Еврејско маало (Чивутана) |
Еврејското Чивутско (Чивутана)
маало се наоѓало во продолжение на Пајко маало и се сметало за
постара етничка колонија од дојденците во овие предели. Европските
патеписци, Евреите ги спомнуваат уште во средниот век и ги сметаат
за најстари жители на Скопје од вонбалканските доселеници. Тие,
главно”компактно живееле во Еврејското маало”, но ги имало и во
другите маала. Еврејското маало постепено го менувало својот изглед.
Биле изградени неколку кафеани со бавчи, голем број приватни куќи, а
било изградено и училиште.

3.9. Панорама на Скопје,
Еврејско маало, помеѓу двете светски војни, МГС вл. бр. 2941

3.10. Еврејско маало,
куќи од Камениот мост до Дрвеното еврејско мовче, помеѓу двете
светски војни, МГС инв. бр. 1442

3.11. Дрвениот мост,
помеѓу двете светски војни, МГС вл. бр. 6047
Народниот театар бил
изграден во ова маало. Постои изрека според која”... Евреите наоѓаат
корист таму каде што христијанските трговци не ни помислуваат да
се ангажираат”.
Овие зборови напишани
за Евреите уште во 18 век се однесувале и на скопските Евреи кои
помеѓу двете светски војни биле едни од главните трговци во градот.
За тоа сведочат архивските документи во кои се среќаваат Евреи
трговци.
Евреите биле вклучени
во сите дејности од тогашниот живот во градот - трговци, занаетчии,
интелектуалци.
Материјалната култура
на Евреите, особено облеката, се менувала според различни влијанија,
додека некои религиозни предмети биле задржани.
Во Еврејското маало се
граделе многу убави куќи.
Фамилијата Велкови води
потекло од селото Градовци, кое се наоѓа во близината на селото
Зелениково. Велко Тошев во средината на 19 век се преселил во
Орешани каде што работел како наполичар на чифликот на некој
турски бег. Во 1860 год. Велко Тошев дошол во Скопје и работел на
изградбата на пругата Скопје-Солун во 1873 год. Работел во каменолом
каде што со воловска кола пренесувал камен. Кога собрал доволно пари,
тој купил плац на десната страна на реката Вардар, на местото каде
што денес се наоѓа продавницата Борово. Изградил три куќи кои биле
познати по својата убавина во градот, а многу видни гости кои
доаѓале во градот отседнувале во овие куќи.
Велко Тошев имал 10
деца од кои останало само десеттото дете. Синот Панче Велков, по
завршувањето на основното училиште, завршил занает - саатчија и имал
дуќан уште за време на османлиското владеење.
Во 1919 год. Велков се
оженил со девојка од многу богата фамилија, доселена од Тетово.
Панче Велков постепено
почнал да ја проширува својата работа. Во 1920 год. го купил хотелот
“Палас”, го урнал, го направил кејот, го парцелизирал плацот и
направил куќа покрај Вардар која подоцна ја продал. Првиот
саатчиски дуќан се наоѓал кај Железничката станица, а по Првата
светска војна го преселил кај Народната банка, каде што дуќанот се
запалил и повторно го префрлил на местото спроти театарот, кај
дрвеното мовче. Артистите од театарот живееле во трите куќи на
Велкови покрај Вардар. Семејството Велкови преставувало богато и
угледно семејство со карактеристики на градски начин на живот.
Познатиот скопски
производител и трговец со бои и лакови, Божиновски исто така живеел
во ова маало.
Семејството Божиновски
живеело во Еврејското маало, во пространа куќа со голем салон, соба
за послуга и бања. Салонот бил со стилски мебел и многу слики, меѓу
кои и од Цицо Поповиќ, подарок на Лела Божиновска за нејзиниот прв
роденден. Куќата била изградена во 1938 год.
|