скопје главно се должела токму на овој завод.337 Покрај заемот за недвижности, второ место заземале комуналните заеми кои овозможиле изведување на поголеми објекти како што биле водоводот во Скопје и хидроцентралата “Матка”.

Во 1930 година банката вовела и две нови работи и тоа - менични заеми на хипотека и активни тековни сметки. Барањето за долгорочни хипотекарни заеми било поврзано со повеќе формалности и тие заеми ги одобрувала централата во Белград. За да им се овозможи што побрзо да дојдат до средства,   бил поставен нов вид на меничен заем на хипотека, т.е. заем по меници, за кој  како супер гаранција се давала хипотека на недвижен имот. Овие заеми се давале на 5 и на 3 години. Доколку корисникот не го врател заемот   на време, му се одземал имотот што тој го поседувал.

Таква конфискација била и онаа, на афион, што одела преку Привредна банка за Јужна Србија во Скопје, која на Хипотекарна банка í префрлала сандаци со афион - сопственост на должниците во Хипотекарна Банка, односно ломбардиран на нивно име. Со тоа ги задолжувале корисниците да го исплатат долгот, а за конфискуваниот афион ги известувале по писмен пат.338 И ова претставувало новина во работењето на банката што била воведена истата 1930 година. Покрај заемот што таа го дала на Привредна банка (формирана во 1922 година), такви заеми им давала и на паричните заводи во внатрешноста. Со ова била поврзана познатата “афионска афера” во 1932 година кога по упатство на Хипотекарна банка, по писмен пат ги убедила произведувачите да не го продаваат афионот, туку да го ломбардираат (заложат) во Привредна банка, па земале заем со цел да чекаат подобра цена на афионот на пазарот, во меѓувреме плаќајќи камата во Хипотекарна банка. Но, по две ипол години, цената на афионот толку паднала, а тие морале да  плаќаат камата за целиот тој временски период, така што земјоделците биле приморани да ги фрлат своите рала и да бегаат од нивите. 

Втора според големината на пласманот била филијалата на Народната банка во Скопје. Скопската филијала била формирана на 21.04.1913 година. На почетокот на војната, во 1915 година,   имотот на банката бил евакуиран во Марсеј, Франција. По Првата светска војна банката повторно отворила филијала во Скопје на 15.10.1920 година. Нејзина главна дејност биле менични кредити. Таа вовела една нова работа, а тоа било кредитирање на трговијата со опиум во вид на меничен заем, на кој како гаранција му служела стоката депонирана кај еден од скопските заводи преку кои се издавале овие заеми. Оваа помош на Народната банка наишла на  голем одзив при национализацијата на трговијата со опиум и од 1928 година и нашите трговци почнале да се појавуваат на странските пазари како извозници.

Втора кредитна работа со која се занимавала Народната банка биле заемите за залог и тоа исклучиво на хартии од вредност. Третата и најразгранета работа биле жиро-сметките.

Народната банка придонела многу за стабилизација на паричниот пазар со евтините кредити кои му ги одобрувала на стопанството и на локалните банки.339

Во 1936 година банката се сместила во нова палата на најпрометното место во градот, на градскиот плоштад, отспротива на импозантниот Офицерски дом со кој создавала пандан и заедно се слевале како една величествена капија за Камениот мост. Проектот го изработил Божидар Несторовиќ. Зградата се состоела од сутерен, приземје и три ката и две кули од предната и задната страна на објектот. На приземјето биле сместени канцелариите на банката како и шалтерите и трезорите, додека на секој од катовите имало по 5 станови и бањи. Фасадата била од вештачки камен освен тремот кој бил направен од природен мермер.340

Покрај големата улога на банките за развој на трговијата, занаетчиството и индустриското производство, тие придонеле и во развојот на градот. Така на пример, Народната банка се појавила како финансиски инвеститор за изградба на Поштата, железничката станица, зградата на Банската управа(сегашно Собрание на РМ), аеродромот и многу други објекти во тој период.341

На 15 август 1927 година во Скопје се отворила филијала на Поштенската штедилница, по иницијатива на Трговско-индустриската комора. Таа била државна парична институција за која гарантирала државата. Нејзина цел била од една страна да го поттикнува народот на штедење, а од друга страна да ја подобри организацијата на паричниот сообраќај и за кратко време, со исти пари да се задоволат што поголем број потреби.

Ваква голема задача можела да í се довери само на оваа штедилница бидејќи имала најраширена благајничка организација, како резултат на тоа што сите пошти во државата служеле како нејзини филијали. Покрај сигурноста што ја нудела Поштенска штедилница како државна институција, на штедачите им давала можност своите влогови да ги вложуваат и подигаат со истата книшка во сите пошти во државата.342 Во чековниот промет можело да учествува секое лице, трговска фирма, јавно надлежништво и други здруженија и заводи. Зачленувањето се вршело со пристапници кои се добивале во секоја пошта или во Поштенска штедилница што требало да се пополнат, за граѓански лица со докажување на идентитетот, а за фирмите-извод од трговскиот регистар.. Основен влог била сумата од 100 динари, а влогот се внесувал со уплатен лист кој бесплатно се давал на шалтерите на поштата.343

Поштенската штедилница била особено добредојдена за  паричните заводи кои биле нејзини членови, затоа што преку неа имале евтина врска со сите муштерии во провинција, па таа често им служела како филијала. Исто така,  добро им користела и на трговците и занаетчиите за наплата на сметки, затоа што преку штедилницата, со доставување на свои уплатници, тие ги опоменувале своите  муштерии должната сума да ја уплатат во првата пошта.

Покрај сето ова на државата í се пружала прилика постепено да ги укине сите свои благајни кои не í биле толку потребни и нивните функции да ги пренесе на Поштенската штедилница, односно на поштите.

Во Скопје биле отворени и Аграрна банка и Занаетчиска банка. Овие две институции со својата работа им биле од најголема корист на земјоделците и занаетчиите кои всушност биле и најмногубројни во земјата во тој период.

Во современото општество кредитот е главен лост во стопанството, а неговата употреба го покажува степенот на неговиот развој. Значењето на паричните заводи за развојот на народното стопанство, трговијата и индустријата е неоспорно. Без евтин кредит било невозможно да се замисли каква било работа која би дала поволни резултати.

Прифаќањето на банкарското штедење во Скопје се изразувало и преку одбележување на Светскиот ден на штедењето на 31 октомври секоја година. Во Скопје, овој ден се одбележувал со делење на пропагандни летоци по училиштата, а по јавните места во градот биле лепени плакати.

Оттаму, треба  да се укаже на тоа дека и покрај тоа што на банкарството во Македонија во тоа време му недостигала покрупна концентрација и тоа имало видливи национално-политички белези (филијалите биле на српски банки и акционерите на приватните банки биле во голем дел српски трговци и индустријалци), тоа сепак придонело за материјалниот напредок постигнат во нашата земја по Првата светска војна.

 

16.5. Признаница од Стопанска банка издадена од филијалата на Поштенската штедилница, МГС

 

16.6. Писмо од Коста Путник до управата на Државната хипотекарна банка во 1932 год., МГС

 Семејството Настеви од Скопје било тесно поврзано  со банкарството.

Стефан Настев говорел  неколку странски јазици  што му ја олеснувало работата во трговската дејност со странските партнери. Во 1916 година тој бил избран за почесен претседател на тогашното Трговско здружение  што  подоцна прераснува во Трговска комора. На ова функција Стефан Настев останал цели 25 години. Во понатамошниот живот, напреден во своите погледи и амбиции, Стефан станал акционер на повеќе значајни асоцијации како што се продуктивната берза во Скопје, изградбата на пругата Косовска Митровица - Скопје - Солун, а заедно со европскиот трговец Арие и трговецот Трајко Аџибошков, ја основале “Вардар Банка” во Скопје.344