Освен
изградбата на приватни куќи за живеење, граѓаните на Скопје почнале
да градат и викенд-куќи , најмногу на Водно, во Козле и др. Освен
повремените жители на Водно, имало и луѓе кои постојано живееле таму.
Со изградбата на хидроцентралата на Матка и со отварањето на патот,
многу скопски семејства освен на излет, почнале да градат и
викенд-куќи. Иако во мал обем, сепак на Матка почнала да се гради
викенд-населба.

3.33. Викенд-куќа на
Чохаџиќ кај црквата “Св. Петка” во Бирарија, период помеѓу двете
светски војни, МГС инв. бр. 4471
|