Карадаг
маало било расположено помеѓу маалата Гази баба,
Крњево и брегот на Вардар. Своето име маалото го добило поради
големиот број доселеници од Скопска Црна Гора (Кара Даг).
Најкарактеристично за
Карадаг маало било големиот број на ќорсокаци - слепи улици без
излез. Во Карадаг маало била лоцирана и Албанската учителска школа
со оградено дворно место. Во близината на Карадаг маало била и
Воената болница.
Скопјанецот Боце
Петковски бил по потекло од скопското село Говрлево. Сопругата на
Боце, Анисија, потекнувала од село Рудник зад Катлановска Бања.
Нејзините родители се доселиле во Скопје уште на крајот на 19 век.
Куќата во Карадаг маало се состоела од кат и приземје. На катот се
наоѓале просториите за живеење, а во приземјето дуќанот и крчмата.
Во рамките на гостинската одаја имало и кујна, а втората по големина
просторија во куќата се користела како спална.
Во фамилијата на Боце
Петковски имало четири машки деца кои спиеле во една соба, каде се
ложел оган. Гостинската одаја се затоплувала со печка “Краљица пећи”.
Од внатрешната страна таа била обложена со тули, а од надворешната
со ламарина. Капакот на овој тип печки бил од дебел туч или гус.
Оваа гостинска одаја се затоплувала само кога имало гости.
Децата спиеле на двоен
железен кревет со душек, а се покривале со јорган “памуклија” или
јамболии, а лете со полесни покривки, исткаени на хоризонтален
разбој во домашни услови, од коноп или памук, а понекогаш се
додавала и волна. Во
дворот на Боце Петковски се наоѓала лозница на скеле, кајсии, дуња,
бунар со пумпа и камено корито. Во каменото корито се перело.
Крупните текстилни предмети од домаќинството се переле во реката.

3.16. Панорамски изглед
на Карадаг маало, во преден план е куќата на семејството Петковски,
помеѓу двете светски војни, МГС инв. бр. 4261

3.17. Куќата на
скопскиот бакал Боце Петковски, помеѓу двете светски војни, МГС инв.
бр. 4258
Tkaeweto na razboj bilo prisutno vo ku}ata na Petkovski sé do
zemjoresot vo 1963 godina, a vo kolekcijata na tekstilni
proizvodi od tradicionalnata tkaja~ka ve{tina, vo Muzejot na
grad Skopje se nao|aat ~ergi, pokrivki, ~ar{afi, istkaeni od
soprugata na Boce, Anisija.
|