topimage
HomePage Header Header
Image_t3
Left BG
Divider
Arrow Bullet

Почеток

Divider
Arrow Bullet

Содржина

Divider
Arrow Bullet

Вовед

Divider
Arrow Bullet

Краток историјат на градот Скопје

Divider
Arrow Bullet Население
Divider
Arrow Bullet
Скопски маала
Divider
Arrow Bullet Регулационен план
Divider
Arrow Bullet Улиците во градот
Divider
Arrow Bullet Градежна активност
Divider
Arrow Bullet Водовод
Divider
Arrow Bullet Јавни бањи и амами
Divider
Arrow Bullet Јавна хигиена
Divider
Arrow Bullet Јавна канализација
Divider
Arrow Bullet
Електрификација
Divider
Arrow Bullet Сообраќај
Divider
Arrow Bullet Пошта
Divider
Arrow Bullet

Скопската чаршија и занетчиство

Divider
Arrow Bullet Трговија и трг. врски
Divider
Arrow Bullet Банкарство
Divider
Arrow Bullet Индустрија
Divider
Arrow Bullet Хотелиерство
Divider
Arrow Bullet
Јавна безбедност
Divider
Arrow Bullet Социјални прилики
Divider
Arrow Bullet Здравство и хигиена
Divider
Arrow Bullet Ветеринарна служба
Divider
Arrow Bullet Паркови и зеленила
Divider
Arrow Bullet Театар
Divider
Arrow Bullet Скопски кина
Divider
Arrow Bullet Корзото и прошетки
Divider
Arrow Bullet
Кафеани
Divider
Arrow Bullet Плажи
Divider
Arrow Bullet Излетнички места
Divider
Arrow Bullet Цркви и црк. живот
Divider
Arrow Bullet Градски гробишта
Divider
Arrow Bullet Просветни прилики
Divider
Arrow Bullet Научни друштва
Divider
Arrow Bullet
Музеи
Divider
Arrow Bullet Културно-уметнички живот
Divider
Arrow Bullet Спортски живот
Divider
Arrow Bullet Односи во семејство
Divider
Arrow Bullet Материјална култура
Divider
Arrow Bullet
Духовна култура
Divider
Arrow Bullet Заклучок
Divider
Arrow Bullet Извори
Divider
Arrow Bullet

Подарени етнолошки предмети од старите скопски фамилии за Музеј на град Скопје

Divider
Arrow Bullet
Divider
Пајтон
Шпедитерски коли
Железнички сообраќај
Автомобили и мотоцикли
  Автобуси
  Авионски сообраќај
   

Автобуси

Напредокот на јавниот сообраќај во градот се почувствувал со воведувањето на автобускиот превоз. Тој датира од 1925 година. Во прво време автобускиот сообраќај се одвивал стихијно, бидејќи сé уште не било формирано превозно претпријатие. Први превозници биле браќата Поповиќ кои поседувале автобуси”Круп” и “Форд” уште во 1929 година. Како превозник работел и Коце Попанков. Но, многубројни околности влијаеле во Скопје да се формира сообраќајно претпријатие. Тие околности биле: зголемување на површината на скопскиот атар, поголемиот пораст на населението, ширењето кон периферијата, изградбата на фабрики, развојот на трговијата и стопанисувањето воопшто, порастот на патничкиот промет и сл. Вардарското автобуско претпријатие”ВАП” на браќата Поповиќ било конечно формирано во 1934 година и тие поседувале 30 автобуси. Ова претпријатие ги држело линиите Скопје-Дебар-Охрид и Гостивар-Кичево-Охрид, а линијата Бујановац-Гњилане-Урошевац-Призрен заедно  со други претпријатија. Во “ВАП” работеле 50 работници, а за формирање на самото претпријатие биле вложени 4.000.000 динари.

Според законот од 1931 година, автобуските претпријатија покрај сите такси, на државата í плаќале и 13% од бруто-прометот за вонредно искористување на патиштата.

 

12.13. Автобуси на Вардарското автобуско претпријатие “ВАП”  на браќата Поповиќ, Охрид, МГС

 

Во 1933 година Управата на полицијата ги издала следниве наредби за безбедност на сообраќајот: автобусите требале да стојат само на одредени станици; секој автобус требало да има видно истакнат ред на возење и ценовник; покрај шоферот во автобусот можел да седи само помошникот; шоферите морале да бидат чисти и да го одржуваат автобусот во чиста состојба. Во 1934 година биле додадени и следниве наредби: било забрането превезување на патници на покривот и на папучата од возилото; во случај на несреќа и сл. морале да примат повредени лица без надомест; автобусот морал да го понесе само рачниот багаж на патниците и сл. [1] Станица за сите автобуси бил Плоштадот на местата пред Офицерскиот дом и пред паркот, а на браќа Поповиќ прва станица им била во ул “Крал Петар”, а втора пред Капан-ан. Автобуските претпријатија често на своја сметка чистеле снег и вршеле поправка на патиштата.

Автобуските линии во голема мерка придонеле за развој на туризмот. Со нивно воведување се зголемила посетеноста на многу примамливи делови на земјата кои полека прераснале во туристички места како што се Св. Наум, Охрид, пределите по течението на Радика, а особено манастирот Св. Јован Бигорски. Друштвото за унапредување на туризмот “Југ” имало евиденција за тоа дека претпријатието “Браќа Поповиќ” покрај автобуси за редовен превоз на патници имало и одлични специјални отворени автобуси за туристи.

Со автобускиот сообраќај во Скопје е поврзана и појавата на занаетчии изработувачи на каросерии кои произлегле од “коларите”. Изработувачите на каросерии при полагањето  мајсторски испит за добивање на звање, требале целосно да изработат: преден дел на каросерија за пајтон, заден дел на истата каросерија, крила за заштита од кал, заден агол на автобуска каросерија и врата за автобус. [2]                        

Во 1934 год. биле донесени измени во законот за даноци, со што данокот за     автобускиот сообраќај се зголемил за 15%. Ова особено ја погодило цела Вардарска Бановина каде што концесионираните претпријатија и дотогаш тешко ги поднесувале оптоварувањата.

Во 1938 год. се јавила иницијатива за воведување на ново јавно превозно средство, а како најпогоден се спомнувал трамвајот. Оваа иницијатива произлегла како резултат на потребата за подобрување на јавниот превоз, бидејќи веќе употребуваните автобуси создавале облаци од прашина возејќи по лошите скопски улици, го загадувале воздухот со согорена нафта, а не ги задоволувале потребите на жителите на Скопје. И покрај сите јавни залагања, воведувањето на трамвај останало само на хартија, поради тоа што парите што Вардарска Бановина требало да ги добие од репарациите за Првата светска војна, а биле предвидени за воведување на трамвај, никогаш не стигнале. [3]


 

[1] Naredba Uprave policije u Skopqu,"Vardar", br. 230, 1934, 5.

[2] Nikitoviћ, d-r ^aslav, "Zanatstvo Ju`ne Srbije", Skopqe 1934, 241.

[3] Vo Skopje e napraven tramvaj so kowska vle~a za vreme na posetata na sultanot vo 1909 god. Po 1912 god. pretsedatelot na Skopje, Spiro Haxi Risti}, dal predlog i prezemal inicijativa da se vovede tramvajski soobra}aj vo Skopje, no Prvata svetska vojna toa go onevozmo`ila.