topimage
HomePage Header Header
Image_t3
Left BG
Divider
Arrow Bullet

Почеток

Divider
Arrow Bullet

Содржина

Divider
Arrow Bullet

Вовед

Divider
Arrow Bullet

Краток историјат на градот Скопје

Divider
Arrow Bullet Население
Divider
Arrow Bullet
Скопски маала
Divider
Arrow Bullet Регулационен план
Divider
Arrow Bullet Улиците во градот
Divider
Arrow Bullet Градежна активност
Divider
Arrow Bullet Водовод
Divider
Arrow Bullet Јавни бањи и амами
Divider
Arrow Bullet Јавна хигиена
Divider
Arrow Bullet Јавна канализација
Divider
Arrow Bullet
Електрификација
Divider
Arrow Bullet Сообраќај
Divider
Arrow Bullet Пошта
Divider
Arrow Bullet

Скопската чаршија и занетчиство

Divider
Arrow Bullet Трговија и трг. врски
Divider
Arrow Bullet Банкарство
Divider
Arrow Bullet Индустрија
Divider
Arrow Bullet Хотелиерство
Divider
Arrow Bullet
Јавна безбедност
Divider
Arrow Bullet Социјални прилики
Divider
Arrow Bullet Здравство и хигиена
Divider
Arrow Bullet Ветеринарна служба
Divider
Arrow Bullet Паркови и зеленила
Divider
Arrow Bullet Театар
Divider
Arrow Bullet Скопски кина
Divider
Arrow Bullet Корзото и прошетки
Divider
Arrow Bullet
Кафеани
Divider
Arrow Bullet Плажи
Divider
Arrow Bullet Излетнички места
Divider
Arrow Bullet Цркви и црк. живот
Divider
Arrow Bullet Градски гробишта
Divider
Arrow Bullet Просветни прилики
Divider
Arrow Bullet Научни друштва
Divider
Arrow Bullet
Музеи
Divider
Arrow Bullet Културно-уметнички живот
Divider
Arrow Bullet Спортски живот
Divider
Arrow Bullet Односи во семејство
Divider
Arrow Bullet Материјална култура
Divider
Arrow Bullet
Духовна култура
Divider
Arrow Bullet Заклучок
Divider
Arrow Bullet Извори
Divider
Arrow Bullet

Подарени етнолошки предмети од старите скопски фамилии за Музеј на град Скопје

Divider

Електрификација на градот

Целокупниот живот, подобрувањето на хигиенските услови, здравјето и напредокот на  населението биле поврзани со електрификацијата на градот.

Борината, лојаниците, чадните фитили, газиените ламби не можеле веќе да ја задоволат потребата на напреднатото градско население кое се стремело за подобар и современ начин на живот. Поголем дел од градските семејства во своите домови не можеле да ја користат светлината на електричната сијалица.

Првата дизел-централа била изградена во 1909 год., но таа не ги задоволувала потребите на градот  кој сé повеќе се развивал.

 

11.1.Електрична централа, МГС инв. бр. 2123

 

11.2. Во близината на куќите сопственост на Панче Влеков, под Кале, се наоѓала Термо-електраната, Приватна збирка на Бојан Димитров, инв. бр. 2419

 

11.3. Хидроцентралата “Матка” 1938-1939 год. на фотографијата е Ачим Поповиќ, инженер во Градежниот отсек во Банската управа, МГС инв. бр. 4494

 

Првите зачетоци на интересот на Општината  на градот за искористување на водената сила на реката Треска датираат  од 1921 година. Финансиската  слабост на Општината не овозможила остварување на тој потфат и снабдувањето на градот со електрична енергија  морала да се подобри со приватна иницијатива, односно, во периодот 1920-1926 година се користела  малата општинска калорична централа, останата од турскиот период, а во  периодот  1926-1933 година хидроцентралата на реката Пена кај Тетово. Снабдувањето на градот со електрична енергија од реката Пена било поврзано со договор кој истекувал во 1933 година, па затоа, општинската управа на чело со  инженерот и претседател на Општината на градот, Јосиф Михаиловиќ, го истакнала ова прашање како најважен комунален проблем и уште во 1930 година, била започната акција за снабдување на градот со евтина, во доволна количина и во секое време достапна електрична енергија.

Проучувањето на прашањето за планска електрификација на градот, Општината í го доверила на комисија од стручњаци, меѓу кои биле Владо Митровиќ, професор на Универзитетот и овластените инженери, Милан Печинар и Васо Ристиќ. Оваа комисија решението на проблемот го нашла во изградбата на хидроцентрала на реката Треска. Изградбата на хидроцентралата била одобрена од стана на Министерството за градежни работи, а правото на искористување на електричната енергија го добила Скопската општина со решение на Банската управа во 1931 година. [1]

Обезбедувањето на финансиски средства за изведување на овој проект, не било решено, па затоа договорот за снабдување на градот со електрична енергија од реката Пена бил продолжен до 1938 година, а во градот била изградена калорична централа со  два дизел-мотора со јачина од 1050 кв, кои ја задоволувале потребата на градот во периодот кога имало недоволен капацитет на реката Пена или дефект. [2]

Во следните години се пристапило кон изградба на хидроцентралата на реката Треска.

По склучувањето на договорот за концесија во времетраење од 5 години за тетовската хидроцентрала, во градот се зголемило воведувањето на струја во објекти и куќи и бројот на претплатниците во 1933 година  достигнал  бројка од 6500 претплатници на електрична енергија за осветлување и 400 претплатници на моторна струја.

Најголеми потрошувачи на електрична енергија биле индустриските претпријатија меѓу кои: мелницата “Балкан”, Парната пивара, аеродромот и железничката ложилница, фабриката на семејството Папатеодоси, фабриката на браќата Сидиќ, помали мелници, машински работилници, кината, фабриката за тесто и кекси, работилницата за изработка на бетонски цевки, земјоделски мотори, стругари, столарски работилници и најголем број на мотори за пумпање вода во приватни станови. [3]

Осветлувањето на градските улици и на некои установи било бесплатно и концесорот не барал никаков надомест.

На почетокот, калоричната централа  била приземна и градската електрична мрежа била напојувана од три трансформатори. Со изградбата на  централата биле изградени и нови трансформаторски станици и електричната мрежа била напојувана од нови извори. Многу од столбовите со кои се пренесувала струјата биле во фаза на распаѓање, а растојанието меѓу нив било и до 60 метри, па затоа оваа мрежа морала да се поправи и да се подели на нови трансформатори. Најмногу поправки биле извршени на десната страна на  реката Вардар, бидејќи состојбата на мрежата тоа го налагала како и заради граѓанските дејности што се одвивале на таа страна. Старите столбови биле заменети со нови, борови, кои не биле импрегнирани. Многу нови улици добиле осветлување и многу куќи се приклучиле кон градската мрежа. На левата страна на градот била изградена нова мрежа, бидејќи  на некои улици воопшто ја немало.

Потрошувачката на електрична енергија, според бројот на населението, била многу мала, а причина за ова била непристапната тарифа за продажба на струјата. Поради зголемената потрошувачка на електрична енергија и во индивидуални куќи, било потребно да се прошири инсталацијата, или пак да се постави нова.

Со пуштањето во работа на хидроцентралата на реката Треска, “Свети Андреја”, во 1938 година, се зголемил бројот на претплатници  и во 1940 година скопската централа имала 10.000 претплатници заедно со индустријата и  претставништвата. [4]

Според бројот на претплатниците, а секој претплатник во просек  имал 5 члена во семејството, произлегува дека 50.000 лица во  градот уживале во благодетите на електричната сијалица. Останатиот дел од населението во своите домови користеле газиени ламби. Побогатиот дел од градското население во своите домови старите газиени ламби ги замениле со  луксузни лустери и столни ламби кои биле набавувани во продавници во Солун, Виена или Париз. Градските салони биле богато осветлени и претставувале престиж на богатиот дел од населението. Во домовите сé повеќе почнале да се употребуваат и електрични апарати, меѓу кои и електрични шпорети, вентилатори од познати светски фирми и др.

Осветлувањето во домовите како и уличното осветлување, овозможиле богат и поисполнет живот кој се одвивал во домовите и во многуте скопски кафеани, а и во театарот.

 

11.4. Скопје ноќе, колаж фотографија, Скопје 1937 год., МГС вл. бр. 11252

 

11.5. Илуминација на градот, МГС

 Еден од истакнатите граѓани на Скопје кој многу придонел за општиот развој на градот бил инженерот Јосиф Михаиловиќ.

 Во периодот  од 1918 до 1941 год. во градот Скопје имало неколку градоначалници. Спиро Хаџи Ристиќ бил градоначалник на Скопје во 1912, потоа во периодот од 1918 до 1920 год.; Коста Стефановиќ-Арсеновски од 1920 до 1921 год., во периодот од 1921 до 1923 год. Александар Буковиќ, од 1923 до 1929 Никола Сапунџик, Јосиф Михаиловиќ од 1929 до 1936 и 1939-1941г. Професор Пера Јовановиќ во текот на 1936, д-р Коста Чохаџиќ во периодот 1938-1939 год. и инж. Мустаков во 1941 год. како кмет.

Михаиловиќ во 1929 година станал претседател на Општината на град Скопје,  како  архитект и човек со висока стручна квалификација и познавање на сите облици на комунални активности.

Јосиф Михаиловиќ потекнува од селото Тресонче, Западна Македонија. Тој бил врвен архитект и претседател на  градот Скопје во периодот меѓу двете светски војни. Бил виден граѓанин кој оставил белег на своето време, човек кој  се движел во елитните кругови на  скопското интелектуално друштво.

Јосиф Михаиловић завршил универзитет во Белград, а се дошколувал во Франција, каде што се запишал на Сорбона, на институтот за урбанизам. За да го прошири своето знаење и стручност, тој своето  школување го продолжил во Лондон, каде што се запишал на Високото лондонско училиште за уредување и разубавување на градови и населби.

Со доаѓањето на функцијата претседател на Општината, Јосиф Михаиловиќ изработил план на градот со помош на 450  ученици, геометри и инженери,  со авионска снимка на градот, катастарски го премерил и направил попис на населението. Во 1929 година изработил регулационен план на градот, со што било овозможено понатамошно градење  на јавни објекти.

Градот, за многуте изградени јавни објекти му е должен на Јосиф Михаиловиќ. Негова иницијатива  и залагање била изградбата на хидроцентралата на реката Треска, планот на градот, монументалните јавни згради, водоводот, калдрмисувањето на улиците и воопшто целокупната работа на Општината како институција, како и чувањето и одржувањето на старите објекти како белег на градот, без разлика на тоа чија култура претставуваат.

Јосиф Михаиловиќ бил  член на повеќе  друштва, меѓу кои и на Скопското научно друштво. [5]

Со името Жерновски се поврзани голем број градби кои го красат Скопје.

Семејството Жерновски потекнува од градот Дебар, а се спомнува уште во 19 век, како едно од најугледните. Во 1868 год. се родил Дамјан.

Тој како ѕидар од сиромашен крај заминал на печалба во Романија. Во Браила учествувал во градбата на многу објекти, најнапред како палир, а потоа и претприемач. Дамјан се оженил со Ана и имал три деца -  син Кирил и две ќерки, Цвета и Слоботка. Кирил работел со татко му во Браила, а потоа се запишал на Техничкиот факултет во Загреб. Дамјан се вратил во Скопје и изградил куќа во центарот на градот, зад улицата “Краљ Петар”.  Кирил се оженил со Надежда од Куманово и во 1936 год. се вратил во Скопје во семејната куќа која ја реновирал и во неа вовел водовод и  електрична енергија.  Кирил Жерновски во Скопје отворил проектантско биро кое проектирало и  изведувало градежни работи. Биле изградени околу 50 објекти, како на пр. киното “Култура”, многу станбени објекти и др. Како ценет стручњак во 1939-1940 год. Кирил бил назначен за претседател на Инженерската комора во Скопје. [6]

Истакнат инженер кој учествувал во изградбата на хидроцентралата “Матка” бил Ачим Поповиќ.

 Ачим Поповиќ, по професија електроинженер, своето школување го стекнал во Француски лицеј, во Скопје, каде што матурирал,а продолжил во Прага каде што завршил електрофакултет. Дипломирал во Лвов, Украина во 1927 год. По враќањето во Скопје работел во Управата  на Вардарска Бановина, како прв електроинженер. Работел и во железница, потоа на изградбата на хидроцентралата “Матка” и бил народен пратеник за Прешевскиот срез во 1935 и 1937 год.. Ачим Поповиќ бил старешина и во Соколското друштво “Матица”, бил во управата на Пожарникарската чета и држел предавања за електрика во Народниот универзитет и Народниот театар. Како висок интелектуалец, зборувал четири јазици: француски, германски, чешки и полски.

Цветанка Џолева, заради рангот на нејзиниот сопруг, била домаќинка, се грижела за децата и куќата, а завршила осми клас гимназија и две години Домаќинско училиште.

Сопружниците Цветанка и Ачим Поповиќ се стари скопјани. Предци на Цветанка биле: татко í Славејко Џолев, трговец од Скопје, син на Стојан-Џоле кој пак бил син на Петруш, сите од Чаир. Предци на Ачим биле: неговиот татко Стоилко, син на  Величко, а внук на Љубомир, сите од селото Клиновац (на патот с. Ристовац-манастир Прохор Пчински). Неговата фамилија живеела во Пајко маало.

Цветанка и Ачим Поповиќ  живееле во Пајко маало, во местото Виралник ( просторот околу стоковната куќа “Илинден”, дел од Чаршијата, стоковната куќа “Мост”, Ибни Пајко и Камениот мост). Куќата во која живееле се состоела од “две куќи”. Големата куќа,  кон улицата,  имала приземје и кат. Во приземјето имало два дуќана и канцеларии, а на катот  имало три соби и голем ходник со излез на балкон над улицата.

Втората куќа била во дворот,  исто така со приземје и кат, а таа служела како резерва и ја издавале под кирија.

Ачим  и Цветанка Поповиќ се движеле во интелектуалните кругови во градот и имале богат друштвен живот. [7]

 

11. 6. Диплома на Ачим Поповиќ од политехничките студии во Лвов, 1928 год.

 

11.7.  Плакат од предавање на Ачим Поповиќ во Народниот универзитет на тема Електрицитетот и негова употреба, Скопје 1928 год., приватна документација на Бранислав Поповиќ


 

[1] Isto...61.

[2] Na 27 avgust 1933 god., gradot Skopje bil rasko{no iluminiran vo ~est na otvoraweto i pu{taweto vo rabota na op{tinskata elektri~na dizel-centrala.

[3] Aleksandar –okiћ, Razvitak elektri~ne centrle u Skopqe, "Skopski Glasnik"1934,1

[4] In`. Zdravko Stefanoviћ, Ekonomski slabiji graћani Skopqa snose veћe terete i mawe u`ivaju blagodeti elektri~ne centrale, "Glas juga", br. 46, 1940, 3.

[5] Arhiv na Makedonija, Fond 486. Skopsko nau~no dru{tvo, kutija 2,

[6] Marina Apostolovska, "Stari semejstva", Skopje 1999, 271.

[7] Branislav Popovi}, sin na A~im Popovi}, se}avawa, terenski istra`uvawa vo 1995 god.