Крњево маало било
познато по старата воена болница “Полумесечина”. На крајот од
Болницата се наоѓала Кумановската трошарина каде што била и Стара
нова бања. Во Стара нова бања се бањале девојките и момчињата пред
армасување. Таа била маалска бања, каде што мажите се бањале во
вторник, а жените во сабота. Во останатите денови од неделата,
жителите на ова маало се бањале дома во корито.
Друго обележје на ова
маало била познатата Саат кула.
Маалото Крњево е
познато и по многумина занаетчии родени во ова маало: Борислав
Стоилковски- Раштавец, автолимар, Киро Стојановски, брат на
народниот херој Коце Стојановски-Металец и Славе Атанасовски,
работник и др.
Во маалото имало бавчи
за тутун, афион, арпаџик, житарици, најубави овошки, градини за ран
зеленчук, леи под стакло од каде што се снабдувале скопските пазари.
Во маалото Крњево имало
најмногу кафеани, како “Врњци”, “Жарла”, “Гавро”, “Алки”, “Светозар”
(бордел со кукли - лесни жени) каде што се организирале игранки за
млади луѓе. Тука свирел Александар Сариевски, “Саријата”, прочуен
пејач на македонски народни песни. На двата брега на р. Вардар се
наоѓале плажи, кои крњевчани ги делеле со маџирмаалците. Не помалку
е интересна и подолу наведената карактеристика и за маалото Крњево
и за р. Вардар:”... во нескротливиот и чист како солза Вардар, од
чии води Севдо - Страхил, последниот член на злогласните предвоени
“Црни браќа”, ги вадел најголемите бојници, кленови, мрени... па и
по некој заскитан сом. “
Во 1921 год. Панко
Димитров, во скопското маало Крњево изградил семејна куќа. Жената на
Панко, Петкана била родум од село Кожле-Велешко и потекнувала од
учено семејство ( нејзините двајца браќа биле попски послужители).
Куќата била гордост на
маалото, имала два ката, а на покривот стоеле две ангелчиња и ловец
со елен, изработени од мермер, каде што била втисната годината на
изградба на куќата.
Кога биле поставени
темелите на куќата, Панко во визбата поставил огромно буре за вино,
кое собирало 2000 литри. Мебелот во куќата бил дрвен со богата резба,
имало клавир со два свеќници, масичка со мермерни плочи и огледало
над неа, канабе со фотелји и трпезариска маса.
Во куќата немало кујна
и бања, тие биле во дворот, во кујната имало шпорет на дрва, а до
кујната била и сушалната за алишта.
Кога децата се омажиле,
во дворот на куќата била изградена уште една куќа наменета за двата
сина.
Другите двајца браќа
изградиле куќа на главната улица (Краљ Петар) до хотелот “Москва”
што подоцна бил урнат. Куќата била на два ката, по еден за двајцата
браќа, а во приземјето имало дуќани за железарии, шипки, цевки и се
што е потребно за градење. Куќите кои ги изградиле биле убави, со убав мебел, а тие имале
доволно материјални средства за лагоден живот. Посебно убава била
трпезаријата на братот Ѓорѓи, на чија комода во длабока резба бил
изрезбан ликот на Свети Ѓорѓија како ја убива ламјата.
Taa se izdigala severno od Muratovata xamija, vo najziniot dvor.
Vo eden pi{an dokument - povelba na kralot Milutin stoi deka vo
Dolniot grad se barala lokacija za crkvata Sv. \or|i Gorgos -
Skoroposti`ni, koja vo minatoto (11 vek) dominirla vo ovoj del
od toga{noto predgradie. Sega{nata gradba verojatno e na
temelite od nekoja srednovekovna odbranbena kula. Vo 1904
godina drvenata konstrukcija na Saat kulata bila zameneta so
tuli. Dene{nata forma ja dobila kon krajot na 19 vek.
Zemjotresot vo 1963 godina dosta go o{tetil ovoj objekt, no so
rekonstrukcija i konzervacija mu e vraten nekoga{niot izgled.
|