Ова
маало се простирало од Пајко и Карадаг маало по р. Серава сé до
периферијата на градот, со центар кај “турбето”. Населението во
Чаир било мешано, и муслимани и православни. Затоа, во маалото
преовладувале два типа на куќи: македонски и турски.
Во ова маало постојат
остатоци од турски згради. Тука се наоѓа и Јаја Пашината џамија,
веројатно изградена на местото на старата православна црква Св.
Богородица. На самиот крај од Чаир уште од дамнешни времиња се
наоѓале христијански гробишта, во кои погребувањето на
христијанските жители било забрането од турските власти уште во 1888
година .

3.14. Панорамски изглед
на Чаир маало, Скопје, помеѓу двете светски војни, МГС инв. бр. 1819

3.15. Дел од Чаир во
близина на Иса Беговата џамија, помеѓу двете светски војни, МГС инв.
бр. 194
Периферијата од овој
дел на градот, под маалото Гази Баба, била изградена слично на онаа
во Карадаг маало. Можеле да се сретнат изолирани одделни куќи со
дворови кои ја криеле интимната домашна атмосфера, карактеристична
за муслиманскиот начин на живеење.
Сепак, главното
обележје на Чаир маалото била р. Серава, јазот што се наоѓал на
главната улица и Сточниот пазар со трошарината.
|