Помеѓу
двете светски војни Скопје бил град со источна и нова европска
архитектура. Тоа бил град на европски и воневропски конзули, град со
напредна трговија и навлезена европска мода во начинот на живеење
како и зачувани традиционални навики на живот. Скопје во тоа време
го нарекувале “Мал центар на културата”.
Скопје бил убав град, а
животот во него бил пријатен. На една страна на градот центар била
старата Скопска чаршија, зад неа таинствени маала, насекаде
подвоени по вера, со приземни и двокатни куќи изградени од слаб
материјал, односно од плитар и чатма. Големите дворови биле оградени
со високи ѕидови или тараби, полни со дрвја и ладовина, цвеќиња,
чешми, јазови или бунари.
Десната страна на
реката Вардар која брзо напредувала во периодот помеѓу двете светски
војни, наликувала на тогашните модерни градови. Куќите биле градени
по типот на европските градби, каде навлегувале сите новини во
начинот на живот. Секоја нова куќа имала санитарни чворови,
пространи светли салони, високи тавани, модерен мебел со целиот
луксуз како во европските куќи.
|