Овој дел од градот бил познат по неплодните ниви и бавчи. Еден многу богат
турски ага бил сопственик на пространа ливада на овој простор. Тој
ливадата ја оставал “за севат на својата душа, да се шета по неа и
турско и каурско”. На оваа ливада луѓето се собирале заради чистиот
воздух и убавата природа. Не случајно постарите скопјани ова место
го нарекувале “шумска воздушна бања”. Се велело: “ваму доаѓале
верници и еретици, освестени и заскитани, стари и млади, ученици,
студенти. Тука за секого имало место и под сонце и во дебела сенка.
Тука се свирело на кларинет, зурла, се удирало во дајре, тапани и
слично, тука се играло и се пеело.
[1]
Во Тафталиџе имало само по некоја куќа.
|