Скопската чаршија и занаетчиството |
Постанокот на Старата
чаршија, според пишаните податоци и патеписните белешки на познати
патеписци кои минале низ Балканот, а со тоа и во градот Скопје, може
да се следи уште од средните векови. Била лоцирана во централното
подрачје на старо Скопје, а го задржала приматот и подоцна со
проширувањето на градот на десниот брег на реката Вардар во периодот
помеѓу двете светски војни.
Чаршијата со својата
жива активност, овозможувала развој на повеќе занаети, а со тоа и на
трговијата. Некои од занаетите, во одредени временски периоди, во
зависност од политичките прилики, а и под влијание на самите
потрошувачи чија етничка структура се менувала, биле многу развиени
и надалеку познати (особено изработката на кожа-кордован во
специјални камени корита покрај реката Вардар, волна, жито, восок,
тутун, гајтан, срма, свилен конец, везени производи од чоја и др.),
додека други поради истите причини стагнирале или сосема пропаднале.
Занаетчиството почнало
да назадува уште кон крајот на 19 век поради навлегувањето на
европскиот капитал и евтини индустриски производи, менување на
начинот на живот, како и политичките промени на Балканскиот
Полуостров.
|