topimage
HomePage Header Header
Image_t3
Left BG
Divider
Arrow Bullet

Содржина

Divider
Arrow Bullet

Вовед

Divider
Arrow Bullet

Краток историјат на градот Скопје

Divider
Arrow Bullet Население
Divider
Arrow Bullet
Скопски маала
Divider
Arrow Bullet Регулационен план
Divider
Arrow Bullet Улиците во градот
Divider
Arrow Bullet Градежна активност
Divider
Arrow Bullet Водовод
Divider
Arrow Bullet Јавни бањи и амами
Divider
Arrow Bullet Јавна хигиена
Divider
Arrow Bullet Јавна канализација
Divider
Arrow Bullet
Електрификација
Divider
Arrow Bullet Сообраќај
Divider
Arrow Bullet Пошта
Divider
Arrow Bullet

Скопската чаршија и занетчиство

Divider
Arrow Bullet Трговија и трг. врски
Divider
Arrow Bullet Банкарство
Divider
Arrow Bullet Индустрија
Divider
Arrow Bullet Хотелиерство
Divider
Arrow Bullet
Јавна безбедност
Divider
Arrow Bullet Социјални прилики
Divider
Arrow Bullet Здравство и хигиена
Divider
Arrow Bullet Ветеринарна служба
Divider
Arrow Bullet Паркови и зеленила
Divider
Arrow Bullet Театар
Divider
Arrow Bullet Скопски кина
Divider
Arrow Bullet Корзото и прошетки
Divider
Arrow Bullet
Кафеани
Divider
Arrow Bullet Плажи
Divider
Arrow Bullet Излетнички места
Divider
Arrow Bullet Цркви и црк. живот
Divider
Arrow Bullet Градски гробишта
Divider
Arrow Bullet Просветни прилики
Divider
Arrow Bullet Научни друштва
Divider
Arrow Bullet
Музеи
Divider
Arrow Bullet Културно-уметнички живот
Divider
Arrow Bullet Спортски живот
Divider
Arrow Bullet Односи во семејство
Divider
Arrow Bullet Материјална култура
Divider
Arrow Bullet
Духовна култура
Divider
Arrow Bullet Заклучок
Divider
Arrow Bullet Извори
Divider
Arrow Bullet

Подарени етнолошки предмети од старите скопски фамилии за Музеј на град Скопје

Divider
Arrow Bullet
Маала на левата страна од Вардар
Arrow Bullet
Маала на десната страна од Вардар
Пајко (Ибни Пајко) Чаир
Еврејско (Чивутана) Карадаг
Топхана (Тапаана) Крњево
   
   
       
       
           

Ново (Чивчи) маало

 Ново Чивчи маало се простирало од Хаџи Салелединовото маало, долж реката Вардар. Името “Чивчи” маалото го  добило според неговите жители кои претежно се занимавале со земјоделство и градинарство. Тука биле најубавите бавчи во Скопје. Жителите живееле во мали новоизградени куќи, поради што ова маало се нарекувало и Ново маало. Маалото нагло се ширело, пред сé поради многубројните доселеници од селските предели на Скопска Блатија.

За растежот на градот Скопје и за неговата сложена етничка структура, најмногу придонесувале локалните миграциони движења што се одвивале во правец село-град .

Васил К'нчов,  преселувањето на дел од  населението од скопската околина во градот Скопје го објаснува со фактот што “ во спомнатиот период, христијанското население заземало второ место по бројност по Турците, но тоа брзо растело, благодарејќи на високиот наталитет и бројните доселувања на христијаните од Тетовската Каза, каде што тие биле притиснати од соседните Арнаути, како и од лошата економска положба. Новите доселеници од селските предели, главно се населувале во прекувардарскиот дел на градот, каде што за   10-15 години бројот на населението се удвоил. [1]

Во ова маало,  живееле сиромашни, но и богати семејства, а едно од нив е семејството  Икономови, сопственици на ф-ката “Европа”.

Фамилијата Икономови живеела во голема куќа изградена во 1918 год., модерно уредена, со англиски клозети, водовод, струја и сл.

Семејството Икономови во куќата живеело заедно со  децата и кога тие почнале да се делат. Односите во семејството биле патријархални. Таткото, освен обврските во фабриката, ги посетувал и скопските кафеани, а мајката била домаќинка која се грижела за децата. Друштвениот живот бил составен од посети на кафеани, кина, театар, а во летниот период се одело во Врњачка Бања, Маврови Анови, Катлановска Бања. [2]

 

3.26.  Куќата на Икономови, сопственици на ф-ка Европа, изградена во 1918 год., МГС инв. бр 4499

 

Во маалото живеело и семејството Таневи.

Пандора Шетлова  била единственото дете во фамилијата Таневи. Мајката Марија по потекло била од Драчево, а таткото Ангелко од Зелениково. Тие се доселиле во Скопје во далечната 1886 год. Бидејќи Ангелко рано починал,  младата вдовица била приморана сама да се грижи за себе и за својата малечка ќерка. Нејзиниот живот бил многу тежок, работела како аргатка во поле, а имала бавча во”Кисела вода”кај фабриката за сапун “Аеро” (подоцна Цветан Димов).

Пандора си спомнува дека нивната куќа во Ново маало била многу стара и направена од слаб материјал. Од подот до пенџерињата била од камен, а горниот дел од ќерпич. Долу имале визба и една соба, а горе две соби во кои живееле. Куќата била оскудно наместена, на подот имале крпари, имале миндерлак покриен со шифон со чипка, а јаделе на маса со два обични стола. Во дворот имало ар во кој чувале крава и магаре, полски клозет и бунар од кој се снабдувале  со вода и за дома. [3]

Саздови ја претставувале работничката класа во маалото.

Владимир Саздов  заедно со татко му живеел во Ново маало, на ул. “Бис”. Нивната куќа била многу скромна, направена од ќерпич. Таа била скудно наместена. Јаделе на софра од еден каленик со дрвени лажици. Таткото на Владимир бил арабаџија, а работел и на бавча во Бирарија. Средства за живот имале помалку од скромно, па затоа  Владимир посетувал вечерно училиште, по завршувањето на основното. Саздови се претставници на работничката класа, која во Скопје ја имало во голем број. [4]

Жителите на скопското Ново маало не се занимавале само со земјоделство, туку и со занаетчиство, трговија, чиновништво и слично. Тоа претставувало излез од безмерно тешката положба на доселените селани во градот.

Ново маало било нарекувано  и  Влашко маало. Но, не поради Власите, туку поради зборот “Влав” со кој биле нарекувани сите кои се занимавале со стопанство. Меѓутоа, доселувањето на жителите од скопските села не се вршело само во Ново маало туку и во северните реони на градот, поточно во Топаана и Чаир каде што живееле земјоделци и занаетчии доселени од околината на Скопје во почетокот на овој век”. [5]

Меѓу жителите на Ново маало бил и Стефан Петровски, бербер.

Во Ново маало, на улицата “Битолска” се наоѓала неговата куќа. Во неговиот берберски дуќан работел заедно со двата сина Методие и Димче. Се оженил во 1928 година  и продолжил да работи со татко му во берберски салон кој се наоѓал во близина на црквата Света Богородица.

Куќата на Стефан Петровски била на кат. Според сеќавањето на најмалото дете од оваа скопска фамилија,Олга [6] , во приземниот дел на куќата имало кујна и визбени простории. Во визбата се чувале дрва за огрев, ќумур, алати и зимница во ќупови, стомни, бочви и  тегли.

Во кујната на Петровски имало полици, маса, столови  и кревет за спиење. На катот имало четири простории, една била наменета за пречекување на гостите, спална за родителите, спална за децата и една заедничка просторија. Во спалната на родителите имало кревети со месингани делови од страните кои  требало да се чистат со посебно средство, “сидол”, за да добијат сјај, тркалезно масиче со плетени столови и големо огледало. Креветите се покривале со покривка, со две перници со украсни навлаки.

Во куќата на берберот имало убави покуќнински предмети, на пример, килими кои Стефан за своето семејство ги набавил од Солун. Во детската спална секое дете имало посебен кревет. Заедничката  просторија била опремена со миндери поставени долж ѕидовите, ќумбе и мангал за затоплување, а по ѕидовите имало врамени  фотографии и слики.

Во Ново маало живеел и трговецот Прокопиев.

Манасие Прокопиев бил угледен трговец и учен човек кој завршил Виша трговска школа во Софија. Во 1915 година тој со својата сопруга Софија се преселил од Куманово во Скопје. Манас или Манасие бил син на Манакие Прокопиев. Тој, како и  татко му Манакие, се грижел за образованието на своите деца. Така, Илија студирал во Виена и бил берзански посредник, но подоцна работел како трговец. Освен што ја водел “магазата” на татко му во Сули Ан, тој бил основач на фабриката”Југ” (подоцна”Раде Кончар”) и на Технички магацин. Неговиот постар син студирал фармација во Загреб, а по неговото враќање во Скопје, ја отворил аптеката “Спасител”, каде што му помагала неговата сестра Десанка, исто така,  фармацевт. Трајко Прокопиев завршил Музичка академија во Белград, а Музички конзерваториум во Прага кај прочуениот професор Дедечак.

Подоцна од Куманово во Скопје се доселува најмалиот син на Прокопие, Александар кој се вработил како директор во претставништвото на познатата француска фирма “Ла насионал” за Јужна Србија, Косово и Метохија.

Прокопиеви, всушност, имале една заедничка црта, а тоа била љубовта кон уметноста. Тие биле секогаш заинтересирани за новите изуми,  па, така, Александар во Скопје донел телефон и грамофон со рачка, а неговиот пајтон бил меѓу најубавите во градот. Прокопиеви многу често ги посетувале градовите на Средна Европа. [7]

Со доселувањето во Ново маало, населението сî повеќе ги прифаќало градските навики и градскиот начин на живот.


 

[1] . Vasil K'n~ov,"Izbrannìe proizvedeniÔ",t.2, Grad Skopie, SofiÔ 1970, 30.

[2] .Ubavka  i Bane Anxeli}, se}avawa, terenski istra`uvawa vo 1996 god.

[3] .Pandora [etlovska, terenski istra`uvawa vo 1995 god.

[4] .Vladimir Sazdov, se}avawa, terenski istra`uvawa vo 1995 god.

[5] . Vasil Kn~ov,"Izbrannìe proizvedeniÔ",t.2, Grad Skopie, SofiÔ 1970, 33.

[6] Se}avawa na Olga Petrovska (Cvetanovska), edna od sopstvenicite na kafeanata "Idadija".

[7] .Marina Apostolovska, Stari semejstva..., 151-154.