Муслиманите доселеници
во Македонија биле нарекувани “мухаџири” или “маџири”. Во минатото, првите мухаџири во Скопје биле доселени во Черкеско
маало, Чаир и во Топаана, а пред ослободувањето од Турците, биле
населени на десната страна на реката Вардар, во близина на Влашко и
Ново маало. Во двете новоформирани улици биле изградени идентични
куќи кои добиле име “Бошњачки сокак” или “Бошњачки куќи”.
Според сеќавањата на
старите маџирмаалци Борис Маневски, Михајло Сантевски и други жители
од ова маало, тука биле населени дојденци не само од Босна и
Херцеговина, туку и претставници од други краишта на Македонија.
Десната страна на
Вардар почнала да се населува уште во 1873-74 год. кога била
изградена железничката линија Солун-Митровица.
Освен новоизградените
маала, на оваа страна на градот имало и стари маала каде што живееле
угледни скопски фамилии. Во Маџир маало особено се истакнувале
куќите на Калајџиеви, Димитријевиќ, Галиќ, Бајрам. Често, старите
турски куќи биле купувани од Турците кои се иселувале во Турција.
Освен старите турски куќи, имало и многу нови модерни градби. Овие
куќи имале убаво уредени дворови.
Димитровски, златарски
и часовничарски дуќан
На почетокот на 20 век
во Скопје од Крушево се доселиле Влав Стерјо Бузра Димитровски
заедно со својата сопруга Хераклија Туфа од познато семејство.
Стерјо купил куќа на кејот на реката Вардар, од некој турски бег што
заминал од Скопје. Куќата била многу убава, на кат, со уреден двор
со кроени шимшири обликувани во вид на животни и куполи, со алеи од
крупен песок и разнобојни ружи и други цвеќиња. Во долниот кат на
куќата биле сместени спалните на домаќините, а горе неколку салони
за гостиЕнтериерот на куќата бил многу богат со ѕидови украсени со
венецијански стакла и одвоени со витражи во разновидни бои и мебел
од масивно дрво купен кај Данило Тохољ, со неколку бањи со казани
за греење на вода и поплочени кади и сл. Секој кат имал посебен
санитарен јазол, а катовите имале и посебни влезови.
Во Маџир маало живеело
семејството Калајџиеви.
Калајџиеви куќата во
Маџир маало ја купиле од некој турски бег. Куќата ја реновирал
Жерновски, претприемач од Скопје. Се занимавале со изработка на
алкохолни пијалаци во сопствена пецара.
Куќата имала приземје и
кат со бања и клозет, со водовод и струја, соба за послугата, со
тераси и летна кујна со ладилник.
Мебелот во куќата бил
купен од продавниците на Данило Тохољ, а на подот биле постилани
кадифени-пиротски теписи.
Фамилијата Калајџиеви,
Илија со своите синови Панче и Никола и нивните сопруги Костадинка
и Даница, живееле во Маџир маало, а кога семејството се проширило,
братот Панче си купил куќа на местото на денешната Соборна црква и
се одделил. Животот во семејството се одвивал по одреден распоред.
Мажите секој ден освен во недела оделе на работа и се враќале доцна
навечер. Жените се грижеле за децата и работата околу куќата, за што
им помагале и девојки кои живееле со нив. За храната се грижеле
жените, а ручекот на нивните сопрузи им го носеле во дуќанот.
Материјалната состојба
на семејството овозможувала убав и богат живот. Во одредени денови
со пајтон во куќата биле носени прехранбени производи и тоа за
двете јатрви подеднакво.
Секоја недела жените
оделе во црквата Света Богородица, а неделниот ручекот бил во
одредено време кога се собирало целото семејство, а децата по
ручекот добивале пари за во кино. Неделното попладне се користело
за прошетки покрај Вардар, или во кафеаната Маргер.
Воспитувањето на децата
се темелело на патријархални односи, почитување и помагање на други
луѓе.
3.27. Фамилија
Калајџиеви пред семејната куќа, помеѓу двете светски војни, МГС инв.
бр. 4660
Во ова маало живеел
Михајло Сантевски, во куќа којашто била изградена уште во турско
време.
Тој ја наследил куќата
од татко му, трговец со жито, инаку доселеник од битолското село
Гопеш. Куќата во Скопје ја купил дедо му на Михајло после 1900
година. Во турско време ова куќа била голема и се состоела од три
дела. Во делот што го откупил Сантевски се наоѓал “харемлакот” на
богатиот Турчин, владетел на куќата. Покрај “харемлакот”, имало и
дел за мажи и тоа на кат. Во дворот на машкиот дел се влегувало низ
порта, покрај која од страната на дворот имало чешма од камен. Во
“харемлакот” на кат имало четири одаи, голем чардак и ходник, а
долните простории биле поделени на кујна и амамлак, односно бања.
Амамлакот со казан за топлење вода имал и посебна ниша за миење, а
печката за ложење на огнот била направена така што од едната страна
се ложел огнот, а од другата страна имало место за миење или бањање.
Од другата страна на
амамлакот, со посебен влез, се наоѓала кујна со вградена мусандра за
чување алишта, постелнина и друга текстилна покуќнина. Тука се
наоѓала и трпезаријата, која со една врата била поврзана со помало
одајче за одмор.
Во машката половина на
куќата имало и трет дел во кој, во приземниот дел се чувале коњи,
а на катот сено.
По десетгодишна печалба
Васил Хаџиманов се вратил во Скопје и отворил бакалница, по која бил
познат тој дел од маалото. Негова сопруга била Маре, а ќерките се
викале Веса и Вера. Куќата им била поставена на агол на три улици.
Таа била еднокатна, во приземјето имало кујна и дневна соба, а на
катот една спална. Во ѕидовите биле вградени долапи (мусандри). Во
куќата имало и бања (амамлак) со вградено казанче кое се ложело со
дрва во отвор направен во ѕидот и на тој начин ја грееле водата.
Нашата соговорничка Вера се сеќава на друштвениот живот во маалото,
каде што со своите другарки одела на џафте корзо покрај Вардар пред
Железниот мост. Се собирале на вечеринки по куќи каде што биле
честени со “гриз алва”. На вечеринките слушале музика од грамофон со
инка.
Во маалото имало
неколку јавни чешми, но, речиси во секој двор имало бунар. Од
бунарите водата се извлекувала рачно, а подоцна со помош на пумпи.
Маџир маало е постаро
од Ново маало. На десната страна на реката Вардар некогаш имало
џамија наречена Мухаџир џамија. Според легендата, неа ја подигнале
Турци-бегалци од Ниш.
Маџир маало имало
испресечени куси тесни улици, како во старите градови на Турција. По
таквите улички не можело да се помине со обична кола или кочија со
коњи. Како во секое турско маало, имало доста ќорсокаци. Прави улици
имало во Ново маало и помеѓу Влашко и Маџир маало во христијанскиот
дел на градот.
Во Маџир маало, куќите
како и нивните дворови, биле многу слични.
. Muzejot na
grad Skopje denes poseduva golem broj predmeti od gradskata
poku}nina od po~etokot na minatiot vek od semejstvoto
Santevski i toa : kasela od 1903 godina, tri stolovi, avan od
kamen za tol~ewe kafe, masi~ka, dve fotelji, fotografii i
portreti na ~lenovite na semejstvoto i nivnite rodnini, mal
razboj za pletewe zavesi, drveni natkasni, sve}nik, `enska
~anta, pari~nik od ko`a, ~ukalo od vleznata porta kako i sitni
predmeti od kujna i sli~no. Navedenite predmeti na Muzejot na
grad Skopje mu gi podari M.Santevski, a otkupen e samo {ifowerot
so ogledalo.
|