Изгледот на Скопската чаршија |
Зборот чаршија
потекнува од турскиот израз чарши т.е од персискиот, што
означува крстопат или плоштад со приоди од сите четири страни.
Скопската чаршија
претставува посебен, многу значаен и интересен комплекс од
турско-градска архитектура. И покрај тоа што во голема мерка го
изменила својот изглед, таа е сочувана и денес. Скопската чаршија е
од типот на ориентално-балканските чаршии и спаѓа во една од
најголемите во Македонија.
Во Скопје, град кој се
развивал според ориенталните урбанистички принципи карактеристични
се две посебни зони: првата зона ја сочинува чаршијата како средиште
на занаетите, трговијата и сообраќајот, а втората зона ја сочинуваат
маалата како станбени квартови. Чаршијата се развила во центарот на
градот каде што се соединуваат патиштата од сите страни, а пак
маалата се развиле на посебен простор подалеку од чаршиската врева
каде што се подигале куќи за живеење, затворени кон улицата со
пространи бавчи и богат внатрешен амбиент.
За чаршијата биле важни и придружните објекти како што биле
Безистенот, џамиите, ановите, караван-сараите, амамите, медресите и
други објекти кои имале општ или религиозен карактер.
Чаршијата се формирала
од дуќани со лесна конструкција и била создадена околу цврсто
изградениот безистен. Имено, најстарото јадро на чаршијата било тука.
Во периодот помеѓу
двете светски војни, како и порано, чаршијата била
трговско-занаетчиски дел на градот. Таа го опфаќала исклучиво
стопанскиот дел на дуќани и други јавни објекти, во прв ред анови и
караван-сараи како патнички свратилишта.
Како главни објекти во
чаршијата, дуќаните биле поставени од двете страни на улиците. Тие
биле со мали димензии, изградени од провизорен материјал со
едноставни конструкции. Чаршиските улици имале карактеристичен
изглед поради тоа што дуќаните се граделе еден до друг, на еднаква
висина како да се под еден покрив.

14. 1. Старата скопска
чаршија, помеѓу двете светски војни, МГС инв. бр. 155
Старите скопјани дел од
чаршијата ја викале покриена (капали) чаршија. До 1934 год., два
дела од чаршијата биле покриени според османлиски трговски терк.
Сите калдрмисани улички низ чаршијата биле покриени со ќерпички
сводови или ламарина, а се осветлувале со карбитни светилки. Во
чаршијата се влегувало од три влеза. Првиот влез бил од
Даут-пашиниот амам каде што доминирал дуќанот на Теохар и Пане,
“Европа”,
вториот влез бил кај денешното кино “Напредок” и третиот каде што
денес се наоѓа стоковната куќа “Илинден”. Во 1935 год.
градоначалникот на Скопје, Јосиф Михаиловиќ, ја открил чаршијата и
биле тргнати сите ќепенци со кои дотогаш таа била покриена.
Чаршијата секогаш
претставувала значаен градски локалитет со калдрмисани тесни и
кривулести улички, со чешми, шадрвани, со голем број придружни
објекти.

14.2. Дел од улицата “Казанџиска” во Чаршијата, лево е дуќанот “Бата” (Борово), помеѓу двете светски
војни, МГС инв. бр. 1384
Чаршијата како главно
јадро на градот со него се развивала и стагнирала менувајќи го
името од Безистен, Покриена чаршија, Турска чаршија, до денес -
Стара чаршија.
Ubavka
i Bane Anxeli}, se}avawa,terenski istra`uvawa vo 1995 god.
|