topimage
HomePage Header Header
Image_t3
Left BG
Divider
Arrow Bullet

Почеток

Divider
Arrow Bullet

Содржина

Divider
Arrow Bullet

Вовед

Divider
Arrow Bullet

Краток историјат на градот Скопје

Divider
Arrow Bullet Население
Divider
Arrow Bullet
Скопски маала
Divider
Arrow Bullet Регулационен план
Divider
Arrow Bullet Улиците во градот
Divider
Arrow Bullet Градежна активност
Divider
Arrow Bullet Водовод
Divider
Arrow Bullet Јавни бањи и амами
Divider
Arrow Bullet Јавна хигиена
Divider
Arrow Bullet Јавна канализација
Divider
Arrow Bullet
Електрификација
Divider
Arrow Bullet Сообраќај
Divider
Arrow Bullet Пошта
Divider
Arrow Bullet

Скопската чаршија и занетчиство

Divider
Arrow Bullet Трговија и трг. врски
Divider
Arrow Bullet Банкарство
Divider
Arrow Bullet Индустрија
Divider
Arrow Bullet Хотелиерство
Divider
Arrow Bullet
Јавна безбедност
Divider
Arrow Bullet Социјални прилики
Divider
Arrow Bullet Здравство и хигиена
Divider
Arrow Bullet Ветеринарна служба
Divider
Arrow Bullet Паркови и зеленила
Divider
Arrow Bullet Театар
Divider
Arrow Bullet Скопски кина
Divider
Arrow Bullet Корзото и прошетки
Divider
Arrow Bullet
Кафеани
Divider
Arrow Bullet Плажи
Divider
Arrow Bullet Излетнички места
Divider
Arrow Bullet Цркви и црк. живот
Divider
Arrow Bullet Градски гробишта
Divider
Arrow Bullet Просветни прилики
Divider
Arrow Bullet Научни друштва
Divider
Arrow Bullet
Музеи
Divider
Arrow Bullet Културно-уметнички живот
Divider
Arrow Bullet Спортски живот
Divider
Arrow Bullet Односи во семејство
Divider
Arrow Bullet Материјална култура
Divider
Arrow Bullet
Духовна култура
Divider
Arrow Bullet Заклучок
Divider
Arrow Bullet Извори
Divider
Arrow Bullet

Подарени етнолошки предмети од старите скопски фамилии за Музеј на град Скопје

Divider

Arrow Bullet
Маала на левата страна од Вардар
Arrow Bullet
Маала на десната страна од Вардар
Divider Divider
Пајко (Ибни Пајко) Чаир
Еврејско (Чивутана) Карадаг
Топхана (Тапаана) Крњево
   
   
       
       
           

СКОПСКИТЕ   МААЛА  КАКО   ОДРАЗ   НА   ЕТНИЧКИТЕ   МИГРАЦИОНИ   ДВИЖЕЊА   ВО   МИНАТОТО

Скопје како главна раскрсница на Балканот, поврзана преку трговските патишта со Блискиот и Средниот Исток, со земјите од Медитеранот и Јадранското Море, со земјите на Средна и Западна Европа, не било само место за транзитни етнички преселувања, туку и собиралиште на претставници на различни народи и етнички групи што придонело градот да стане повеќенационален.

Во Скопската Котлина која со својата централна географска положба на Балканот претставувала крстопат на важни патишта, во минатото имало значителни и разновидни преселувања на населението. [1]

Миграционите движења биле од пошироки размери, вонбалкански, балкански, но и од локален карактер, односно село - град и обратно. Овие миграциони движења оставиле суштествени траги во бројноста и етничката структура на населението, во урбанистичкиот облик на градот, во топомастиката и ономастиката на скопските маала, улици и лични имиња.

Од вонбалканските земји во Скопје се доселиле османлиските Турци по кои подоцна се доселиле и други несловенски народи - Роми, Черкези,  Татари,  Ерменци и др.

Анализирајќи ги личните имиња и потеклото на старите муслимански фамилии во Скопје во 1931 година, Глиша Елезовиќ констатира дека во тоа време во градот постоеле 25 маала со турско население, како што биле Гази Менташ, Даби Шахин, Ине Бег, Исхакија, Кара Капуџи, Хоџа Верди и други. [2]

Османлиското владеење оставило видни траги во сите сфери на животот  и во изгледот на градот. Според тоа, градот Скопје  попримил многу ориентални карактеристики.

Преселувањата на населението на Балканот во однос на Скопје можат да се поделат на надворешни, од соседните земји и внатрешни, односно преселување на населението во границите на Македонија и доселувања во Скопје. Како конкретен пример од првиот тип на надворешни миграции се доселувањата на население во Македонија  и Скопје од Албанија (Арнаути, Власи и други), од територијата на поранешна Југославија (Срби, Арнаути и други народи), од Бугарија (Бугари и други народи), од Грција (Грци и Македонци).

Како последица на доселувањето на население од етничките предели во Македонија и нивно концентрирање во одредени делови на Скопје, тие делови од градот добиле имиња на местата од каде што се доселиле лицата -  на пример Дебар маало, Карадаг маало и слично.

Ваквото групирање на доселениците во Скопје давало можност тие  да ги сочуваат своите основни етнички белези, како на пример, носијата, народното творештво, дијалектните јазични особености и слично, но и да се прилагодат во новата средина.

Освен надворешните и внатрешните миграции, одредена улога во формирањето на скопските маала, улици и делови на градот, исто така, одиграле локалните преместувања на населението во границите на Скопската Котлина, односно оние миграциони движења од типот село-град и обратно, како и преселувањата во самиот град.

Доселените селани во градот продолжувале да се занимаваат со земјоделството. Така, во Скопје настанало Ново маало или како уште го нарекувале Чивчи  маало (од турскиот збор “чивчија”, т.е. земјоделец).

Внатрешните преселувања на населението во Скопје биле релативно честа појава што несомнено се одразило и на етничката и на урбаната структура на градот.  Причините за ваквите преселувања биле од различен карактер, но најчесто тие биле од стихијна природа, по сопствена иницијатива на одделни семејства или родови. Освен тоа, преселувањата биле поврзани со посебни настани, како на пример, репатријацијата на етничките Турци, депортацијата на Евреите и слично. Друг пример за внатрешни преселувања претставуваат Циганите “барутчии”, кои често го менувале своето место на живеење. [3]

Ваквите и слични преселувања на населението придонесувале за промена и проширување на одделни скопски маала. Така, жителите на Маџир маало се префрлиле на другата страна од железничката пруга долж патот кон Лисиче и Драчево и тој дел се нарекувал Хамдије. [4]

Внатрешните преместувања на скопјани имале и друг карактер. На пример, Дебар маало го населувале жители од стариот дел на градот. Причина за тоа било подмирување на одредени долгови, бидејќи со парите добиени од продадената поскапа куќа во постариот дел на градот, тие можеле да го исплатат долгот, а благодарејќи на пониските цени на земјиштето на периферијата на Скопје,  можеле да купат нов поевтин плац за градење на нова куќа. [5] Сигурно дека ваквите преместувања влијаеле на етничкиот состав  на одделни маала во Скопје.

Голем дел фамилии и родови доселени во Скопје ги сочувале своите изворни презимиња, а некои, пак, во новата средина добиле ново презиме според местото од каде што дошле. Така, на пример, Јован Кратовалиев,  угледен скопски трговец, своето презиме го  добил откако се доселил во Скопје од кратовското село Шлегово. Фамилијата Зеленикови (Зелениковци) своето презиме го добиле по името на селото Зелениково, од каде што се доселиле во Скопје. [6]

Од селото Љубен во Скопје се доселиле фамилиите Божиновци и Љубинци. [7] Во Влае живееле македонските родови Цинцарови (12 куќи) кои своето родовско презиме го добиле по нивниот предок кој потекнувал од Крушево, [8] каде што живееле Власите-Цинцари. Одговор на прашањето како доаѓало до формирање на ваквите презимиња  дава Бранислав Русиќ, кој забележува дека во Македонија постојат неколку видови на презимиња : едни, во зависност од наставките со кои се образуваат со “-овци” и “-ци” (Милановци, Петревци и други), потоа презимиња од лични имиња (Марко-вски-вци), како и друг вид на презимиња изведени од прекари. Како што забележува наведениот автор, староседелците секогаш им давале прекари или презимиња на новодојдените врз основа на називите или  пределите од каде што се доселиле или според имињата на народите или етничките  заедници на кои припаѓале, а некои добивале презимиња врз основа на личните, телесните или психолошките карактеристики (Кривошиовци,Чесновци). Многу презимиња биле добиени според занаетите што ги работеле (Амаловци, Безирџиовци). [9]

Во периодот помеѓу двете светски војни  административната поделба на населението во Скопје на одделни маала на левата и десната страна на реката Вардар била затекната од минатиот век. Така, на левата страна на реката Вардар се наоѓале: Пајко ( Ибни Пајко) маало, Карадаг маало,Чаир маало, Топаана или Топхана, Чивутана или Еврејско маало, како и маалата Хаџи Хајредин, Хаџи Хурем, Мујкудин Челеби, Џедит Иса бег, Тешвекије и Ново христијанско маало. На десната страна биле лоцирани  Гази Менташ маало, Хаџи Салаледин (Алаџа Селаледин) маало, Чивчи маало, Хараџи Селаледин (Ново) маало, Вардар или Мухаџир маало, Хамдије маало. [10] Трагите од минатото на Скопје  се забележливи, така што во поновите планови на градот се спомнуваат старите имиња на маалата, како што Киришана, Барутана, Маџир маало, Стара Бирарија, Тахтаилиџе итн. [11]

За маалата и улиците се употребувале старите имиња, Киришана (Авијатика), Буњаковец, Барутана, Еврејски гробишта, Влашко маало (Чифлик, Нова Банка), Елашица (Дебар маало), Долно Водно (Државна Болница), Железничка колонија (фабрика Треска), Ислаана (Офицерски Дом, Градски Парк), Кисела Вода (Каменолом) итн. [12] Во 1928 година Скопје било поделено на 18 реони и маала. Буњаковец, Тахтаилиџе и Дебар маало биле уредени и новоизградени, благодарејќи на заемите што ги давала Хипотекарна банка за изградба на куќи. [13] Според одлуката на Општинскиот одбор на градот Скопје во 1934 година имало “пошироки и потесни граници на градските реони [14] и план на скопските маала. [15]


 

[ 1 ] .Jovan F.Trifunoski, "O jedinom migracionom procesu u Skopskoj Kotlini", Glasnik Etnografskog muzeja,  SANU, kw.2-3,1953-1954,1.

[ 2 ] .Gli{a Elezoviћ, O imenima i poreklu starih muslimanskih porodica u Skopqu,"Zbornik za etnografiju i folklor Ju`ne Srbije i susednih oblasti", kw.1, Skopqe, 1931, 12.

[ 3 ] .Harlampije Polenakoviћ, Muslimanski Cigani u Skopqu, "Skopski glasnik" br.312,1934, 5.

[ 4 ] .D-r Jovan  Haxi Vasiqeviћ, "Skopqe i wegova okolina", Beograd 1930, 59.

[ 5 ] .Qubica Iliћ, Debar maalo,"Skopski glasnik" br.407,1932,2.

[ 6 ] . Jovan F.Trifunoski,"Pore~ieto na Kadina Reka", Univerzitet-Skopje, Istorisko-filozofski oddel, Posebni izdanija, kn.3,Skopje 1952, 104.

[ 7 ] . D-r Jovan F.Trifunoski, "Skopski Derven", Srpski Etnografski Zbornik, kw. 34, Beograd 1954, 340.

[ 8 ] . D-r Jovan   F. Trifunoski, "Skopsko Poqe", Srpski Etnografski Zbornik, kw. 19, Beograd 1955, 104.

[ 9 ] . Branislav Rusiћ, "Osnovni bele{ki za prezimiwata vo Makedonija", Bilten na Katedrata za ju`noslovenski jazici pri Filozofskiot fakultet na univerzitetot vo Skopje", god.4, Skopje 1953, br.8.

[ 10 ] . D-r Jovan Haxi Vasiqeviћ, "Skopqe i wegova...", Beograd 1930, 59.

[ 11 ] .Vlado Janakovi}, "Prira~nik so plan na ulicite na Skopje", 2 izdanie, Otsek za bezbednost na soobra}ajot, Skopje 1960, 43.

[ 12 ] . Vlado Janakovi}, Prira~nik so plan na ulicite..., 42-43.

[ 13 ] . "Almanah Op{tine grada Skopqa 1918-1928 godine", Skopqe 1928, 7.

[ 14 ] U`i i {iri reoni grada Skopqa, "Skopski Glasnik" br.341, 1934, 5.

[ 15 ] Plan  von Skopqe (Uskub ), 1890.