ВОДОВОДОТ ВО ГРАДОТ СКОПЈЕ |
Снабдувањето на градот
со вода во периодот меѓу двете светски војни претставувало проблем
на Скопската општина, која за решавање на ова прашање се
интересирала уште во 1925 год.
Проблемот со вода за
градот бил акутен, бидејќи постоела опасност од загадување со
примитивниот начин на искористување на подземните води и начинот на
кој се снабдувал најголем дел на населението од стариот дел на
градот и деловите од градот кои почнале да се градат во периодот по
1923 година.
Старата водоводна мрежа
која се користела во Скопје била наследена од периодот на
османлиското владеење и била градена од 1909 до 1911 год. Била
долга 10.640 м2, со слаб капацитет, слаба пумпа и не ги
задоволувала потребите на градот со вода.
Оваа водоводна мрежа снабдувала со вода 900 претплатници со
приклучоци, чија должина на десната страна изнесувала 2065 м и
2605 м на левата страна
|