Обележје
на овој скопски реон бил Монополот. Тој бил до старата рампа, на
патот кон Драчево. Монополот бил познат по тутунарите кои со јанџици
на рамо или на коњи и магариња го носеле “жолтото злато”. Кисела
Вода како реон (маало) била позната по добрите мајстори, како Перко
дограмаџија, Цуки тапетарот кој можел партал - мебел да го светне
како нов, гулабарите Живко Шпанец, Љубе - Љуби, Раде Гермиш, познат
како контра играч во фудбалскиот клуб на Чаир и други.
Обележје на Кисела
Вода е дека тоа била голема градина од која градското население на
Скопје секој ден имало свежо овошје и зеленчук во кое било време
на годината.”
|