Како многу поевтино и
поедноставно превозно средство служеле шпедитерските коли. Иако тие
биле наменети за превоз на стока, сепак скопските излетници нив
редовно ги користеле, и тоа по дваесетина лица изнајмувале една кола.
Истата група луѓе, кога би се служела со пајтон, за истиот пат ќе
користела 4 пајтони. Скопјани најмногу оделе на излети во Матка, Кисела Вода, Катланово и
манастирот Св. Илија . Шпедитерски коли имало на следниве станици:
на плацот до општинскиот кантар, на Железничката станица, на Зелен
пазар, на плацот во ул.”Војвода Путник”, во ул. “Принц Андреј”, во
ул.”Призренска”, во ул.”Печка” итн. Цената се одредувала според
количината на стоката што се превезувала и до 10 оки, за помала
релација, обично почнувала од 2 динари, а со зголемување на
релацијата, цената се качувала на 3,4 динари.Во
1936 год., по иницијатива на пајтонџиите, бил забранет превоз на
патници со шпедитерски коли на излети, со што пајтонџиите сакале да
привлечат повеќе корисници на нивните услуги. Сепак, тоа не вродило
со плод, бидејќи скопското население немало средства да си дозволи
патување со пајтон на поголема дестинација, па така почнале да одат
на излети со воз.

12.2. Група излетници
на Скопска Црна Гора со шпедитерски коли во 1939 год., МГС
|