topimage
HomePage Header Header
Image_t3
Left BG
Divider
Arrow Bullet

Почеток

Divider
Arrow Bullet

Содржина

Divider
Arrow Bullet

Вовед

Divider
Arrow Bullet

Краток историјат на градот Скопје

Divider
Arrow Bullet Население
Divider
Arrow Bullet
Скопски маала
Divider
Arrow Bullet Регулационен план
Divider
Arrow Bullet Улиците во градот
Divider
Arrow Bullet Градежна активност
Divider
Arrow Bullet Водовод
Divider
Arrow Bullet Јавни бањи и амами
Divider
Arrow Bullet Јавна хигиена
Divider
Arrow Bullet Јавна канализација
Divider
Arrow Bullet
Електрификација
Divider
Arrow Bullet Сообраќај
Divider
Arrow Bullet Пошта
Divider
Arrow Bullet

Скопската чаршија и занетчиство

Divider
Arrow Bullet Трговија и трг. врски
Divider
Arrow Bullet Банкарство
Divider
Arrow Bullet Индустрија
Divider
Arrow Bullet Хотелиерство
Divider
Arrow Bullet
Јавна безбедност
Divider
Arrow Bullet Социјални прилики
Divider
Arrow Bullet Здравство и хигиена
Divider
Arrow Bullet Ветеринарна служба
Divider
Arrow Bullet Паркови и зеленила
Divider
Arrow Bullet Театар
Divider
Arrow Bullet Скопски кина
Divider
Arrow Bullet Корзото и прошетки
Divider
Arrow Bullet
Кафеани
Divider
Arrow Bullet Плажи
Divider
Arrow Bullet Излетнички места
Divider
Arrow Bullet Цркви и црк. живот
Divider
Arrow Bullet Градски гробишта
Divider
Arrow Bullet Просветни прилики
Divider
Arrow Bullet Научни друштва
Divider
Arrow Bullet
Музеи
Divider
Arrow Bullet Културно-уметнички живот
Divider
Arrow Bullet Спортски живот
Divider
Arrow Bullet Односи во семејство
Divider
Arrow Bullet Материјална култура
Divider
Arrow Bullet
Духовна култура
Divider
Arrow Bullet Заклучок
Divider
Arrow Bullet Извори
Divider
Arrow Bullet

Подарени етнолошки предмети од старите скопски фамилии за Музеј на град Скопје

Divider
Arrow Bullet
Divider
Пајтон
Шпедитерски коли
Железнички сообраќај
Автомобили и мотоцикли
  Автобуси
  Авионски сообраќај
   

Авионски сообраќај

Како најново и најсовремено превозно средство, авионите последни биле вклучени во сообраќај во Скопје. Аеродромот бил наречен “Скопје”, а се наоѓал сосем на крајот од градот, кај денешната населба “Аеродром”. Првиот патнички авион слетал во Скопје на 15 јуни 1928 год. Авионот бил од типот “Потез-29”, а превезувал 5 патници. [1]

 

12.14. Аеродромската зграда на аеродромот “Скопје”, МГС

 

Во 1929 год. била воспоставена авионска линија Солун- Скопје-Белград. Времето на тргнување било така планирано што на патниците и трговците од Солун им овозможувало заштеда во време. Авионите поаѓале од Скопје во 7ч. наутро, па патниците кои од Солун доаѓале во 5,45ч. можеле да продолжат за Белград. Во Белград на патниците им бил овозможен престој од 6 часа. До аеродромот “Скопје” сообраќало посебно возило кое тргнувало од пред кафеаната “Маргер” во 6,15 наутро. Билетот за превоз од аеродромот бил бесплатен, бидејќи тој  бил пресметан во авионскиот билет. Билетот се купувала во Француско-српската банка или во агенцијата на аеродромот. За релацијата Скопје-Белград билетот чинел 450 динари, а повратниот кој важел 3 дена, 800 динари. Повластен билет можеле да користат државните чиновници, резервните офицери и офицерите. [2] Секој патник можел да понесе 15 кг багаж бесплатно. Во прво време, најголем број од патниците биле мажи.

На редовната линија Скопје-Белград сообраќало друштвото за авио-сообраќај “Аеропут”. Неговите пилоти биле многу вешти на што укажува и фактот дека немало авионски несреќи. Тоа биле пилотите Стрижевски, Јарошенк, инженер-конструктор Станисавлевиќ и др. [3]

Во 1930 год. била воспоставена линијата Скопје-Солун. Поради добрите резултати во 1934 год. од 1 мај 1935 год. се вовела секојдневна врска на оваа релација. Цената на билетот за оваа линија изнесувала 250 дин. [4]

Аеродромот во Скопје имал своја слава “Св. Илија” која ја прославувале секоја година на 2 август. На прославите присуствувале војската, цивилната власт и голем број граѓани. Во црковниот обред чинодејствувале свештеници од сите главни вери. [5]

 

12. 15. Авион на спортскиот аеродром, МГС

 

12.16. Покана од аеродромот “Скопје” до Скопското научно друштво за прослава на славата Св. Илија 1938 год.

 Авионите биле од француско производство од типот Потез, кои поради ограничениот простор примале мал број патници и багаж.

Во 1931 година била пуштена линијата Скопје- Подгорица. [6]

Со цел да се привлече поголемо внимание и интерес кај населението за военото и цивилното воздухопловство, во Скопје бил формиран аероклуб “Наши крила”. Обласниот одбор на Аероклубот организирал аероденови на кои имало приредби и популарни предавања. Аероклубот имал 5000 членови, на чело со генерал Антониевиќ. На 9.05.1933 год. бил набавен авионот “Скопје”, а истата година, со средства собрани од предавањата и аеромитинзите, бил купен нов авион “Косово”. Посетителите на аеромитинзите за 30 динари можеле да пробаат да летаат со авион. [7]

Како куриозитет старите Скопјани го паметат слетувањето на Еми Џонсон,  една од првите жени- пилоти во светот, на скопскиот аеродром во 1930 год. при нејзиното враќање од Австралија за Лондон.

Во 1937 год. во договор со авионското друштво “Аеропут” и Сидна, Министерството за сообраќај воспоставило авионски сообраќај со Кралството и странство. Со оваа линија  стасувал и весникот “Правда” од Белград. Авионот на “Аеропут” сообраќал секој ден, освен во недела. [8]

Од сето ова може да се изведе заклучок дека сообраќајот во Скопје меѓу двете светски војни достигнал револуционерен напредок, не толку во квантитет колку во застапеност на сите видови превозни средства.


 

[1] Blagoja Ilievski-Marko, "Skopje", Skopje 1999, 50.

[2] Jedan va`an uspeh na{eg vazduhoplovstva,"Skopski Glasnik", br.23, 1929, 2.

[3] Skopqani putuju avionom," Vardar", 1.07.1935, 3.

[4] Skopqe dobija svakodnevnu vazdu{nu vezu sa Beogradom i Solunom,"Vardar", br. 439, 14.04.1935 god.

[5] Slava aerodroma u Skopqu,"Skopski Glasnik", br.531, 4.

[6] "Avtomobilizmot vo Makedonija i AMSM", Skopje 1995, 60.

[7] Dani avijacije u Skopqu, "Skopski Glasnik", br. 266, 1933, 1.

[8] Avionski, po{tanski saobra˚aj, "Skopski Glasnik", br.204, 1937, 3.