topimage
HomePage Header Header
Image_t3
Left BG
Divider
Arrow Bullet

Почеток

Divider
Arrow Bullet

Содржина

Divider
Arrow Bullet

Вовед

Divider
Arrow Bullet

Краток историјат на градот Скопје

Divider
Arrow Bullet Население
Divider
Arrow Bullet
Скопски маала
Divider
Arrow Bullet Регулационен план
Divider
Arrow Bullet Улиците во градот
Divider
Arrow Bullet Градежна активност
Divider
Arrow Bullet Водовод
Divider
Arrow Bullet Јавни бањи и амами
Divider
Arrow Bullet Јавна хигиена
Divider
Arrow Bullet Јавна канализација
Divider
Arrow Bullet
Електрификација
Divider
Arrow Bullet Сообраќај
Divider
Arrow Bullet Пошта
Divider
Arrow Bullet

Скопската чаршија и занетчиство

Divider
Arrow Bullet Трговија и трг. врски
Divider
Arrow Bullet Банкарство
Divider
Arrow Bullet Индустрија
Divider
Arrow Bullet Хотелиерство
Divider
Arrow Bullet
Јавна безбедност
Divider
Arrow Bullet Социјални прилики
Divider
Arrow Bullet Здравство и хигиена
Divider
Arrow Bullet Ветеринарна служба
Divider
Arrow Bullet Паркови и зеленила
Divider
Arrow Bullet Театар
Divider
Arrow Bullet Скопски кина
Divider
Arrow Bullet Корзото и прошетки
Divider
Arrow Bullet
Кафеани
Divider
Arrow Bullet Плажи
Divider
Arrow Bullet Излетнички места
Divider
Arrow Bullet Цркви и црк. живот
Divider
Arrow Bullet Градски гробишта
Divider
Arrow Bullet Просветни прилики
Divider
Arrow Bullet Научни друштва
Divider
Arrow Bullet
Музеи
Divider
Arrow Bullet Културно-уметнички живот
Divider
Arrow Bullet Спортски живот
Divider
Arrow Bullet Односи во семејство
Divider
Arrow Bullet Материјална култура
Divider
Arrow Bullet
Духовна култура
Divider
Arrow Bullet Заклучок
Divider
Arrow Bullet Извори
Divider
Arrow Bullet

Подарени етнолошки предмети од старите скопски фамилии за Музеј на град Скопје

Divider

ВОВЕД 

Научниот проект “ Градот Скопје и формирањето  граѓанска класа помеѓу двете светски војни (1918-1941) - од етнолошки аспект” произлезе од потребата да се осветли еден многу значен период на градот Скопје, како административен и политички центар во тогашното Кралство Југославија, односно Вардарска Бановина. Во овој период почнуваат да се создаваат перспективи за развој на граѓанската класа и пропаѓање на семејствата кои оставиле траги во животот на градот Скопје.

Причината заради која отпочна проучувањето на овој период  беше едноставна - во Скопје и денес има живи потомци на истакнати стари скопски фамилии од наведениот период.

Работата на проектот “Градот Скопје и формирањето  граѓанска класа во периодот  помеѓу двете светски војни (1918-1941) - од етнолошки аспект” започна во 1993 година.

Од разни причини, објективни и субјективни, просторни и кадровски, па и финансиски, многу проблеми од областа на етнологијата немаат ист или приближен третман со останатите општествени науки, така што многу основни и битни теми од материјалната, духовната и општествената култура на градот Скопје и неговите жители не се обработени. Преку добро поставената цел, задача и содржина на овој проект, а со сериозна и одговорна работа, се овозможи да се истражи, проучи, спаси и сочува од натамошно пропаѓање сето она што останало во сеќавањата на граѓаните на Скопје. Со други зборови, се изврши теренско истражување за добивање на лични, библиографски податоци кои потоа се обработуваа кабинетски-компаративно.

Во периодот  1993-2001 год. на проектот се работеше во следниве фази:

-Истражување на литература во библиотеките: Народна и универзитетска библиотека, библиотеката при МАНУ, библиотеката при Природно-математичкиот факултет, библиотеката на Институтот за фолклор “Марко Цепенков”, библиотеката на Институтот за национална историја, библиотеката на Институтот за македонски јазик, библиотеката на Музејот на град Скопје, при што е собрана и обработена завидна бројка на библиографски единици поврзани со градот Скопје и животот во него во наведениот период, при што е формирана библиотечна картотека. Не помалку важна и одговорна цел и задача на овој научен проект беше максимално да се соберат и проучат   сите досега печатени трудови од поранешните пред се, странски автори кои имале за цел градот Скопје да го претстават во поинаква светлина, често невистинита и со друга конотација;

-Истражување на фондови (лични, фамилијарни, дел од нив необјавени) во Архивот на град Скопје, Архивот на Македонија и Архивот на МАНУ, од каде што се фотографирани и фотокопирани одредени документи и други материјали неопходни за расветлување и дооформување на одредени теми на проектот. Во Архивот на град Скопје беше обработен и дел од архивската граѓа на Градското поглаварство од периодот помеѓу двете светски војни, од каде што беа црпени потребните информации;

-Теренски истражувања со кои беа опфатени повеќе видни градски фамилии со што се овозможи создавање аудиотека, фототека и документарен материјал, како и збирка на етнолошки предмети на фамилиите од овој период.  Секако дека уште многу вакви фамилии не се опфатени во проектот, што не значи дека тие не се битни и не оставиле траги во животот на градот Скопје. Се внимаваше да се опфатат фамилии од различна национална припадност , како и од различна професионална определба, т.е со различно занимање. Предметите, документите, семејните фотографии кои беа прибрани, се евидентирани и документирани и се чуваат во Музејот на град Скопје за презентирање на пошироката културна јавност преку изложби и публикации.  

Истражени се следните скопски фамилии: Поповиќ, Икономови, Шкаперда, Божиновски, Калајџиеви, Димитриевиќ, Рубен, Чохаџиќ, Бајрам, Стојановиќ, Жунгулови, Велкови, Димишкови, Стојанови-Чакрови, Димитрови, Рибареви, Кранго, Цветанови, Попанкови, Градишки, Србиновски, Марцикиќ, Гашеви, Таневи, Јаневи, Саздови,  Ставриќ, Кратовалиеви, Стојковиќ, Анастасови Чучукпетрови, Станковски, Хаџи Ристиќ, Петровски, Сеќавања на Тихомир Цветковиќ, Петрови-Калчовци, Шекеринови. Освен испитаните фамилии користени се и податоци од други извори за фамилиите Сидовци, Огњановци, Бојаџиеви, Прокопиеви, Ставридис, Каламарис, Настеви, Кусабула, Тодорови, Јаневи, Вичентијевиќ, Перчинкови, Караџа, Шкодриану, Папатеодоси, Јанчулови, Жерновски, Никодиновиќ, Личеновски, Пупкови, Богојевиќ, Боцеви, Поповиќ, Хаџи Томови, Здравеви, Ничота, Радулови и др.

Со кабинетско-компаративно проучување се изработени повеќе потпроекти сé со цел да се расветли еден многу значен период во Скопје, кога, како административен и политички центар биле создадени перспективи за развој на граѓанската класа. Изработени се следните тематски подрачја: население во градот, скопски маала, улици на градот, градежна активност, водовод, електрификација, сообраќај, занаети, трговија, развој на банкарството, индустрија, јавна безбедност, социјална политика, хигиена и здравство, паркови и зеленила, излетнички места, плажи, скопска јурија, детски игри, театар, кина, кафеани, цркви и градски гробишта, просветни прилики, научни друштва, музеи, уметнички живот, музички живот, радио, како и материјалната култура на населението преку куќата, покуќнината, храната и облеката. Во одредени сегменти е опфатена и духовната култура, најмногу преку прославувањето на верските празници. Сите податоци, директни сведочења и пишани податоци од литературата се систематски и научно обработени, поткрепени со оригинални документи и фотографии кои директно го отсликуваат овој период. Со ова е постигната очекуваната цел, односно од аспект на етнолошки проучувања е расветлен  еден подолг временски период кој досега не бил цел на научни истражувања.