Маалото
Колонија или Колонијал било едно од старите скопски маала, а било
изградено паралелно со скопската железница. Маалото било составено
од население чии професии биле поврзани со железницата. Меѓу
населението во ова маало живееле железничари, машиновозачи, ложачи
на незаборавните “пампури” итн.
Маалото Колонија уште
го нарекувале “Железничка колонија”.
Македонската железница
во 30-тите години била обновена и реконструирана. Биле изградени
нови водоинсталации со разервоар кој бил сместен високо во
подножјето на Водно со капацитет за снабдување на локомотивите и
потребите на Железничката станица и Ложилницата.
По Првата светска војна
бил изграден првиот станбен објект за железничарите во Скопје. Тоа
било дрвена станбена барака во непосредна близина на “болничката
рампа”, во која имало неколку станови. Станбената барака неколкупати
била реновирана.
Железничката колонија
се наоѓала во југозападниот дел на градот. Биле изградени 30 куќи
со по четири стана. Тие биле со мали простории, а санитарните
објекти биле заеднички и се наоѓале во дворот. Социјалното
осигурување на железничарите било со организирана здравствена служба.
Подоцна, Железницата ја откупила старата санитетска установа
“Санаториум Вардар” и ја претворила во железничка болница. Животот
на децата во ова маало бил поврзан со возовите што минувале покрај
Капиштец.

3.32. Железнничка
колонија, периодот помеѓу двете светски војни, МГС
|